“...И како што честопати нагласувам: не заборавајте ги луѓето што страдаат. Некако можеме да помогнеме – дали ќе подружиме некого, дали со збор, дали ќе му помогнеме повеќе од тоа, секако ќе има начини. Бог не бара од нас нешто што ние не сме способни, односно не можеме да го направиме, очекува тоа што можеме. Така што, не ги заборавајте оние што страдаат.
Кога ќе застанете на молитва, помолете се најпрво за мене, па за непријателите наши, па за оние што страдаат итн. Ние сме го добиле тоа што требало, сме застанале на молитва, сме ја вклучиле примарната функција на умот и веќе сме во заедница со Бог; и нема што да бараме понатаму. Он знае што нам ни е потребно во овој живот. И не занимавајте се со небитностите од овој свет, поарно молете се Бог да направи да биде сѐ за спасение на сите. И така цел свет се занимава со небитности, остана уште и ние, христијаните, да се занимаваме со истото. И по што ќе сме поразлични? Внимавајте што мислите, што зборувате − поарно е да се молите. Господ да ве благослови сите!“
Митрополит Струмички Наум
Избор од ФБ профил на: