логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 806507433

Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас (Јаков 4:8)

Бог почнува да дејствува во моментот во кој човекот ќе рече: “Сакам да се доближам до Бога!” Тогаш Бог веднаш му ја покажува Својата татковска љубов. Отците ни велат дека дури и намерата што ја имаме и мислиме дека е наша – како што велиме: Предај си ја волјата на Бога! – дури и фактот дека сакаме, имаме желба – и тоа наше сакање, пак е од Бога. На крајот од краиштата, се’ е од Бога. Што останува за нас? Нашето расположение да се доближиме до Него. Многупати луѓето доаѓаат на исповед и велат:

– Се давам во моите страсти, толку сум заробен од нив, што не можам да се ослободам, не гледам излез, не гледам светлина. Чувствувам постојано страдање, страстите постојано ме пленуваат, ме посрамуваат, ме повредуваат.                             

Така е. Таква е реалноста. Страстите воопшто не го оставаат човека да дигне глава и тој ја оплакува својата состојба. На таквиот човек му велиш:

– Види, сакаш ли да се спасиш?

– Да! Сакам!

– Од моментот во којшто сакаш, престани да се плашиш! Бог ќе најде начин да те спаси.

Во Патерикот се вели: Дај ја на Бога својата намера и ќе стекнеш сила! – дај му ја на Бога својата намера, волја, расположение и Бог ќе ти даде сила да го извршиш тоа дело. Ние не го знаме начинот на спасението. Благиот Бог ќе ни го покаже, ако Му го дадеме, така да се каже, правото да се замеша во нашиот живот, ако Му дадеме можност и слобода да се замеша во нашиот живот. Ако навистина го сакаме своето спасение, тогаш Бог ќе најде начин да не’ спаси. Невозможно е Тој да рече:

– Знаеш, направив се’, но за жал, болниот ќе умре, невозможно е да оживее!

Лекарот може да падне во безизлез, но за Бога не постојат безизлези, ниту невозможни нешта. Бог не прави грешки. Зошто тоа го велам? За да нагласам дека сме поканети во царството Божјо. Бог не’ повикува блиску до Него и дури само тоа наше расположение – да видиме, да чуеме нешто за Бога, – е значајно. Следствено, за да не’ покани Бог, значи дека некаде сме го отвориле своето срце за Него. Бог немаше да се доближи до нас, ако не бевме за спасение, ако го бевме осуетиле Божјиот план за нашето спасение. Сакам да кажам дека Бог не не’ оштетува. Ако имаме право на просветление од Бога, т.е. поради нашата намера, волја или што и да е, Бог ќе ни го даде она што ни припаѓа.

Бог нема да не’ лиши од она што имаме потреба, ако вистински го бараме. Тоа се случува кога ќе се доближиме кон Бога. Всушност, кога човек ќе се сврти кон Бога, тоа значи дека пред тоа Бог се свртел кон него, зашто, како ќе се свртиме кон Бога, ако Тој не не’ просветли? Како можеме да Го побараме Бога, ако Бог претходно не го побуди нашето срце да Го бараме? Како што едно дете, кое го држиме за рацете и тоа ги пишува буквите или прави големи чекори или ако скокнало од една нога, мисли дека тоа самото го сторило, додека всушност мајка му или татко му го држат, така и Бог постапува со нас. Ако родителите на детето не го држат, тоа немаше да може да направи ништо. Така е и со нас. Ние мислиме дека ние сакаме и Го бараме Бога, но всушност, зад нашето дејствие стои Самиот Бог. Ние едноставно ја имаме намерата, расположението да Го чуеме Бога. Само тоа можеме (да го направиме), останатото се случува заедно со Бога, во соработка со Бога.

Некаде во Писмото Бог му вели на човекот: Уште пред да Ме повикаш, Јас ќе бидам таму, т.е. уште пред да ја отвориш својата уста за да Го повикаш Бога, Тој ќе биде присутен. Уште додека зборуваш, Јас ќе ти одговорам дека сум тука – за да го видиме директното присуство на Бога при секоја наша молитва, при секое призивање на Бога. Се разбира, неуспехот не може да се припише на Бога, туку на човекот. Ние сме одговорни за својот неуспех, Бог никогаш не е одговорен за него, зашто кога Бог ги врши Своите дела, во нив нема недостаток. Ти велиш, на пример:

– Знаеш, Бог ми даде нешто, но да ми беше дал малку повеќе, ако имаше малку повеќе, малку посовршено, мислам дека ќе беше подобро!

Не е така. Делата на Бога се совршени и немаат недостатоци, како што имаат нашите дела, оние што ги правиш, она што го можеш, а велиш:

– Добро стана, по човечки, но да беше малку подобро!

Не чини така. Сите Божји дела се совршени. На нас останува да се потрудиме со тој дар, со тоа присуство на Бога во нашиот живот и да продолжиме, секој еден подвизувајќи се таму кадешто се наоѓа, на свој начин, со своите околности, секогаш барајќи ја врската со Бога, која природно ќе дојде кога човек ќе ја научи големата тајна да Го привлекува Бога кон себеси; или поточно и подобро сам да отиде кај Бога. Природно тајната не е друга, освен онаа за којашто зборува во евангелскиот текст: во своите срца да го стекнеме наравот на митарот, таа скрб, за која се зборува тука подолу.

Очистете ги рацете, грешници, исправете ги срцата, малодушни (Јаков 4:8)

Се разбира, се немаат во предвид нашите раце; за што се тие виновни, бедните? Рацете се членови на нашето тело, делата инаку се виновни. За што е виновна раката, ако краде, ако удира – тоа е дело на човечкиот ум, на расположението. Раката не оди сама да украде или да го удри другиот човек. Апостолот вели да ги очистиме нашиот живот и дела. Не знам дали се сеќавате на една пиеса од Шекспир, која ја читав кога бев мал, мислам дека е ‘Макбет’, каде една царица изврши убиство и после тоа, бедната, стануваше секоја ноќ, одеше и постојано ги миеше рацете, велејќи: “Сеуште не се чисти, сеуште не се чисти!” Со други зборови, таа беше како месечар. Тоа ми остави силен впечаток и таа сцена се запечати во мојот ум. Жената извршила убиство, но бедната, имала потреба да си ја очисти душата, макар и на таков начин, т.е. така ја изразувала својата душевна потреба да си ја очисти совеста од тежината на гревот.

Често велиме дека рацете ни се нечисти. Кој има чисти раце? Кој е чист од скверноста? Никој. Како си ги очистуваме своите раце? Со добри дела, со противотровот на гревот. Но, не е доволно да имаш само чисти раце. Во Патерикот се зборува за еден човек, којшто бил добар, имал чисти раце, никому не наштетил, никогаш не крадел, никого не удрил, не чинел лоши дела. Кога умрел, тој бил одлачен од Бога и, да го кажеме со едноставни зборови, бил осуден во адот. Тој прашал:

– Но, Боже мој, зошто? Рацете ми се чисти, ништо не сум направил!

Бог му одговорил:

– Навистина, рацете ти се чисти. Ништо не си направил. Твоите раце се чисти, но се празни.

Не е доволно само да се чисти; празни се, ништо немаат. Како човек навистина ги очистува своите дела? Преку противотровот. Многу луѓе велат:

– Не! Јас сум добар, никого не задирам, никому не пречам…

Навистина е така, но тие немаат добри дела, немаме добри дела, немаме нешто што сме го направиле со труд  за својата душа, а не по лесниот начин. Не од трошките што паѓаат од нашата трпеза. Ако има сиромашни, коишто ги јадат нашите трошки, тоа не е милостиња, туку треба труд – твојата жртва да го запечатува доброто дело, тоа има вредност пред Бога. Да се лишам од нешто, да се победам себеси, да излезам од себеси, да направам нешто, лишувајќи се себеси од нешто, тоа има вистинска вредност, тоа не’ очистува од гревовите. Затоа многу отци на Црквта во врска со нас, коишто сме во светот, го нагласувале не постот, молитвата, аскезата и другите нешта, кои се истакнуваат во аскетските текстови, дури и во самото Евангелие. Гледате дека на Судот Господ не ги прашува луѓето дали постеле, дали се молеле, дали оделе на бденија, на беседи, дали читале книги или не. Тој не прашува ништо такво. Што прашува?

Сиромав бев и Ми помогнавте. Туѓинец бев и Ме прибравте. Гол бев и Ме облековте. Гладен бев и Ми дадовте да јадам. Во затвор бев и Ме посетивте. Болен бев и се погриживте за Мене.

Со други зборови, Божјиот суд е суд на љубовта. Љубовта не е ништо апстрактно и неопределено. Ние сме во светот и сигурно во пракса ги немаме силите – како да го кажам? Возможности? Згодни прилики? Време? – да правиме аскетски подвизи и дела, какви што чинеле светителите, какви што монасите навистина имаат можност да вршат итн. Ние секој ден сме во светот. Како може да се доближиме кон Бога? Преку љубовта. Тоа е аскезата за нас – делата на љубовта, добрите дела, себенадминувањето, победувањето на нашето себељубие, на нашата себичност. Љубовта треба да се истакнува во нашето поведение и во сите наши дела, кои природно човек не може лесно да ги направи. Отците оттдавале големо значење на тие дела. Следствено, за човек да го очисти срцето, рацете, т.е. делата, е прашање на спротивна борба. Со други зборови, да вршиш спротивни дела на оние коишто те измачуваат, на гревовите и страстите, кога преку милостињата, преку добрите дела ја привлекуваш Божјата благодат во својата душа.

Во Патерикот пишува за еден монах, чијашто сестра била блудница. Тој им велел на отците:

– Молете се за сестра ми да отстапи од гревот!

Од една страна, таа била блудница, но го правела следното нешто: ги давала парите, што ги собирала од тие дела, како милостиња, а за себеси задржувала минимум. Отците велеле:

– Не плаши се! Бидејќи дава милостиња, Бог ќе ја помилува!

Минале години. Ништо не се променило, таа живеела во гревот, но давала и милостиња. Отците продолжувале да го тешат братот:

– Не плаши се, таа не е далеку од царството Божјо! Бидејќи дава милостиња, Бог ќе ја помилува!

И навистина така и се случило. Бог ја посетил во даден момент и таа се отрезнила, си го променила начинот на живот и преку покајанието се вратила при Бога. Зошто? Иако не вршела аскетски подвизи, туку напротив, таа била потопена во гревот, сепак нејзината милостиња имала таква сила, што ја привлекла Божјата благодат во нејзината душа.

Се сеќавате на Корнилиј – стотникот, кој бил незнабожец, на кој Бог му вели дека неговите молитви и милостињи биле тоа што Го привлекло. Во тропарот на св. Пантелејмон се вели нешто многу убаво – Пантелејмоне (Семилостиви), ти, којшто го имаш името на милостивиот Бог, т.е. тој е милостив како што Бог е милостив. Бог ги милува токму милостивите, бидејќи како што Христос вели во Евангелието: како што вие постапувате со луѓето, така и Бог ќе постапи со вас.

Веќе зборувавме за тоа како човекот се потчинува на Бога, Којшто се доближува кон нас, но не со ропска потчинетост, бидејќи тоа не ни ја одзема слободата, туку напротив, не’ ослободува од страстите и гревот. Бог се однесува кон нас како Лекар, Којшто не’ лекува, не ја ограничува нашата слобода, туку не’ исцелува од страстите и гревот. Како што лекарот не е диктатор, затоа што дава наредби, така и Бог ни дава заповеди, кои ни помагаат да станеме совршени луѓе.

 Извор:

https://maranata0.wordpress.com/2017/11/09/%d0%b4%d0%b0%d1%98-%d0%bc%d1%83-%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%b8-%d1%9c%d0%b5-%d1%81%d1%82/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная