логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Pedesetnica.Markov.jpg


Цару Небесен ,
Утешителу,
Духу на Вистината,
Кој си насекаде
и сè исполнуваш,
ризницо на добрини,
Животодателу.
Пријди
и всели се во нас,
и очисти нè
од секаква нечистота
и спаси ги, Благи,
нашите души.

Во светата Црква сè е света тајна. Светотаинствениот  живот во Црквата се одржува и извршува со благодатта на Светиот Дух.* Токму затоа призивот на Светиот Дух се практикува во сите свештенодејстија (богослуженија, свети тајни, молитви за посебни потреби на верните), но исто така и во личите молитви на верните. Тој призив на Светиот Дух се извршува преку молитвата Цару небесен со која се започнува молитвеното обраќање кон Него, за да нè оспособи нас, недостојните, достојно да го повикаме Трисветото име Божјо (што обично и и’ следи  на оваа молитва во таканаречената молитва на Трисветиот или популарно наречена Трисвето) за она за што просиме да биде осветено со силата и  дејството на Светиот Дух. Молитвата Цару небесен, како што може да се забележи, се состои од два дела. Првиот дел е обраќањето кон Светиот Дух преку истакнување на Неговите атрибути. Вториот дел е прозба за преку Неговото вселување во нас да бидеме очистени и спасени. Во понатамошниов дел на текстов би дале едно подробно толкување на оваа многу важна молитва. Цару небесен – Обраќањето кон Светиот Дух со Цар означува исповедање на Неговата божественост, како една личност од едносуштната животворна и неразделна Троица. Изразот, пак, небесен е потврда на претходното исповедање, но и објава дека Неговото Царство не е некое царство од овој свет, ами Царство на вечно блаженство и наслада од гледањето на лицето Божјо; во исто време, со ова исповедање ние го искажуваме нашиот стремеж да станеме учесници во небесниот живот. Живот на кој сме повикани уште од нашето создавање.

Утешителу, Духу на вистината – „Утешителот, пак, Духот Свети, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што Сум ви зборувал” (Јн. 14, 26); и уште: „А кога ќе дојде Он, Духот на Вистината, ќе* Кога говориме за благодатта на Светиот Дух, треба да знаеме дека таа е воедно и на Отецот и на Синот, бидеќи таа е енергија или зрачење на едната Божја  природа, а Светиот Дух се јавува како Дарител на благодатта. ве упати на секоја вистина...” (Јн. 16, 13). Со овие зборови Христови се открива улогата на Светиот Дух како разоткривач на домостројот на спасението (во Кој и Самиот Тој е учесник), разоткривач на волјата на Бога, Кој сака сите да се спасат и да дојдат до познавање на вистината, повикувач на нашата волја да содејствува со Божјата волја, како и објавувач на Вистината, односно самото битие Божјо. Бидеќи „Отецот е Вистинскиот, Синот е самата Вистината, а Духот е Духот на Вистината” (Св. Григориј Назијански, Слово 23. – За мирот).

За ова убаво говори и старец Софрониј: Вистината е самото Битие, Онакво Какво што Е. Таа ни се открива како Личносен Апсолут – Три лица во потполно единство и истоветност на Битието. Соединувањето со Него и нам ни дава да бидеме битија со божествен образ кој е засекогаш непроменлив. (Видети Бога како што јесте, стр. 124) Кој Си на секаде и сè исполнуваш – Секадеприсутноста е својство само на битието Божјо (Света Троица), а со тоа и на Светиот Дух како едно лице на Троичниот Бог. Светиот пророк Давид вели: „Каде да отидам од твојот Дух и од лицето Твое Каде да побегнам. Ако излезам на небото Ти си таму, ако слезам во адот Ти си и таму. Ако ги земам крилјата рано в зори и се преселам на крајот од морето – и таму ќе ме држи Твојата рака, Твојата десница ќе ме поддржува...”(види Пс. 138, 7).

Богомудриот св. Атанасиј пак пишува: „По својата доброта и сила Бог престојува во сè, а по својата природа вон сè, што означува дека Бог е во сè, но ништо освен Бога не е Бог.” Ваквото Божјо исполнување се извршува преку нестворените сили и енергии – благодатта Божја, кои произлегуваат од Божјата суштина, но не се самата Божја суштина. Ризницо на добра , Животодателу – Преку Светиот Дух се дава неисцрпната благодат Божја, која е изворот на секое блаженство – на секое добро. Свети Василиј Велики, во своето дело За Светиот Дух, вели: „Извор на осветување, кој не пресушува поради мноштвото причасници. Он е целосно присутен насекаде и во секого. Раздавајќи се, Он не трпи делби, кога стануваме причасници со Него, Он останува цел.” При самиот почеток на Светото Писмо се покажува учеството на Светиот Дух во создавањето на светот: „И Духот Божји се наднесуваше над водата” (Бит. 1, 2). Под Дух Божји св. Василиј Велики го подразбира Светиот Дух, а зборот „се наднесуваше” означува дека Светиот Дух ја загревал и оживотворувал природата на водата, подготвувајќи ја за произведување живи битија (Ј. Поповиќ, Догматика 1, стр.216). Светите отци ова го толкуваат уште и како поддржување (во смисла на пројава на постојана грижа) на секое создание од самиот негов почеток од страна на Светиот Дух. Еден антифон од воскресната утрена можеби највпечатливо говори за Светиот Дух како животодавач, очистител и осветувач на созданијата: „Со Светиот Дух живее секоја душа и со чистота се возвишува, таинствено  се осветува со едната природа на Света Троица”.

Пријди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистота и спаси ги, Благи, нашите души –
Во вториот дел од молитвата ние најпрво ја искажуваме согласноста на нашата слободна волја со Божјата волја, која секако е очистување од секоја нечистота, односно ослободување од секоја зависност од кнезот на овој свет – создаденото и паднато битие. Ова е возможно преку очистителното  дејство на Светиот Дух внатре во нас. За ова ни зборува и апостолот: „Духот нè поткрепува во нашите немоќи; бидеќи не знаеме за што да се  помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување” (Рим.8, 26). Тоа значи дека Светиот Дух со благодатта нè поттикнува нас на молитва, произведува во нас свето расположение, пали во нас оган на синовска  љубов кон Бога на неискажлив начин кој е неразбирлив  за нашиот ум. И додека ние со нашите грешни желби молиме и она што не Му е угодно на Бога, со дејството на Светиот Дух молиме од Бога само она што е за прославување на името Божјо и  што е за наше спасение. (Венјамин, Новаја Скрижал, стр. 87) Можноста за нашето спасение ни се дава на објективен план преку исполнувањето на домостројот на спасението од Синот Божји. Сега сите ние, како личности кои ги користат благодетите од домостројот на спасението, преку хранењето  со светотаинствениот живот во Црквата Божја (кој е таков благодарение на силата и дејството на Светиот Дух во Црквата Божја), и на личен план, го градиме Царството Небесно уште овде на земјава, со стремеж за постојано живеење во Него во вечноста – што и е спасението на нашите души – и сето тоа го вршиме со силата и дејството на Светиот Дух, Кој е и внатре во нас. Секако дека во домостројот на спасението учествуваат и Отецот и Светиот Дух, но вака се изразуваме заради посебната улога на Синот – воплотен, распнат, вкуси смрт, воскресна, се вознесе и со тоа подготви слегување на Светиот Дух.

 Ѓакон Горан Тасески

 Извор: Православен пат



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная