логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 

 Akatist1.Soboren9.jpg

акатисти
ПОКАЈНИЧКИ  АКАТИСТ НА ЖЕНИТЕ КОИ ШТО ГО ПОГУБИЛЕ ПЛОДОТ НА УТРОБАТА СВОЈА


Кондак 1


Јагне Божјо , Ти, Кој ги зеде гревовите на светот, услиши го плачот мој и болката  на срцeто мое,  одземи го моето тешко бреме на гревови.
 Ти, Кој  ја понесе   немоќта наша, прими ја во покајание онаа , која што ничкум паѓа пред Тебе, која ти се моли од длабочината на душата со крик:

Господе мој, Господе, радост моја , смилувај ми се мене паднатата.

Икос 1

Боже и Господе! Твоја е творбата, но, тешко мене, гревот што Адам го стори во рајот живее во мене и во телото ,  и како робинка усрдно работам како што тој сака, но, денес Те молам Јагне Божјо :


Смилувај ми се Творецу на светот небесен:
Смилувај ми се Созадателу на природата која на земјата живее;;
Смилувај ми се , Владетелу на силите Небесни:
Смилувај ми се,  Управителу на тварта  телесна;
Смилувај ми се Промислителу на се`
Смилувај ми  се мене , која, заради гревовите мои, солзи ти принесувам;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата.


Кондак 2


Владетелу Семилостив , како јас, гнасната грешница , да се осмелам да Ти пристапам со молитва , кога  сум претстапник на заповедтта Твоја,  Која Ти си ми ја заповедал преку Мојсеј, пророкот твој  -  не убивај!
 А ја сам сум убиец и тоа , сто пати  понемилосрдна од змијата, која на младенците свои им дава барем  на некое време да ја здогледаат светлината, а после тоа ги прождерува ,
 а јас проклетата сурово ги лишив своите деца , не само од сетилните , туку најнапред од вистинската  Светлина на нашиот Господ Исус Христос ,  Кој што нас  низ Тајната на кршетението не просветлува 
и поради  минливото телесно спокојство, избегнувајќи да имам  многу деца , ги убив, уште во утробата своја .
Затоа, помрачена  од овие и многу безбројни гревови  се надевам само  на милоста на милосрдието Твое и смело Ти воскликнувам Алилуја ! 
Akatist.BOGORODICA.jpg

 Икос 2
Зборовите на животот Твои презирајќи ги, Господе и по волјата на срцето свое  одејќи од самата младост моја , па се` до денешен ден , денес во покајание  те повикувам. :Семилистив, Спасе мој:
Смилувај  се  мене , која во безаконие сум зачната;
Смилувај ми се мене, во гревови родената;
Смилувај ми се мене, која заповедите Твои не ги запазив;
Смилувај ми се мене,  која од благодатта се лишив Твоја;
Смилувај ми се мене, која за спасението свое не се грижев;
Смилувај ми се мене,  која западнав во мрежата на страстите;
 
Господе мој, Господе, радост моја , смилувај ми се мене паднатата.
 
Кондак 3
Колку е добро и убаво кога браќата живеат заедно и  кога еден со друг се љубат, како што нам си ни заповедал Ти,  Спасителу наш,  зашто оној кој што на  братот свој се гневи – убица е, а јас со гневот свој ги надминав сите кои што од искона се родени,
 па и самите убијци чии жртви се погубени  од различни причини од различна возраст ,
 а јас, проклетата, ги лишив од живот оние, кои  само што добиле живот од Тебе, Дарителу  на животот, на  кои немилосрдно сум им  го одземала животот уште во утробата  моја,  без страв Божји, отфрлајќи  ја волјата Твоја и дарот за раѓање деца кој што Ти го благослови.

Со својата волја  сум ги корнела од Творечките раце  Твои невините деца мои и пред очите Твои ги убивав не срамејќи се.
 Но, нивната судбина е во десницата Твоја, Господару , а гревот мој е секогаш пред мене.
Пред  Тебе единствениот се каам, и Те молам, Добри, упати ги чекорите мои  на патот на покајанието, та со сите грешници кои што се покајале, да воскликнам и јас  кон Тебе:  Алилуја!


Икос 3
Ти кој што единствен ја познаваш човечката немоќ, ги знаеш и сите гревови мои, гревовите на младоста моја не спомнувај ги , и од тајните мои очисти ме мене  , која Те повикувам во крик:
Смилувај ми се мене ,  големата грешница;
Смилувај ми се мене, на законот Божји претстапничка;
Смилувај ми се мене , која заветот Твој го нарушив;
Смилувај ми се мене,  која Тебе, на Владетелот мој   зол дар ти дадов;
Смилувај ми се мене , која што во покајание, во единаесетиот час Ти дојдов;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата.


Кондак 4
Дарителу на животот, Цару Небесен, дојди и всели се во мене, која сум извалкана од гревови и очисти ме од секоја нечистотија, и спаси ја Благи, душата моја , за да Ти воскликнувам, спасувајќи се : Алилуја!


Икос 4


Се изгубив како овцата што пропадна, пронајди ме , мене, служавката  Твоја,
 Боже мој, која од заповедите  Твои се одалечив  во непроодната шума на старстите и самоволието,
спаси ме, мене , недостојната, која горко се каам и молам во крик:

Смилувај ми се мене, која што  бремето на гревовите самоволно ги носам;
Смилувај ми се мене, од  гордоста  обземена;
Смилувај ми се мене, која  зависта ја разјадува;
Смилувај ми се мене,  со  неправда исполнета;
Смилувај ми се Ти, Кој не ја сакаш смртта на грешникот;
Смилувај ми се мене, убиецот на децата мои;

Господи мој, радост моја , смилувај ми се мене, паднатата.


Кодак 5
Таму, каде што Ти ќе посакаш, Семоќен Господе мој, се победува и поредокот на природата,  победи ја така и гревовната природа  која во мене живее  и ме наведува на грев , зашто Ти си Создателот  на се` и Создател на природата.


Со Божествената благодат Твоја , дух вистински обнови во утробата моја,
 не ме отфрлај од Лицето Твое, и Духот Твој Свет , не го одземај од мене, и уништи го смртниот печат на детеубијците кој  што го  заслужив и со кој сум запечатена  со правосудието Твое , според шестиот закон Твој  на заповедтта -  „не убивај“,
 и обнови  ме  од моите гревови раскинатиот,  Вечен со нас, Господе, и врати ми ги некогашните добродетели,  кои што ги уништив преку гревот, за смело да ти воспевам: Алилуја!
 
Икос 5
Кој некогаш погреши како што јас згрешив проклетата,
нема грев  што не го сторив, нема зло кое што не  го помислив во душата моја ,
 но со покајно срце Ти доаѓам и со солзи, Семилостив Господе , плачејќи:

Смилувај ми се мене, на неверната служавка Твоја;
Смилувај ми се мене , во гревови скаменетата;
Смилувај ми се мене, која што ближниот го мрзам;
Смилувај ми се мене, која со збор и дело навредував;
Смилувај ми се мене, со валканата душа и тело;
Смилувај ми се мене,  чија што совест  е изгорена;
Смилувај ми се мене, детеубицот , слична како Ирода;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене, паднатата.


Кондак 6

Со зраците на благодаттаТвоја, Господе, просветли ја облеката на душата моја,  Дарителу  на Светлината, и спаси ме, за радувајќи се да Ти запеам:  Алилуја!
 
Икос 6
Големо е мноштвото, Христе, на гревовите мои и како мрачна ноќ е целиот мој живот, но надеж не губам, во милосрдието Твое , Спасителу мој и како Давид во вапај извикувам:

Смилувај ми се мене, која во мрзеливост целиот живот  го потрошив;
Смилува ј ми се мене, која не се трудам во молитва заради гревовите мои;
Смилувај ми се мене,  неблагодарната  заради Твоето благо упатување кон покајание;
Смилувај ми се мене, која законот Твој не го почитував и заповедите не ги сочував;
Смилувај ми се  мене, која светот и се ` што е во светот засакав;
Смилувај ми се мене,  која во испразнетост световна  ,  деновите на животот свој ги потрошив;
Смилувај ми се мене,, која огледувајќи се на зконот на овој век и гнасејќи се од раѓањето деца, кои Ти ги благослови,  убиство направив:

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене, паднатата.
 
Кондак 7
Кон небото го упатувам погледот свој  и спрема Тебе, Слово Божјо, но трулежната природа моја наудолу  ме влече, Спасителу мој.  О, Создателу  на небото и земјата и на се` што е на нив!
Подигни ме, на  кај небесното да мислам и за него да се трудам,  за секогаш  со победничка уста и срце да Ти пеам:  Алилуја!
 
Икос 7
Очите мои се лукави и со секоја нечистотија извалкани, обманата на светот секогаш ме мами, па затоа и Те молам, Себлаги, одврати ми ги очите  мои, за да  не гледам ништавило и со молба да Ти воскликнувам:

Смилувај ми се мене, која што со жар жеднеам,  верно да Ти послужам:
Смилувај ми се мене, која сакам во духот на вистината да Ти се поклонам;
Смилувај ми се мене, која солзите на покајание , како жртва за гревовите свои Ти ги принесувам;
Смилувај ми се мене, која те молам за простување, заради децата кои што ги убив;
Смилувај ми се мене, која очекувам избавување, од страстите мои;
Смилувај ми се мене, која многу плачам, заради тешките  смртни согрешенија мои;
Смилувај ми се мене, убиецот, која сум виновна и пред Божјиот и пред човечкиот суд;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата.
 
Кондак 8
 
Смилувај ми се, Господе, Спасителу мој, Кој си дошол во светот грешниците да Ги спасиш, од кои јас сум најгнасната од сите, но, сепак, Те молам, Семилостиви Боже мој, усмери ја на мене  милоста Твоја , услишај ги воздишките на срцето мое,
 прими   ја обилноста на солзите мои , топлите молитви на душата, Спасителу мој, да Ти запеам: Алилуја!
 
Икос 8
Разбојнички зли помисли ја нападнаа совеста  моја успиена, ава мене, одеждата светла  која што на крштението ми е дарувана , заради гнасните гревови мои ја изгубив, и затоа што детеубиство извршив , немам добродетели за во нив да де облечам,
но, сепак се обидувам    да го усмерам наугоре погледот кој што на земја паѓа, заради мноштвото на лутите гревови кои што ги сторив пред Тебе,  Господе, и Ти воскликнувам:

Смилувај ми се мене, која смртен грев направив;
Смилувај ми се мене,  и сега во гревови заглибената;
Смилувај ми се мене, преполна со со секакви гадости;
Смилувај ми се мене ,  што  со противприродни пороци  сум извалкана;
Смилувај ми се мене, која чистотата на девственоста своја не ја сочував,
Смилувај  ми се  мене,  која од благочесното мајчинство се лишив;
Смилувај ми се мене,  која од утробата, децата свои пред време ги исфрлив;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се  мене, паднатата.
 
Кондак 9
Дај ми река на солзи, Боже мој, да плачам за гревовите мои, и така радувајќи се да ти воскликнам: Алилуја!
 
Икос 9
Телото го осквернавив со тајни одвратни,  душата ја помрачив со неделата свои, немоќно е телото, немоќна е и душата моја.
Пред Тебе, Единствен, Кој зло не памтиш, Милосрден Судијо и Бог мој, ничкум паѓам, молејќи се:

Смилувај ми се мене, убиецот, кој што заради сеќавањето на судбината на убиените деца мои ме обзема трепет и ужас, и неискажливо чудење:
 како Милосрден Господе и Судијо најправеден ме истрпуваш и добро мене ми чиниш, жителка на пеколот, дури и до овој ден и час, на секој начин очекувајќи го покајанието мое;

Смилувај ми се мене, која што многу пати сум ветувала дека ќе се поправам и повторно сум се враќала  на гревовите како кучето на својата повраќаница;
Смилувај ми се мене, која што голем број убиства извршив;
Смилувај ми се мене, која без страв Божји и мајчинска љубов  со свирепост на дива ѕвер, децата свои ги рстргнав;
Смилувај ми се мене, , зашто волно гревовите ги сторив;
Смилувај ми се мене, која духот свој со одвратни помисли го осквернавив;
Смилувај ми се мене, зашто и  сега животот  свој во гревови го поминувам;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата.
 
Кондак 10
Ранета бев од соблазните на овој свет и паднав на колена пред нив,
 избирајќи го погубниот пат со одвратниот закон негов, заборавајќи на ветувањата свои кои на Крштението ги дадов и чинев  еден за друг свои престапи , кои светот ми ги дошепнуваше, и на крајот дојдов до самиот врв на смртните гревови – детеубиство, но, Татко, рашири ми ги рацете во прегратка , Боже мој,
побрзај, за на крајот на животот  жртвата на благодарност да ти ја принесам, воскликнувајќи:  Алилуја!
 
Икос 10
Ниту арамиите, ни убијците, ни крадците ниту било кој од непокајаните грешници Царството Божјо нема да го наследат.  А јас, со секоја неправда и секакви одвратни гревови го извалкав телото и душата моја, и од душевното ништавило свое паѓам пред Тебе и воскликнувам:

Смилувај ми се мене, која во Новиот Завет на  благодатното Царство Твое  сум родена:
Смилувај ми се мене, што на Црквата којашто Ти ја создаде припаѓам;
Смилувај ми се мене, со даровите на Духот Свет запечатена;
Смилувај ми се мене, која со Твоето Пречисто Тело и Животворната Крв сум воспитувана;
Смилувај ми се мене, во Христа крстената, во Христа облечената;
Смилувај ми се мене, која сите овие доброчинства ги отфрлив и порочен живот одбрав;
 
Господе мој,  Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата!
 
Кондак 11
Дарувај ми, Господи и Господару на животот мој, дух на чедност, зашто самата себе во младоста се лишив од родителите, во потполност паднав во ропството на страстите, духот и душата ги осквернавив и телото го развратив.
Боже на милоста и милосрдието!
 Немој да се гнасиш од мене, толку гнасната грешница, зашто,  Твое сум создание, смилувај ми се и очисти ме од секоја нечистотија на телото и духот и удостој ме смело да Ти пеам: Алилуја!
 
Икос 11
 
Надежта на срцето мое кое во Тебе се надева, не ја отфрлај, Господе, и не посрамувај ме пред ангелите и луѓето на праведниот Страшен Суд Твој,
 не осудувај ме тогаш по делата мои, туку по милоста Твоја прости ми ги сите гревови мои  која Те измолувам :

Смилувај ми се мене, со срце нечисто:
Смилувај ми се мене, која паднав во ропство на демоните;
Смилувај ми се мене,  во гревови родената, со Крштението измиената, која повторно во безаконија паднав;
Смилувај ми се мене , со   смрдливи чирови   на душата заради падовите и гревот;
Смилувај ми се мене, која заради тешките и смртни гревови во очајание паднав;
Смилувај ми  се мене, која секаков грев направив и која за секоја казна сум достојна;
Смилувај ми се мене, Создателу мој; во покајание прими ме мене паднатата;

Господе мој, Господе, радост моја , смилувај ми се мене, падантата!
 
Кондак 12
.
Со широчината на љубовта Твоја, Боже мој, покриј ги сите гревови на безаконијата мои, прими го и покајанието мое, за од љубов кон Тебе, секогаш  да воскликнувам: Алилуја!
 
Икос 12
Младоста моја пројде во безумието  мое, целиот живот во гревови го потрошив, во мрзеливост и  не грижејќи се за покајание, но, староста моја заради ужасот на смртта и неминовниот Суд Твој , ме приведе кон покајание.

Не отфрлај ме , Спасителу мој,  мене, која што во единаесетиот час
 дојдов во Татковската прегратка Твоја и која покајнички воскликнувам:

Смилувај ми се мене, зашто крвта на невините деца мои   крикнува кон Тебе, сведочејќи за тоа дека јас ги убив;
Смилувај ми се мене , Боже мој, Триединствена природа;
Смилувај  ми се мене, Господе, Ти , чие милосрдие е прекрасно;
Смилувај ми се мене,  Владико;  Кој долго ги истрпуваш согрешенијата наши,
Смилувај ми се мене,  Цару Свет, кој немоќта ја исцелуваш;
Смилувај ми се мене, Ти Кој што со љубов  изобилуваш и Кој очајните грешници со Љубовта Своја ги грееш;
Смилувај ми се мене, Севозможен , Кој што немоќите наши ги понесе:

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паданата.
 
Кондак 13
Ќе се појават знаците на Синот Човечки на  небото, во оној страшен ден на  второто доаѓање на Судијата на живите и мртвите, Синот Божји Пречесен и Животворен Крст. Тогаш, ќе заплачат сите земни племиња. О, Исусе Христе, Спасителу и Судијо наш, и Цару на сите!

Дај ми пред тој ден солзи на покајание, да плачам топло  заради злите и погубни дела мои , со која  својата душа одвратна ја направив
 и Твојата Пречиста Крв на Заветот Твој горчливо ја навредив!
 Тогаш со ангелите  и со сите светии и праведници Твои , Тебе да ти запојам: Алилуја!

(Овој кондак се чита три пати, потоа икос 1 и кондак 1.)



МОЛИТВА НА НАШИОТ ГОСПОД  ИСУС ХРИСТОС

О Боже, Премилостив Исусе Христе, Искупителу на грешните,|
Ти заради спасение на родот  човечки  ги остави , Семилостиви, преславните Небеса и дојде да живееш во оваа многугрешна долина на плачот.


 Ти  ги зеде на Божествените раменици Твои, слабостите наши, и ги понесе болестите наши;  
Ти, о, Страдалниче Свет беше рануван  заради гревоите наши,  и измачуван заради безаконијата наши, и затоа,  Човекољупче,  Тебе Ти ги вознесуваме нашите молби:
 прими ги, о, Преблаг Господе и снисходлив биди спрема немоќта наша  и гревоите наши не ги спомнувај  и гневната намера, достојно да ни дадеш  по делата наши, одврати ја од нас.


Ти , Кој со Крвта Твоја Сечесна  ја обнови природата наша , обнови не, Господи Исусе Христе, Спасителу наш, и нас, кои во трулежот на гревовите сме
 и утеши ги срцата наши  со радоста на Сепростувањето Твое.

Со  лелек и неброени солзи на покајание, паѓаме ничкум пре стапките   на Твоето Божествено милосрдие ; очисти не нас, Боже наш, со Божествената благодат Твоја  од сите неправди, безаконија на животот  наш  за во Светињата на Твоето Човекољубие  да вознесеме  фала  на сесветото име Твое,
 со Отецот и Преблагиот и Животворен Дух, сега и секогаш, во вековите на вековите. Амин!



Молитва  на Пресветата  Владетелка Богородица


Дверита на Милосрдието отвори ни ги нам, Благословена Богородице, 
да не погинеме ние, кои на Тебе се надеваме, туку да се избавиме со Тебе од неволјите, зашто Ти си спасение на родот христијански.

Радувај  се,  Единствена  Пречиста Мајка на Единиот Создател, Господ Бог и Спасител наш Исус Христос!

Биди ми застапничка  во денот на страшниот суд, кога ќе застанам пред престолот на Нелицемерниот  Судија, за да бидам   избавена од огнената казна  и маки, преку молитвите Твои, Единствена Благословена.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Превод: Мирјана Даниловска
http://svetosavlje.org/molitve/index.php?mlId=120&akcija=prikazi&kt=6
Oznake: Покајнички акатист жена које су погубиле плод у утроби својој
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная