логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

38.machenici1

Во ѕвездените мигови на македонската култура и уметност видно место зазема историскиот настан со откритието на Николај Окунеф (1928) на старите фрески во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези и дебатата каде всушност почнала европската ренесанса: во Италија, со Џото во XIV век, или два века порано во Македонија, некаде околу 1164 година во Нерези, со овдешниот непознат ингениозен зограф, кој ги живописал фреските на ѕидовите на манастирот Св. Пантелејмон, особено „Оплакувањето“.

 38.machenici1

 

Георги Старделов – Изгревот на новата словенска цивилизација во Европа
Св. Константин-Кирил Философ – Проглас кон Светото евангелие
Георги Старделов – Pax Christiana, или Божји дожд од букви
Петар Хр. Илиевски – Создавањето на словенското писмо – Глаголицата – прва словенска азбука, азбука на Охридскиот книжевен центар
Блаже Конески – Охридската книжовна школа
Блаже Конески – Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици
Емилија Црвенковска – За територијата на Охридската книжевна школа
Владимир Мошин – Древнейшие македонские кирилловские рукописи
Вера Стојчевска-Антиќ – Кон прашањето за појавата на кирилицата

Извор:

38.machenici1

 

Друго:

КОРЕНИ МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

http://manu.edu.mk/home-2/koreni/

 споменикКирилИМетодиј

На чинот на официјалното основање на оваа врвна македонска институција на науките и уметностите му претходеше период од 150 години, исполнети со силен размав на хуманистичките научни дисциплини: лингвистиката, книжевната наука, историографијата, етнологијата и фолклористиката, но и на природните, техничките и општествените науки, како и на уметностите, особено на поезијата, музиката, живописот и градителството. Повеќемина македонски интелектуaлци, научници и уметници се вградија со личен влог во развојот на македонската култура во XIX и XX век. Така течеа духовните континуитети во македонската културна историја и сите тие величествени градби на духот, низ еден природен историски процес, доведоа до основањето на Македонската академија на науките и уметностите.

Screenshot at Nov 04 20-01-36

Охридскиот книжевен центар на св. Климент и св. Наум, кон крајот на IX и почетокот на X век, создаде почва за богата писмена активност и научно­литературна, образовна и уметничка дејност во Македонија. На овие простори се роди првото словенско писмо, кое од Македонија се ширеше и се распространуваше низ целиот словенски свет. Овде опстојуваше нашата македонско­словенска цивилизација, со високи естетски вредности во областа на книжевното творештво, ликовната, музичката и архитектонската уметност.Screenshot at Nov 04 20-01-36

 партенијаЗографски

Во средината на XIX век архимандритот Партенија Зографски (Галичник, 1818 – Цариград, 1876), воспитаник на Солун, Атина, Киев, Москва и Санкт Петербург, објавува два учебника на „македонското наречие“ (Кратка священна исторiя на Ветхо-и-Новозаветната Цьрковь, 1857, и Началное ученiе за дѣца, 1858), како и една прирачна Кратка славянска грамматика (1859). Со проучувањето на принципите за изградбата на еден литературен јазик и посебно на граматичката структура на западно македонскиот народен говор (Пьрва часть на Граматиката за членовыте, 1857), Партенија Зографски ги постави основите на современата македонска  филологија.

Димитрија Миладинов (Струга, 1810 – Цариград, 1862) е најистакнатиот будител на словенската свест во Македонија во половината на XIX век за воведување на родниот јазик и словенското писмо во македонските училишта. Прв македонски собирач на народното творештво и главен составувач на антологискиот зборник со народни песни што го издаде брат му Константин во Загреб (1861).

 коснтатинМиладинов

Кoнстантин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, 1862) e основоположник на македонската поезија во XIX век, брат на преродбенскиот деец Димитрија Миладинов. По Атина, студирал словенска филологија на Московскиот универзитет. Освен по својата лирика, тој е познат, заедно со својот брат, и по собирањето, редактирањето и објавувањето на ненадминатиот антологиски Зборник на народни песни (1861).

Рајко Жинзифов (Велес, 1839 – Mосква, 1877) е автор на најобемниот поетски опус на родниот јазик во XIX век и плоден публицист и преведувач.

 
григорПрличев
 
Григор Прличев (Охрид, 1830– 1893) зазема врвно место сред плејадата македонски творци од таа епоха (К. Петкович, Р. Жинзифов, J. Хаџи Константинов – Џинот, А. Петкович, Ѓ. Динката и др.) и претставува најголем литературен талент на нашиот XIX век. Се прослави со своите поеми на изворни македонски теми Сeрдарот и Скендербег, со Автобиографијата, како уникатно прозно дело, како и со препевите на еповите Илијада и Одисеја на Хомер. Пишувајќи на повеќе јазици, Прличев остана славен автор во три литератури.

Андреја Дамјанов (Папрадиште, околу 1813 – Велес, 1878) е еден од најпознатите мајстори­градители на Балканот. Има изградено над 40 објекти, главно цркви. Негови позначајни дела ce: црквата ,,Св. Пантелејмон“ во Велес (1840), црквата во манастирот ,,Св. Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка (1845), црквата ,,Св. Богородица“ во штипското Ново Село (1850), црквата ,,Св. Никола“ во Куманово (1851), како и цркви во Ниш, Нова Црква, Мостар, Сараево и др.

Ѓорѓија М. Пулевски (Галичник, 1817 – Софија, 1895) создаде опус што означи меѓа во македонската историја. Ја објави првата стихозбирка на македонски јазик Македонска песнарка (I и II, 1879) и првата сепаратно објавена револуционерна поема Самовила Македонска (1878). Редок балкански полиглот, учебникар и лексикограф. Тој e автор на Речникъ отъ четири језика, 1873 и Речник од три језика, 1873, автор на првата пeчaтeнa граматика на мaкeдoнcкиoт јазик (Слогница peчовска, 1880) и на првата Славјанскомаќедонска општа историја на македонски јазик (завршена во 1892 год.).

Марко K. Цепенков (Прилeп, 1829 – Софија, 1920), покрај поетското, прозното и драмското дело, со своите eтнoгрaфcкo­фoлклoриcтички и филолошки записи e најбогатиот и најзначаен собирач на македонски народни умотворби од втората половина на XIX и почетокот на XX век (Македонски народни умотворби, I–X, 1972).

маркоЦепенов

Кузман Шапкарев (Охрид, 1834 – Софија, 1908) е народен учител и еден од првите и најплоден македонски учебникар во XIX век, собирач и издавач на македонското народно творештво, етнограф и преродбенски деец.

Атанас Бадев (Прилеп, 1860 – Софија, 1908) е македонски композитор и музички педагог. Студиите по музика ги учел во Москва и во Санкт Петербург, каде што, меѓу другите, му предаваат истакнатите руски композитори М. Балакирјев и Н. Римски­Корсаков. Бадев е еден од првите музички образовани композитори во Македонија. Покрај низа хорски обработки на народни теми и детски песни, тој е автор на Литургијата според Јован Златоуст, едно од најзначајните дела од овој жанр во јужнословенските земји кон крајот на XIX век, печатено во Лајпциг во 1898 година.

Војдан Чернодрински (Селце, 1875 – Софија, 1951) е најплодниот драмски писател на македонски јазик до крајот на Втората светска војна и основоположник на современиот македонски театар, автор на најпопуларната македонска драма Македонска крвава свадба (1900) и на првата драмска творба во стихови Срешта (1903). Основач е и раководител на драмскиот кружок Македонски згoвор (1894) и на првата Македонска драмска трупа Скрб и утеха (1901).

Во историјата на македонската наука и уметност посебно место и знaчeњe имаат бројни културни и научнo­литeрaтурни институции што се формираа во Македонија и особено во странство. Тука треба да се споменат Младата македонска книжовна дружина (1890–1892), со нејзиниот печатен орган Лоза (1892), во чии пазуви се родија и дејствуваа голем број македонски интелектуалци; Ученичката дружина Вардар во Белград (1893–1894), во која доаѓа до првата средба на двете најмаркантни македонски интелектуални фигури Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски; Македонскиот клуб со читалиште во Белград што го издаваше весникот Балкански гласник (1902) и ги постави основите на Новото движење.

Меѓутоа, најзначајно место зазема Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (28. X 1902), под претседателство на Димитрија Чуповски, кое основа свои филијали и сред македонската емиграција во Софија (1903) и во Одеса (1905), како и свои јадра во Битола и Солун (1910–1913). Со својата богата научна и литературна дејност, со јасно формулираната македонска национална програма: првпат го воведува македонскиот јазик и официјално во службена употреба (чл. 12 од Уставот од 16. XII 1903); ја објавува првата книга на современиот македонски литературен јазик (За македонцките работи, 1903), го издава првото научно­литературно списание (Вардар, 1905) на тој јазик и правопис и првата Карта на Македонија (1913); ги објавува историските меморандуми и други официјални акти со јасна македонска национална идеологија и ослободителна програма за зачувување на целоста и извојување на слободата најзначајната периодична публикација (на руски и на македонски јазик) Македонскiй голосъ (Македонски глас) (1913–1914); го изработува македонското национално знаме (1914) и ја публикува Програмата за Балканска демократска федеративна република (1917).

Со богатата научно­литературна и културно­национална дејност, оваа институција претставува фундамент на Македонската академија на науки­ те и уметностите и со неа, всушност, почнува нејзината историја.

Двете централни интелектуални фигури на Македонското научно-литeратурно другарство во Санкт Петербург се:

димитријаЧуповски

Димитрија Чуповски (Папрадиште, 1878 – Ленинград, 1940) e еден од основачите и претседател на Другарството (1902–1917), автор на голем број статии и официјални акти, издавач на печатениот орган на Македонската колонија, организатор на повеќе македонски национални асоцијации, автор на стихови на руски и на македонски јазик, изработи прв македонско­руски речник и скицира македонска граматика и опфатна енциклопедиски конципирана монографија за Македонија и Македонците.

крстеМисирков

Крсте П. Мисирков (Постол, 1874 – Софија, 1926) е најистакнатиот македонски славист – лингвист, фолклорист и историчар од европски формат и идеолог на новото македонско национално ослободително движење. Автор е на познатата основоположничка книга од фундаментално значење за развојот на современиот македонски литературен јазик и правопис За македонцките работи (1903) и уредник, издавач и автор на списанието Вардар (1905).

По Првата светска војна, следбеници на оваа активност станаа: Културно­просветното  друштво  Вардар во Загреб, Белград и Скопје (1935– 1938), Публицистичкиот кружок Нација и култура во Софија (1937–1938) на Коста Веселинов и, пред сè, Македонскиот литературен кружок (1936–1942) на Никола Ј. Вапцаров.

кочоРацин

Кочо Рацин (Велес, 1908 – Лопушник, 1943) е најистакнатиот поет, прозаист, критичар, историски миcлитeл, нaциoнaлeн дeeц и најпознат мaкeдoнcки интeлeктуaлeц мeѓу двeтe cвeтcки војни. Нeгoвaтa книга Бели мугри (Самобор, 1939) прeтcтaвува eднo од нajзнaчajнитe пoeтcки дeлa во мaкeдoнcкaтa coврeмeнa литeрaтурa. УНЕСКО, во својата позната eдициja Éminentés personalites de la culture slave, објави книга за Кочо Рацин (Kočo Racin, UNESCO, Paris 1986).

Кочо Рацин, Венко Марковски, Коле Неделковски и Волче Наумчески, со своите стихозбирки на македонски јазик, и драмските писатели Војдан Чернодрински, Никола Киров-Мајски, Васил Иљоски, Ристо Крле и Антон Панов со своите драмски дела ги поставија темелите на новата македонска книжевност меѓу двете светски војни. Во истиот период Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Аврамовски-Пандилов, Вангел Коџоман, Томо Владимирски и Димо Тодоровски ја втемелија македонската современа ликовна уметност, додека композиторите Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски, пак, современата македонска музичка уметност.

војданЧернодрински

Исто така, во периодот меѓу двете светски војни повеќемина македонски научни творци, меѓу кои: Сотир Томоски, Кирил Жерновски, Петар Серафимов, во областа на техничките науки; Михаил Д. Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ, Ѓорѓи Шоптрајанов во филолошките науки; Димитар Арсов и Харалампие Манчев во медицинските науки; Лазар Бабамов во земјоделските науки; Тодор Мировски, Борислав Благоев, Лазар Соколов и Борис Арсов во економските и правните науки дадоа значаен придонес во втемелувањето и развитокот на природните и хуманистичките науки во Македонија.

Во конституирањето на МАНУ исклучително значајна улога имаше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со својата прва факултетска институција – Филозофскиот факултет (1946), како и самостојните научноистражувачки институти во Македонија, од чиишто најистакнати професори и научници беа избрани и се избираат членовите на Македонската академија на науките и уметностите.

Големото дело на македонските филолози, фолклористи, историографи, научни творци од областа на природните, техничките и општествените науки, писатели, сликари, композитори и скулптори е вградено во темелите на Македонската академија на науките и уметностите.

Извор:  http://manu.edu.mk/home-2/koreni/

 

   МИСИЈА

Македонската академија нa науките и уметностите (МАНУ) е основана со Закон донесен на 22 февруари 1967 година од Собранието на Република Македонија. Академијата е формирана како врвна научна и уметничка установа во нашата држава, која го следи и го поттикнува развојот на науките и уметностите и се залага за нивното унапредување. Академијата ги разгледува состојбите во областа на културното наследство и природното богатство, соработува во утврдувањето на националната политика во областа на науките и уметностите, поттикнува, координира, организира и врши научни истражувања и уметнички остварувања, а посебно оние што се од исклучително значење за Македонија. Таа обезбедува услови за научна работа и уметничко творештво на своите членови, се залага за примена на современите методи, научните знаења и резултатите во научните истражувања и воспоставува, одржува и развива меѓународна соработка во областа на науките и уметностите.
Академијата, како врвна самостојна научна и уметничка установа, своите задачи ги реализира со организирање фундаментални, развојни и применети истражувања, посебно со комплексни и мултидисциплинарни истражувања; со организирање научни собири и уметнички презентации и со објавување на резултатите од научните истражувања и научните собири, како и уметничките остварувања. Академијата соработува со универзитетите, научните и културните установи, со друштвата за наука и уметност и со други организации од областа на науките и уметностите во Републиката, како и со академии на науките и уметностите и со други научни и уметнички институции од странство.
Во поновата македонска реалност, по конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (1944), годината илјада деветстотини шеесет и седма ја сметаме за година на официјалното основање на Македонската академија на науките и уметностите. Наскоро ќе го одбележиме големиот јубилеј – педесет години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.
Измината е една значајна етапа од досегашниот развој на Македонската академија на науките и уметностите. Но, како и сè друго, и самата Академија е исправена пред големите предизвици што ги носи времето на новиот милениум. Во годините и децениите што следуваат Академијата континуирано ќе работи на остварување на својата мисија и на својата визија.
Мисијата на Македонската академија на науките и уметностите е да го даде својот целосен придонес во вклучувањето на македонската наука и уметност во модерните европски и светски научни текови на овие круцијални сфери на човековиот дух и цивилизациското опстојување, преку поттикнување на научноистражувачката работа и постојана грижа за зачувување и афирмација на македонското уметничко и културно богатство и наследство, како битни претпоставки за вкупниот развој на Република Македонија.
Визијата на македонската академија на науките и уметностите е Македонија да стане напредно општество базирано врз науката и знаењето.

 Извор:http://manu.edu.mk/home-2/%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0/

 slika1

 ОСНИВАЊЕ НА МАНУ : http://manu.edu.mk/home-2/%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

 Првото раководство на МАНУ (од лево): Ѓорѓи Филиповски, Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ

Првото раководство на МАНУ (од лево): Ѓорѓи Филиповски, Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ

 

 Јуни 2021 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1910
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная