логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 2.svetiteli


 

НЕКОИ АНОМАЛИИ НА ЛИЧНОСТА ОД ГЛЕДНА ТОЧКА
НА ПРАВОСЛАВНАТА ПСИХОЛОГИЈА


Душата жеднее за рамнотежа и бара спокој; таа не е во состојба ниту вечно да се измамува самата себе пред лицето на совеста, ниту да ја поднесува и да ја созерцува својата морална недостојност.

И. А. Иљин

3.angeli.so.truba
  
Нашата совест најчесто не ја препознаваме по нејзините силни повици за добродетели, туку по измачувачкиот прекор кој претставува „болен протест на истиснатиот и слабиот акт на совеста“.220 Човекот речиси и не знае за творечкото пројавување на совеста, зашто не ì дозволува да го искаже позитивниот повик.
Врз основа на избраната тема, ќе нè интересира токму опстојувањето на човекот во услови на грижа на совеста, зашто таа доведува до невротизација и до други психопатолошки промени.
„Мачениците на совеста“ се впечатливо опишани во литературата: леди Магбет кај Шекспир, Борис Годунов кај Пушкин. Царот Борис забележува во врска со совеста: „Здравата совест ја победува злобата и мрачната клевета“, а покајничкиот глас на совеста се споредува со црната чума. А. С. Пушкин во трагедијата „Скржавиот витез“ вели за совеста:

„...или за совеста,тој ѕвер со канџи,
што в срце гребе: совеста – што е?
неканет гостин, соговорник лут,
заемодавач суров, вештерка зла
од која месечината се крие
а мртвите стануваат од гробовите “.

Навистина, гласот на совеста понекогаш ги повикува од длабочините одамна заборавените и, би се рекло, добро сокриените гревови. И ако на човекот „не му успее да ги изнесе на виделина укорите на совеста, и ако ја задушува својата совест, тогаш сиот негов внатрешен свет останува распарчен и ослабнат“.221 Колку повеќе природата на човекот е острастена, и колку е тој помалку расположен за духовен напор, толку повеќе тој има потреба од механизми за ослабнување на совеста.
Појавата на психопатски црти често се сведува на искривување во мотивационата сфера. Ние сметаме дека, паралелно со тоа, важна улога играат и заштитните механизми на гревовното устројство на душата, коишто го придушуваат гласот на совеста и ја попречуваат духовната работа. И навистина, ако не постои нормално излевање на духовната енергија во молитва, во покајничко чувство, тогаш очигледно мора да постои механизам за истиснување или за неутрализирање на таа енергија.
Познато е дека моралното чувство се формира постепено, и дека несозреаната (инфантилна) детска психа во помала мера располага со заштитни механизми, а тоа, во крајна линија, го прави детето поотворено за духовен живот. Според мерата на растењето, созрева и моралното чувство, паралелно се формираат гревовните навики и искуства. Ако човекот не ги прифаќа оптималните начини за излегување од проблематични ситуации (покајание, молитва, смирение, учествување во Таинства), тогаш нивното место во неговата душа го заземаат различни психопатолошки механизми (истиснување, проекција, пренос).
Човекот е битие со широк животен потенцијал. Според зборовите на св. Јован Златоуст, во зависност од изборот, човекот може да стане и ѕвер, и ангел, па дури и син Божји (секако, по благодат, а не по природа).222 Овој светител повеќепати укажувал дека човекот за своите гревови во никаков случај не треба да ја обвинува човечката природа, природните нагони, цртите на карактерот, надворешните околности, бидејќи решавачко значење секогаш го има сопствената волја.223 Затоа, кога понекогаш велиме дека неврозата, психопатијата, алкохолната зависност итн., претставуваат болест, не треба да сметаме дека се тоа неволји со коишто, слично на грипот, се заразуваме од првото кивање. Современите психијатри А. Еј и П. Бернар тврдат  не без причина  дека невротичниот човек не е пасивен носител на симптомот, туку негов творец.224 Во врска со тоа, разбирлив е нискиот процент на излеченост од таквите заболувања. К. Леонард, кој десетици години работел со психопатски личности, признава дека најмногу што можел да постигне со терапиите било придушување на патолошките симптоми на таквите лица, подобрување на нивната адаптација во општеството, и стекнување навика да остануваат во одредени „рамки“. Но, самата „наклонетост кон болеста“ практично не можел да ја елиминира.225
 
ЈАС НЕ СУМ ВИНОВЕН

или

ПАСИВНИ ЛИЧНОСТИ

Проблемите на нашето време се токму во духовната ослабнатост, во пасивноста во однос на тешкиот труд на измачувачкото достигнување на Вистината.

Проф. М. М. Дунаев


Психопатските личности секогаш се согласуваат во восприемањето, општењето, терапијата и во духовното раководење. Предмет на нашата анализа во овој дел од книгата ќе бидат луѓе со такви психолошки особености коишто дозволуваат тие личности да се окарактеризираат како пасивни. Ќе издвоиме два типа пасивни личности: импулсивни и „слабокарактерни“.
Основна црта на првиот тип е дејствување според одредени каприци, отсуство на јасни морални принципи, искривување на волјата, извртено восприемање на реалноста.
Каприцот – всушност, некоја најнеобична желба – претставува за нив категоричен императив, тоа е „импулс на кој не можеш да му се спротивставиш“.226 Притоа, импулсите што се јавуваат во душата најчесто се сосема примитивни по содржина и неприродни по форма. Такви луѓе има многу, а голем број од нив пристапуваат и на Црквата. Но крајната пасивност претставува за нив сериозна пречка на патот на преобразбата на душата.
Ослабнувањето и погрешната насоченост на принципот на волјата, чија енергија е предназначена за искачување кон Покајанието, и импулсивноста се два основни фактора коишто го попречуваат движењето по тој пат. Тие се способни да разберат многу нешта со умот, но вложувањето усилби за достигнување сериозна цел за нив е крајно сложено. Нивниот брод го потресуваат бранови од каприци, од моќни внатрешни пориви, за кои самите тие понекогаш немаат претстава: „Самиот не знам зошто излезе така  ми падна на ум, и така постапив“.
Отсуството на умствено-аналитичката фаза на извршувањето на постапката е очигледно: „Јас не можам да ги контролирам своите импулси, поттици.“ Не треба да се заборави дека тие поттици имаат гревовен, а понекогаш и неморален карактер. Притоа самиот човек не може да ги мотивира своите постапки врз логичка основа.
Фазите на развојот на гревот, опишани во светоотечката литература (приклонување, советување, поврзување, дејствување, гревовна навика, страст) во дадениот случај не се реализираат. Невозможно е да се утврди каде е почетната помисла, зошто фазата на обмислување апсолутно отсуствува, како и фазата на борбата, односно не може да се утврди од каде доаѓа намерата за дејствување, ако контролата над ситуацијата кај таквите луѓе е до таа мера слаба што за нив велат: „Виновен е, но не со предумисла“.227 Ние го гледаме само крајниот резултат  дејството што овладува со целата природа, со сета душа со ослободување на големо количество енергија. Самото дејство претставува и почеток и крај на гревовниот акт. Спознанието доаѓа подоцна, понекогаш заедно со чудењето и разочарувањето: „Јас не сакав да ги земам тие пари, тоа се случи спонтано“.
На читател запознат со православната аскетика, ваквиот опис може да му наликува на опседнатост со демони. Колку е вистинита ваквата претпоставка?
Тргнувајќи од светоотечкото учење за дејствувањето на злите духови врз човековата душа, Адриан ван Каам, свештеник и психолог, предложил да се прави разлика меѓу демонските опсесии и демонските посесии. „Демонските посесии или опседнатост со ѓаволот, кога злите духови ја освојуваат власта над телото и над душата, може да бидат директно излечени само со Божја волја. Тие се крајно ретки во денешно време... Демонската мини-опсесија се јавува само на фонот на оној паднат дел од нашата душа, достапен на силите на злото, чиј признак е гордоста.“228
Насоченост на дејствувањата на човекот кон злото, при слабото разбирање, од страна на самиот човек, на суштината на збиднувањата, навистина наликува на директно дејствување на духовите на злото (посесија). Но, нема да брзаме со заклучоци. „Особеност на мини-опсесијата е нејзината речиси целосна идентичност со растројствата предизвикани од психолошки, социјални и неврофизиолошки причини“.229 Тука се јавува опасноста да се замени психолошката аномалија со оваа духовна болест. Макар што демонското влијание во случаи на видливи личносни растројства е очигледно, тоа сепак е индиректно и се пројавува во веќе наброените квалитети: пасивност, слабоволие, ниска самокритичност, неумеење да се скротуваат желбите.
Свети Антониј Велики предупредувал дека развивањето на постапувањето, на дејствувањето треба да се одвива и да се анализира на нивото на помислите: „Не постапувај според секоја своја помисла“.230 И уште повеќе: „Не исполнувај ги своите помисли и посакувања“.231 Тие треба да се споредуваат со евангелскиот закон и со сопствената совест. Имено, кај импулсивните личности отсуствува проверувањето на помислите.
При изучувањето на литературата поврзана со даденово прашање, нè зачуди совпаѓањето на мислите на автори, коишто имаат сосема различни светогледи, за тоа дека кај пасивноимпулсивните личности нормалната мотивација е искривена и е присутна желбата да се избегне одговорноста за сопствените постапки. Тие за себе бараат можности за заштита од лична одговорност пред другите и пред самите себе.
Детето ја крие главата под облека, оградувајќи се од надворешниот свет, сметајќи дека со тоа се изолирал во некоја друга димензија и дека нема да го стаса одговорноста за неговите постапки. Сличен механизам на инфантилен страв пред одговорноста ги истиснува од свеста сите обиди на осмислена и логична, морално обоснована мотивација. Останува само каприцот, импулсот.
Не напразно ги наведовме мислите на игуменот Евмениј за вештината на одрекување како пројавување на зрело чувство за одговорност, бидејќи уште една важна карактерна црта на таквите луѓе е  податливоста. Однесувањето на таквите луѓе истиот автор го нарекува гревовно, неконтролирано.232 Еве го карактеристичното самооправдување што тој го наведува: „Јас ништо не можам да направам самиот, демонот ме наведе“.
„На тој начин, за таквите луѓе импулсот не е случајна, туку регуларна појава... При нејасна мотивација човекот редовно чувствува дека нема удел во мотивите на посакувањето или на дејствувањето.“233
Импулсот не предизвикува секогаш драматични, силни манифестации. Кога човекот, без да разбере зошто, тивко приоѓа кон бифето, си налева чашка водка и ја испива на екс, и исто толку тивко легнува да спие  и тоа е пројавување на импулсивноста на фонот на пасивноста. „Посака  и се напи...“ Духовниот дефект кај луѓето со слична личносна аномалија е доволно длабок. Освен преку неразвиеното чувство на одговорност за своите постапки, тој се манифестира и преку отворена самоувереност и отсуство на грижа на совеста за своите постапки. Макар што се среќаваат и „страдалници“, оние што ја чувствуваат вината, тие сепак го прават тоа своеобразно: оправдувајќи се себеси и обвинувајќи ги околностите.
Со какви очи таквиот човек ќе гледа, влегувајќи во Црквата, на своето место во неа, на реалиите околу него? Какви опасности го демнеат? Еден од главните проблеми на пасивните личности е нивната неискреност при исповед. Тие настојуваат да се сокријат зад ѕидот на околностите, претставувајќи му ги на свештеникот своите постапки во ентериерот на тешки објективни фактори. Секако, тоа се случува со секој парохјанин, но за типот на луѓе што го опишуваме, дадената црта е особено карактеристична. Процесот на чистењето на отровната трева (гревот) од множеството листови во кои е завиткана е болен  како да сечеме живо месо. На свештеникот му е потребно трпение, па дури и долготрпение, во спротивно бранот на стихијниот импулс бргу ќе го однесе неговиот штитеник надвор од Црковната ограда. Стоејќи надвор од оградата, тој ќе го обвинува пастирот дека е премногу млад (или, обратно, дека е стар и глув), дека за обреди наплатува трипати поскапо, дека иконите не се закачени по правилен редослед и, воопшто, дека него не го разбрале и со ништо не му помогнале.
Втора, не помалку важна околност е неспособноста перспективно да се планира својот живот, да се постават актуелни духовни цели, со смирение и со трпение да се настојува тие да се реализираат. Кај таквите луѓе сè е стихијно, избувливо. Лесно може да се забележи дека кај нив расудувањето за сериозни предмети е површно, бегло, без навлегување во внатрешната суштина на појавите.
Наслушнувајќи дека во Старокоњушниот реон, во селото Горни Валујки (оддалечено 200 км од неговиот дом) живее старица којашто умее да претскажува, нашиот јунак непромислено и набрзина се упатува кон неа, без да размисли доволно ниту за околностите, ниту за духовната цел на патувањето. Неповрзаните мисли, според неговото лично признание, во тој миг се вакви: „Можно е дека ќе ми претскаже како ќе успеам на новото работно место; или ќе ми каже нешто важно?“ Постојат нагодувања, претпоставки, но не и јасна цел.
Трета опасност за нив е започнување со играта „послушание“. Заменувајќи го внатрешниот импулс со потстрек од надвор, тие со иста леснотија бегаат од одговорноста. Духовната цел на послушанието (смирение) останува за нив затворена. Преподобниот ава Доротеј ја наведува следнава аналогија: „Како што во запрежна кола едниот коњ не може да го престигне другиот, така е потребно и послушание за да може со него да се спрегне смирението“.234
Како што гледаме, послушанието и смирението се неразделиви, кон послушание се пристапува со смирение, отсекувајќи ја својата волја заради нејзино воспитување, а не погубување, за да ја навикнеме да ни служи за добро, а не за маскирање на нашето духовно бессилие. Тие луѓе „буквално ги префрлаат на плеќите на свештеникот сите свои проблеми... Тие ја исчекуваат исповедта, ја исчекуваат средбата со свештеникот, понекогаш прашуваат како да се борат со гревовите, а всушност не сакаат да му се спротивстават на гревот.“235 Под послушание тие „подразбираат чувство на заштитеност, сознание дека духовникот се грижи за нив, претпоставка дека, ако тие не се помолат, за нив тоа ќе го направи духовникот и сл. ... Но, кога на духовникот треба да му се кажат вистинските гревови и недостатоци на човекот, се крева бура од револт, навреди, негодувања.“236

Еве еден типичен пример.

Една средовечна жена, со изразит импулсивен карактер, долго време му здодевала на свештеникот, барајќи да ì даде „послушание“. Својата желба таа ја објаснувала со стремежот за духовен раст и со решеност да ја „отсече својата волја“. Свештеникот извесно време ја одвраќал, трудејќи се да ì ја објасни смислата на таквата духовна активност, но таа не попуштала, бидејќи послушанието го разбирала како активност одредена со нечија заповед. А токму во тоа време, пред претстојната есен, на настојателите на храмот им биле потребни пари за реконструкција на кровот. Требало да се најде човек кој ќе ги посети сите добростоечки фирми во реонот, да им го пренесе апелот за помош. Тешкотиите на оваа задача (далечни релации, долго чекање на превозните средства, ноќевања во треторазредни услови, нередовна исхрана) биле очигледни. Но импулсот што ја движел оваа послушница, бил крајно силен. На крајот, ì дале благослов. По неколку патувања, настапила длабока криза. Неудопствата при патувањето станале за неа главен проблем, од кој произлегле многубројни жалби.
„За жал, повеќето неофити во „живеењето по благословение“ ја гледаат можноста за ослободување од одговорноста за своите дела и постапки. Неодговорните одлуки и неосмислените чекори ги изнесуваат за благословение пред духовникот за да можат, без многу размислување, да ја префрлат сета вина за својот неуспех врз духовникот.“237
Импулсивната личност, како резултат на својата неспособност за анализирање на актуелните цели, се „разгорува“ на почетокот на секое дело што ќе му се допадне. Понекогаш, како во наведениот случај, дури и на духовникот не му успева да го придуши тој оган. Завршувањето на започнатото дело не се зема предвид при перспективната анализа и, згора на тоа, не се решава проблемот на духовната компонента на секое започнување ново дело.
Свети Антониј Велики ги поттикнувал оние што одат по патот на спасението внимателно да се однесуваат спрема своите дела: „Нека секој од вас ги забележува и ги запишува своите постапки и својот душевен развој, со цел да си ги соопштите еден на друг; и бидете уверени дека, од срамот пред јавноста, веднаш ќе престанете да грешите, па дури и нема да дозволите во вашите мисли да навлезе нешто лошо. Зашто, кој сака другите да го видат кога греши?“238
Несакањето „да биде виден“, кај пасивната личност прераснува во маскирање и затскривање на сите постапки од самиот себе, со отсуство на каква и да е духовно-морална анализа на своето однесување.
Меѓутоа, не треба да се мисли дека се работи за апсолутно беспомошни луѓе. Не, тие успешно ги исполнуваат краткорочните задачи коишто се однесуваат на сферата на личните интереси, зашто нивното однесување во целост е егоцентрично. Доколку се загрозени нивните интереси, „тие вршат социјални манипулации со голема вештина.“239
Користејќи го критериумот за пасивност, прифатен од наша страна, од погоре изнесените размислувања можеме да го изведеме следниов заклучок: ако хистероидниот, параноидниот, опсесивно-компулсивниот и шизоидниот тип личности несомнено располагаат со силен набој на активности (кој, се разбира, е погрешно насочен), кај пасивните типови, како што се импулсивниот и слабокарактерниот тип (напоредо со депресивниот) тоа својство е ослабнато. Следствено, активните типови можат, под будно око на искусен духовник, да ги користат своите позитивни квалитети, преобразувајќи се постепено. Пасивните личности сакаат сета нивна духовна обврска да ја реализира некој друг, а тие да ги пожнеат плодовите.
Продолжувајќи го истражувањето на темата пасивни личности, на сцената ќе изведеме ново лице. Ќе го наречеме личност со слаб карактер. Во познатите класификации таков назив не постои, но тој термин може лесно да се објасни.
Постои термин којшто ги опфаќа сите луѓе од „слаб“ тип: дефанзивна личност. Тоа е неавторитетен човек, човек што само се брани, непрактичен, инертен, несигурен во себе, малодушен. Секако, под овој поим можат да се сведат и голем број астеници и психоастеници, дефанзивни шизоиди, па дури и некои епилептоиди. Луѓето со слаб карактер одамна ги нарекуваат меланхолици. Во западната класична литература по акцентуација и психопатија, ваквите луѓе се нарекуваат нестабилни.240
Без оглед на зависноста од надворешните околности, гледиштето на нашиот јунак за самите тие околности е крајно нереален. Голем број такви луѓе се крајно доверливи, и кога им раскажуваат секакви измислици и стории со наплив на нездрав мистицизам, тие ги примаат како вистини. Таквите луѓе човек лесно може да ги убеди дека во таквите стории се содржи суштината на Православието.
„Со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство“ – е кажано во книгата Псалми (Псалм 17:26). Ова е применливо за секој човек, а особено е актуелно за слабокарактерниот тип, зашто тој силно зависи од средината во која се наоѓа. Тоа не е обична приспособливост, кон која се склони конформистите. Тие луѓе и не мораат да се приспособуваат, зашто тие, како течност, ја примаат формата на секој сад. Кога таков човек ќе се најде на парохиски „седенки“, на кои сериозно се анализираат прашањата од духовниот живот, тој активно учествува во разговорот, не сомневајќи се ниту за миг во неговата сериозност и важност. Но, истата вечер тој може да се најде во друштво на луѓе коишто се далеку од Црквата, и да учествува во неконтролираните шеги. Колку повеќе таквиот човек комуницира со сериозни луѓе со длабока вера, толку повеќе се менува на подобро. Но, брзата промена на гледиштата го покажува отсуството на волјата, толку неопходна за спротивставување на гревот. Мненијата и настаните, коишто се одвиваат во дадениот миг, често стануваат доминантни и го определуваат однесувањето и образот на мислите на таквиот човек. Притоа се повредува едно од главните правила на аскетиката: анализа на надворешниот и на внатрешниот потстрек и проверка дали соодветствува на моралниот закон.241
Како што на импулсивен човек (според неговото лично признавање) му е „невозможно“ да ì се спротивстави на пројавената внатрешна желба, така и на човек со слаб карактер му е „невозможно“ да издржи пред притисокот на надворешните околности.
Си спомнуваме како еден човек, откако пристапил кон Црквата, престанал да пие, но по извесно време повторно почнал, со единствено оправдување дека не можел да ги одбие своите „пријатели“. Тие го чекале неколку дена по завршувањето на работното време и го намамувале во кафеана. Тој подоцна се правдал: „Јас не сакав да пијам, но во тие мигови никој не ме поддржуваше, а човек е слабо суштество, не може да издржи пред искушенијата, дотолку повеќе што јас не сум некој што може да одбие!“ Откако ќе слушне таквото оправдување, на човек му доаѓа да извика со зборовите на ликот од пиесата на Е. Шварц: „И што е најважно, јас не сум виновен!“
Св. Антониј Велики во врска со тоа пишува: „На неразумен човек му е својствено вината за своите гревови да ја префрла на своето раѓање или на нешто друго, кога самопроизволно користи лоши зборови или постапува лошо“.242
Меѓу лицата со слаб карактер има многу алкохоличари, наркомани, хомосексуалци. „Отсуството на внатрешна волја води кон брза социјална деградација. Според одредени податоци, меѓу личности со црти на нестабилност има до 50 % алкохоличари и до 70 % наркомани.“243
Таквиот човек има чувство дека го соблазниле, дека го наговориле на нешто, а тој „не можел да одбие“. Во ваквото оправдување може да се забележи „искривување на нормалното чувство за намера и делумна или менлива мотивација.“244 Ова е откажување од одговорноста во форма на нејзина „екстернализација“.245 Но, суштината е во тоа што тие луѓе самите наоѓаат надворешен притисок кој за нив ќе ја одигра детерминирачката улога и на којшто, во случај на потреба, може сè да му се припише. Следствено, и кај нив е присутно активното барање. Тие несвесно бараат таква „еколошка ниша“ во која самите за ништо не би биле одговорни, но би можеле да прават сè што сакаат.
Критичкиот однос спрема надворешниот притисок кај таквите луѓе е редуциран. Дури и човек кој свесно влегол во Православието, продолжува да запаѓа во различни непријатни ситуации, убедувајќи се притоа и себеси и околината дека причините за сите негови падови се  надворешни. Самиот тој не е виновен зошто не издржал – „демонот го натерал“.
Се разбира, секој човек, дури и искусен подвижник, може да отстапи во борбата со гревот. Но, „додека човек верува дека неговата животна ситуација, неговото гревовно однесување, неговата острастеност, неговата финансиска криза или несреќа се резултат на нечија друга активност, на некаква надворешна сила или, можеби, на неблагопријатен сплет на околности, кај него нема основа за стремеж кон личносна промена.“246
Бидејќи ваквиот тип е подложен на влијанија однадвор, тој лесно станува зависен од харизматични личности  лажни старци и лажни пророци. Општо земено, треба да се забележи дека пасивната личност најмалку од сè наликува на евангелскиот идеал: „Барајте ... чукајте ... молете“ ... Напрегнато дејствување и трезвеност  ете што треба да ги замени безволието и пасивноста.

 

 (Продолжува)

 

 3.angeli.so.truba


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издавач : Премин доо

(Превел од руски: д-рМихајловиќ С. Драган, м-р Златко Дивјаковски, Снежана Корнет)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.

 Esen.vopark4.jpg

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНАТА ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА (II дел)

ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНАТА ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА(Iдел)

 

Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: Психологија и психопатологија духовното раководство

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА

 Stefan.zaBozik1.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: ВЕЧНИОТ МОТИВ ИЛИ НАМЕТЛИВИ ЛИЧНОСТИ 

http://preminportal.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9000&Itemid=1

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная