логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Загреб, 31 март 2012 (МИА) - Симон Трпчески  синоќа настапи во престижната и полна концертна сала „Ватрослав Лисински“ со Загрепската филхармонија и ја одушеви хватската публика, која со овации го врати на сцената за две изведби на бис.

Одамна распродадениот концерт беше насловен „Магичниот Трпчески“ и воден од младиот хрватски диригент Иван Репушиќ. Беше завршница на одбележувањето две децении од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска, покрај другите активности што по тој повод ги имаше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера, на својата прва официјална посета на Хрватска.

Трпчески и рече на публиката дека се чувствува како дома и дека е почестен што настапува за јубилејот од дипломатските односи на двете пријателски земји.

Премиерно на Балканот го изведе делото „Фантазија на две фолклорни теми“ што  за него го напиша композиторот Дамир Имери, исто така присутен на вчерашниот концерт, а беше праизведено во јануари во Ставангер, Норвешка. Изведбата вчера Трпчески им ја посвети на 30-ина пријатели и негови студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, кои дојдоа во Загреб за концертот.

- Ваков концерт, кој во својата програма вклучува балканска премиера на македонско дело е од особено значење за мене и сум многу среќен, зашто многу напор и искрени чувства внесовме заедно со Дамир во подготовката на делото, а јас и  мојот менаџмент во неговото пробивање зашто е многу тешко кога се работи за нова композиција. Сметам дека по светската премиера во Норвешка, оваа втора изведба, во Загреб, доживеа голем успех. Хрватите како словенски народ не симпатизираат и се во контакт со нашата музика, изјави пијанистичкиот виртуоз по изведбата.

Концерт-мајсторот  Мартин Драушник изјави дека бил почестен да свири со Трпчески. - Тој е извонреден музичар и за мене беше голема чест. Навистина уживав од првиот до последниот тон, рече тој по настапот.

Ова дело ќе има и американска премиера, на 19-ти и 21 април во Сиетл, а во меѓувреме Трпчески ќе гостува и во Кина.

Покрај „Фантазија на две фолклорни теми“, синоќа тој го отсвири и Концертот за клавир и оркестар број 2 од Камиј Сен Санс, за кој изјави дека е убав за слушање, но многу комплициран концерт. Додаде дека уживал во настапот и во соработката со Загрепската филхармонија и дека  се надева на повторно гостување.

На бис ја изведе „Играорна фантазија“ од Кочо Петровски, а на вториот - „Германски танц“ од Шуберт, поради  долготрајниот аплауз на публиката во салата „Лисински“, во која половина век настапуваат светски имиња и оркестри од класичната и од џез-музиката. хс/бак/9:32

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата- „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата- „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

« »