логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Многубројни се поводите за разговор со хрватската пеачка и авторка Антонија Шола, поаѓајќи од нејзината љубов и топлина кон луѓето бидејќи таа е докажан хуманист, чијашто добрина допира и до нашиве простори. Нејзиниот профил ни открива млада и популарна пеачка, композитор и текстописец, потоа добитничка на награди во Хрватска и Македонија, и успешна актерка од серијата којашто ја гледаме и во Македонија, апсолвентка на Хрватските студии насока социологија и хрватска култура и долгогодишна соработничка и пријателка на нашата почината мегаѕвезда Тоше Проески.

Таа е трпелив и ненаметлив, но голем пријател на Македонија, го симболизира пријателството меѓу  хрватскиот и македонскиот народ преку соработката првенствено со Тоше но и со други македонски музичари.

Во неа препознавме нам многу блиска и драга пријателка уште со првиот контакт кој го остваривме преку светот на музиката, соработката на песните и хит дуетот со Тошета Проески „Волим осмијех твој“. Ја видовме и на Охрид фест-2008 година со песната „Божји пат“, кога Антонија Шола ја освои главната фестивалска награда и со подршка на публиката ја освои наградата за снимање на видео спот во вредност од 20.000 евра, но таа се откажа од паричната награда во полза на снимањето на документарен филм за манастирите во Македонија.
Го препеа на македонски јазик и својот прв албум „Анѓеле“ па приходот од истиот ќе го подари за хуманитарни цели.
 
Посакавме да ја запознаеме подобро и ја замоливме за овој разговор. И благодариме што не прифати.
 
1. Вашиот прв албум насловен „Ангелу“, по златниот тираж достигна и платинест тираж, најновиот албум пак е со наслов „Гдје је срце ту је дом“, колку вам како на млад човек , ви значи вербата во Бога?


Израснав во католичко семејство и имав среќно детство со многу родителска и братска љубов, мислам дека Верата и Семејството се темелите на човековиот карактер и на општеството, воспитувана сум да ги почитувам сите Вери и народи и ги сакам своите ближни, за тоа сум им благодарна на моите родители коишто ми ја всадиле таа хуманост и љубов. Верата за мене на се во животот му дава смисла, надеж, храброст, утеха и ме учи како секој ден да бидам што подобра кон другите и кон себе па така и кон Бога. 
      
2. Во кои моменти од животот и на каков начин верата во Бога вам ви помогнала?
 

Верата најмногу ми помага во моментите на слабост и ми дава сила, кога тагувам ми дава утеха, во моментите кога се чини дека веќе немам каде ми дава надеж, но сум научила и во среќните моменти од својот живот да не го заборавам Господ Кој ме сака и со Него да ги поделам среќните моменти и да благодарам. Најмногу мверата ми помага во моментите кога светот е неправеден и кога патам, тогаш знам дека Бог има свој план и јас Му верувам и Му се предавам со своето патење.

3. Молитвата е разговорсо Бога, а богослужбата е заедница од луѓе кои љубовта ги собрала, љубовта во Него, колку во сето ова Вие се наоѓате?



Молитвата за мене е искуство кога сум најблиску до Бога, кога Му ги доверувам сите мои слабости, своите рани и желби, сите свои благодарности, сите свои болки. Радо одам на Миса и најмногу се молам за Мир и љубов меѓу луѓето. Одам на Богослужба и во Католичката и во Православната македонска црква. Верувам во единство и еднаквост на луѓето пред Бога.


4. Живееме динамично и како да забораваме да се потпрашаме: “Пријателе, како си?“ Работиме едно или друго, но човечките односи се најважни.  Св. Теофан Затворник вели: „Од што треба најмногу да се плашиме? Од себезадоволство, себевреднување, себевообразување и од сите други работи кои почнуваат со себе...“


Се согласувам, мене ми е многу жал што во некои медиуми тоа дури и се поттикнува, се поттикнува самоуверенест на наметлив начин величењето на самиот себе не грижејќи се за другите. Тaкашто едноставното но многу интимното прашаље „Како си?“ изгубило од своето значење и станало клише при поздравот,  дури не се бара ни одговор. „Како си пријателе?“ би требало да значи дека нам личноста која ја прашуваме ни е важна и сакаме да чуеме што таа сокрива во длабочината на својата Душа, кои болки ја мачат, од што се плаши, а нашто му се радува. Ова прашање би требело да ја покаже нашата грижа и љубов кон ближниот, свесна сум дека човечките односи во денешново време се прилично нарушени заради брзината на живеењето, со количината на обврските а денот има само 24 часа, и мене ми се случило да се изгубам во тој брз свет, но Молитвата и Верата, Семејството и Домот секогаш биле мој пристан кој секогаш ме потсетувал на вредностите всадени во детството кои секогаш ме враќале на вистинскиот пат. Важно е да имате мир со самиот себе, со другите и со Бога за да би можеле да живеете во љубов.


5. Преку вашата веб страна праќате прекрасна порака која гласи: „Ви благодарам што ми пишувате, што сте моја поддршка и што се препознаваме во моите песни, лубовта во нив нека биде она што не поврзува... Ве сака Антонија“.Ги прескокнувате ли границите  на човечката заедница, трагајќи по границите на  внатрешната духовна  заедница помеѓу луѓето ?


Со своите настапи во јавноста се трудам на младите да им давам добар пример, како во своите песни, така и со истапите во јавноста, со изборот на емисиите и  хуманитарните акции во кои учествувам, навистина го ценам и се радувам кога луѓето тоа го препознаваат, се радувам бидејќи чувствувам колку има прекрасни души и среќна сум што постојат, заради тоа се вреди, заради сите што ќе најдат надеж во моите песни тие и мене ми даваат надеж и секогаш одново потврдуваат дека Љубовта и Мирот се меѓу нас. Секако и јас имав погрешни чекори во минатото, но верувам дека простувањето треба да се заслужи, дека тоа мора да се моли секој ден и за себе и за другите и секој ден ќе настојувам во тоа. Верувам дека песната може да биде многу силна Молитва којашто сите нас не поврзува. Мислам дека границите ги направиле лугето, Бог не ни ги одредил, и затоа моите најчести молитви и се за Мир.


6. Во споредбата со тишината, музиката може да го измери своето значење, во споредба со што, Вие го мерите односот кон музиката?


За мене и Тишината има големо значење, бидејќи често по настапите, снимањата во студиото, средбите со голем број на луѓе, за повторно да го најдам својот внатрешен Мир,  ја побарувам Тишината во самотијата, таму ја наоѓам и Божјата присутност и потоа можам понатаму. Музиката за мене е Божји дар, нешто низ кое говори мојата Душа а јас сум само медиум, понекогаш и сама се прашувам од каде доаѓаат сите песни кои ги пишувам, верувам дека тоа е дар Божји којшто не ми е само мене даден да го имам и да го чувам за себе туку да го споделам со другите и на тој начин да се поврзам со нив. Музиката за мене е  песна на душата што не поврзува, во многу тешки моменти во мојот живот, баш низ Музиката сум стекнала сила.


7. Секогаш дарувате убави композиции, убави текстови, прекрасна изведба, ...донирате време, труд и пари во хуманитарни цели во Хрватска и во Македонија. Концертот што ќе се одржи во Велика Горица на 20. 02. 2008 година, има хуманитарен карактер. Кој овој пат ќе ја добие Вашата подршка?


Хуманитарните настапи на кои сум канета и на кои учествувам, всушност мене ми се награда бидејќи ми даваат можност да сторам нешто и да го свртам вниманието кон луѓето на кои помошта им е потребна. Концертот во Велика Горица е наменет за помош на малиот Роби кој болува од Дауновиот синдром. Се собираат пари за многу сложена операција во Швајцарија. Освен мене, учествуваат уште многу мои колеги од хрватската музичка сцена. Сите ние секогаш би требело да бидеме едните покрај другите, како во малите работи така и во големите, бидејќи животот е остварен дури во соживотот со другите.


8.  Повеќепати сте покажале љубов и хуманост кон Македонија и македонскиот народ, која е таа нишка којашто Ве поврзува со Македонија и кога сето тоа почнало?

Се почна со мојата музичка соработка со Тоше Проески, нашата соработка стануваше се подолга и подлабока, а така моето интересирање за неговата татковина Македонија. После само една посета на Македонија веднаш ме прифатија и стекнав многу пријатели, луѓето ме освоија со својата срдечност, топлината но и со вербата во Бога. Во Македонија секогаш одам кога можам и секоја посета ме весели, но и во Хрватска ми се јавуваат многу македонци што живеат тука и секогаш ми е драго кога ќе се јават бидејќи така чувствувам дека Ви припаѓам. Засега ги разбирам скоро сите зборови а прилично добро и сум го научила македонскиот јазик. Но секако морам да истакнам дека македонскиот јазик е особено певлив и обожавам да пеам на македонски и особено ја сакам македонската музика. По Тошевата несреќа си ветив дека нема да ја заборавам Македонија и дека ќе се трудам колку што можам да бидам тука за Вас, и со дело и со Молитва, и дека ќе ги сочувам стекнатите пријателства. Мислам дека мисијата на Тоше беше Љубовта, којашто треба да ја негуваме едни кон други, и дека тоа е мисија на сите нас.

(Продолжува)

 

Детал од собата на Антонија Шола 

Интервјуто го водеше: К.Т.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 103
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 329
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 438
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »