логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Марија Јуриќ Загорка пред 120 години го напиша првиот новинарски текст и стана прва жена новинар во Средна Европа

 


„’Опишете го најубавиот ден од својот живот‘- гласеше задачата која на учениците од шесто одделение им ја зададе учителката. Во тишината која се ширеше низ училницата единствено се слушаше звукот на моливите на четириесеттина девојки, а мојот молив сеуште мирува. Залудно мислите ми се враќаат во детството и го бараат најубавиот ден. Секој ден е мрачна слика и исполнет со солзи од несреќното детство. Очајно гледам во празниот лист, а сите спомени се враќаат и паѓаат како птици кои летаат во темна пустина.“-запиша Марија Јуриќ Загорка во својата последна автобиографија, која во 1953 година, непосредно пред нејзината смрт беше објавена под наслов „Како беше“.

Марија Јуриќ Загорка пред 120 години го напиша својот прв новинарски текст и стана првата жена новинарка во средна Европа и пред 110 години, во септември 1899 година го објави својот прв роман „Робија“. Новинарската кариера во „Обзор“ ја почнала со потписот Загорка и текстот „Еден миг“ (Egy percz), објавен на 31 октомври 1896 година. Тоа бил нејзин политички протест против кондуктерите кои на улицата „Славонска“, но и на другите хрватски железнички станици, извикнувале на унгарски јазик, а понекогаш и на германски, така што името на улицата станува број на минути (egy percz), колку што возот ќе се задржи на станицата. Бидејќи работниците и селаните не ги познавале овие јазици, влегувале во погрешни возови и биле изложени на малтретирање, па дури и на физички напади од кондуктерите. Овој текст му се допаднал на бискупот Штросмаер, главниот акционер на печатницата и на весникот „Обзор“ и наредил писателот да се вработи, иако знаел дека станува збор за жена, што во тоа време било доживеано како културен и морален скандал, пред се затоа што во тоа време немало новинарки ниту во Лондон, и второ, затоа што, за да се пишува во „Обзор“ требало да се биде „некој“. Марија Јуриќ секако била „некој“. Потекнува од богато семејство, но побегнала од дома каде за вечера имала девет видови оброци, и осум спални соби, а живеела во Загреб, во мала собичка и јадела само салата, единствено за да може да пишува. Но, Штросмаер имал силна волја и Марија е примена на работа, но добива два до три пати помала плата од мажите новинари и за разлика од нив сместена е во посебна канцеларија, за да не можат да ја видат посетителите во Редакцијата, односно да не го посрами весникот, кога би дознале дека во него работи жена.

Својата борба Загорка ја водела на три фронта: против унгарската политика, против германската политика, која во 1851 година била наметната во Хрватска и против непишаното правило дека жената е создадена исклучително за да им се посвети на децата, кујната и црквата. Истовремено пишувала и сатирични текстови против високото друштво, а од 1897 година се обидела да ја формира првата феминистичка организација, која власта ја забранила, а неа ја осудила на осум дена затвор.

Првото драмско дело на Загорка е едночинката „Што умее жената“, изведена во 1901 година во Хрватското народно казалиште, која од тогашната унгарско-германска критика било дочекано на нож. Во тоа време, мошне влијателниот критичар Ото Краус ќе напише: „Сите нека запаметат, дека се што оваа авторка пишува, што напишала и што ќе има дрскост да напише, е и останува за сите времиња и за сите генерации-шунд литература за краварки.“

Ваквата критика не ја обесхрабрува. Во бурната 1903 година, таа е на чело на демонстрациите и по апсењето на уредникот, четири месеци била главен уредник на „Обзор“ и де факто го спасува весникот. Во меѓувреме издржува казна од десет дена и на сламарицата меѓу лебарките ја пишува драмата “Евица Гупчева“.

Во почетокот на 20 век, Загорка е име за кое европскиот печат пишува во повеќе наврати. Но, во 1906 година, кога станува известувач од парламентот во Будимпешта, е објавена сензационална вест-дека таа е единствената жена во новинарската ложа, но и единствена новинарка во средна Европа. Известувачот од „Фигаро“ ќе напише: „Една необичност ме изненади во унгарскиот парламент. Таму седи млада Хрватка, известува за загрепскиот весник „Обзор“, ги информира своите унгарски, германски, италијански, руски, англиски, полски и останати колеги, па дури и мене, и жестоко политизира во корист на својата татковина. Некое мало чудовиште, но мошне талентирано и способно, кое хрватскиот парламент го направи најнапреден во средна Европа.“

И токму во Будимпешта, а во 1908 година и во Виена, Загорка се наоѓа во ситуација на преиспитување. Бидејќи дотогаш пишувала за историските настани во Хрватска во рамките на Австро-унгарската монархија и меѓу европските новинари била најупатена и најостра по перо, според бискупот Штросмаер, нејзините текстови кревале незапаметена узбуна во Хрватска, но и во Монархијата, владата во Будимпешта и во Виена. Се обиделе да ја корумпираат, бидејќи и обезбедена егзистенција во староста и убава трикатна куќа, но под услов да престане од хрватските делегати во заедничкото собрание да прави херои. Се разбира таа ја одбива ваквиот непристоен предлог велејќи дека„ Монархијата нема доволно пари со кои би ја платила за да ја предаде татковината“. Одговорот на австрискиот министер на претседателот на тоа бил: „Госпоѓо новинарке, Вие сте прерано родена!“

Марија Јуриќ Загорка е автор на неколку илјади новинарски текстови, внесувајќи живот во обичната хронологија. Бискупот Штросмаер во неа гледал голем потенцијал и ја поттикнувал да пишува, особено романи со историска тематика. Објавувањето на романот „Гричка вештица“, Штросмаер нема да го дочека, бидејќи умира во 1905 година, а со него Загорка стекнува огромна популарност, каква што не стекнал ниту еден автор во Хрватска. Таа во историјата на хрватската литература станува најчудесната појава-жена каква што дотогаш не постоела. На сето ова управата на „Обзор“ не му придавала некакво значење. И по 22 години известување и во периодот на Караѓорѓева Југославија и по илјадници новинарски текстови, Загорка дава отказ, затоа што не сакале да и ја изедначат платата со колегите мажи, а во меѓувреме на неа весникот заработил милиони, бидејќи од 1910 година, покрај новинарската работа, морала да пишува бесплатно и фељтонски романи кои биле објавувани под псевдоним секој ден во весникот, а подоцна и во книги. Ваквата литературна диктатура, односно своите фељтонски романи ги сметала за своја бела инквизиција, а дури десет години подоцна дознала дека управата на „Обзор“ со вагони нејзините романи ги дистрибуирале низ Хрватска, а со бродови во Америка.

Иако имала големи заслуги за ширењето на хрватскиот круг на читатели и развој на посебното прозно писмо, сепак Загорка не е член на Друштвото на писателите на Хрватска, а напишала толку многу што ниту денеска не се знае што се опфаќа нејзиниот опус: колку драми, колку едночинки, сатирични романи итн. Само 17 драми се изведени на сцената во Хрватското народно казалиште, што претставува репертоарен рекорд.

Во собраните дела, објавени по нејзината смрт, има 17 романи- десетици илјадници страници. Само романот „Гордана“, кој прво излегувал како фељтонски роман во „Јутарњи лист“ секој ден, цели осум години-според некои е најопсежен роман на светот, објавен е во 22.000 примероци, а што биле потрошени 40 тони хартија. Фантастична читаност доживеале и нејзините останати романи, меѓу кои и „Кнегињата од Петринската улица“-што е прв криминалистички роман во Хрватска.

И покрај големата читаност на нејзините романи, новинарството било нејзина опсесија и љубов. За тоа сведочи и нејзината автобиографија, во која вели. „Животот на репортерот секогаш донесува нешто ново, општествено, интересно, променливо, работиш брзо и лесно, а секогаш има време за театар или концерт и за мојата најмила разонода-свирењето клавир, која ми ја одзедоа романите. Од мојот живот направија логор, од мене направија камила која низ пустината дење и ноќе влече мевови полни со вода, а ги напојува патниците на својот господар, кој ја теши, велејќи: „Носи, влечи, а јас еве доброволно ти давам леб“. Кутрата камила мислеше дека со својот труд на луѓето им причинува задоволство и радост.“

Умира на 30 ноември 1957 година. Точно десет години пред својата смрт во две реченици го собра целиот свој живот, пишувајќи за главниот лик на романот „Камен на улицата“: „Имаше родители, а немаше ниту мајка ниту татко. Имаше дом, а беше сираче. Сега има сонародници, а нема ни жива душа. Сега има татковина, а сепак е бездомник. Камен на улицата, кој нема никој свој.“

Денеска во Хрватска со голем пиетет се говори за личноста и делото на Марија Јуриќ Загорка. Деновиве по повод 120 години од објавувањето на нејзиниот прв новинарски текст во Загреб, во организација на Филозофскиот факултет и катедрата за компаративна книжевност од Загреб и Центарот за женски студии, се одржа манифестацијата „Денови на Марија Јуриќ Загорка“ на кој учествуваа еминентни научници од повеќе европски држави, меѓу кои и македонските учесници: проф. д-р Елизабета Шелева од Катедрата за компаративна книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Катерина Петрова-Кузманова од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Манифестацијата се одржува, меѓу останатите локации, и во станот на Загорка во центарот на Загреб, на Долац, кој Градот Загреб го откупил по мошне висока сум и им го доделил на користење на Центарот за женски студии.

 

 Невена Поповска- Утрински весник


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1901
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2410
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная