логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Бојана Стојановић Пантовић (Извадок од книгата Свршеници на огинот, 2008)

Неиспратена разгледница
Одамна ги совладав најстрашните начини за паметење на соништата, навлегувањето во нивните лажливи кадри низ приказна, која секогаш се појавува со јасен лик, зад модрите простори, во нечија прегратка. Фигурата која те љуби речиси потполно ја припoила  другата половина на твоето лице, спојувајќи се со телото со твоето торзо и рацете и нозете како чудовиштето Лаокон. А надвор, на лизгавите тротоари, се измолкнуваат фигури во темни палта, секоја изместена накосо, некако навалена, како да ќе ја загуби рамнотежата во секој миг. Не можеш да се оттргнеш од таа прегратка, дали е тоа оној безнадежен и неподвижен Бакнеж  на Мунк?
Повикот на Евридика ненадејно севна од зад жолтите стакла на прозорчињата од зелено-сивите куќички; Телото на Евридика со лицето на брокатно зглавје, на постелата во која секој час може да се отсонува стогодишен сон, да се изгуби свест, или да се умре, или да се убие, сеедно, со голи гради, фини колкови, со очи чија милост протекла на чаршавот, којашто се обидувам да ја дофатам со рацеве, безуспешно, додека цинобер ми цути низ прстиве, а окерот со широк потег ги маскира нашите чела, јаболкниците, носевите. И тогаш, само молњевито вртење кон жената-невеста во црна риза, која стои на ледина покрај подготвените дрва за потпала, тоа црно лале, белокоса давеница, за која не може да се напише ниту еден стих.

Мртва природа со син цвет
Вазата во која збраната пролет на постојани чекања на мостот, е урна, што ги чува златните крлушки на попладневното светло и лушпите на шепотот на Луцифер, капки со разни облици претворени во зеленило, темнината на шумите и синило од онаа страна на ноќта. Сад за цвеќе кое лебди во потоците на течното злато, завртувајќи се околу својата оска како земјина топка, де помилувана од месечевата светлина, де отфрлена длабоко во универзумот. Ако постои место кадешто сирените пеат додека разумот спие, тогаш тоа лежиште е симетрија на утринската месечина и полноќното сонце, што тоне длабоко во виолетовата пена на воздухот и водата. Принесувајќи на површина света амфора со син свет.

 

Девојка на мостот

А кога избива полноќ, се откраднувам незабележливо од собата. Излегувам на мостот и чекам. Обично, таму среќавам три девојки: една облечена во долг фустан со боја на грашок, на главата, шешир со боја на окер, како замислено ја набљудува реката; малку повисока, од глава до стопала облечена е во керамида-црвено, со шешир од влакна од зајак со иста боја, кој ги затскрива нејзините разуздани руси кадри од косата. Таа е навалена преку дрвената ограда од мостот, погледнувајќи зад себе како да ја следи некој. Положбата на нивните тела покажува дека тука застанале за миг, бидејќи вниманието можеби им го привлекол празен, ноќен шум на водата кој само го потсилува доживувањето на потполна оддалеченост од секојдневните часови.
Но третата, онаа која со грб стои свртена кон водата, облечена во бел фустан со темен појас, навалена на оградата на мостот, во раката држи жолт сончоглед-шешир како да ќе го испушти секој миг. Дојдена е на тоа место за и да остане, да остане и да чека, таа напуштена кукла, со стиснати усни и погледи во кои можат да се препознаат  дамнешни чукања на вратата и нечии чекори, некоја свежа тага уште повеќе засилена со белината на нејзиниот фустан, некогашно среќно присуство меѓу масата луѓе кои и се радуваат на секоја едрилица што заминува од морскиот хоризонт и потоа исчезнува зад првиот завој. Во нејзиното мирно лице, чие бледило почнува да ме потсетува на празна палета, ги одбројувам минатите и идни отчукувања на часовникот, го опипувам пулсот на минутите кои веат како зборови кои се трудам да ги запаметам додека неповратно паѓам во сон. И чувствувам бавно, но неуморно стареење на времето.


Хамбуршка пролет, вторпат

Во средината на февруари во вечерните часови, овде се чувствува мирис на Северното Море, кое би можело да биде и она Средоземното, коешто го заплискува непознатиот остров од којшто се протега видикот кон египетската пустина и зелената делта на Нил. Тоа би можел да биде и здивот на благоста од Егејот, или пак тиркизниот лахор од Јонското Море, оддалечено разденување од јадранскиот брег, звук на песочните дини кои веќе десет лета ги обликуваат латиците на една единствена пустинска роза. Градот кој е положен во прегратките на широките канали, езера и реката Бил, ги освежува своите бели гради за да може полесно да дише на дождот кој секојдневно паѓа. Но, тој и покрај сè останува бел, светликав како слонова коска, составен од големи мермерни парчиња што личат на некои китнести обелисци.
Неговите жители се префинети и љубезни, зборуваат англиски и желно пијат чај, одржувајќи ги од памтивек интензивните врски со Британската империја и особено - Лондон. Тие живеат во одаите над каналот, под тенди и чадори за сонце во јаки бои, симулирајќи ја де северна Венеција или Пиреј, де Амстердам или Ротердам со своите докови, пристаништа, пристанишни сцени во кои со задоволство би глумеле Волт Витман или Растко Петровиќ. Седат сами на терасата во своите скапи куќи и читаат книги, не завртувајќи се да видат кој е на еден метар пред нив. А низ излозите од кафулињата во елитниот дел од градот се гледа осамена маса на која никој не седи. На неа, слично како во атинскиот клуб Nostalgie, веќе паѓа сенката на доцното попладне, што во Хамбург и не претставува некој залез. Само толку, колку да се чини дека е прекриено со провиден и темен вел. Од никаде не дува празнина, само позлата од тишина на врвот на својата зрелост. Низ неа, пренесени во овој миг, во ова молчење, дишеме и ние двајца, вереници на одамна одземен оган.
   

  Алба

Одамна помина полноќ, веќе отчука три на големиот ѕиден часовник.
Заспани еден во друг, минувајќи низ телесниот прекривач како низ Целановата кристална решетка. Дали тоа надвор паѓаат снегулки или јата пеперутки? Во дното на собата клекнал еден Матисов клавир со желна челуст, како да очекува девојка-жртва. Се палат лампионите од аглите на мансардата. И ти лежиш покрај мене, сосема мирно, на далечина од една светлосна линија која брзо го менува својот облик во меч. Сликата на речиси замрените љубовници потоа се проектира на таванот. На нивните чела се обзнанува стих на раномугрена алба: Разделбата е збор за љубовта.


Бојана Стојановић Пантовић (Белград, 1960), редовен професор во Одделението за компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад, книжевен критичар, есеист и поет. Дипломирала, магистрирала и докторирала (1992) на Филолошкиот факултет во Белград. Раководител е на научно-истражувачкиот проект „Теориско-историски преглед на компаратистичката терминологија кај Србите“.  Престојувала во Словенија и Германија каде го спроведува своето професионално усовршување. Била визитинг професор на Филолошкиот факултет во Белград (1995-2000), во Љубљана, Халеу, Берлин, Хамбург и Вроцлав. Преведува од словенечки и англиски јазик. Се занимава со компаративна јужна славистика и експресионистичкото движење во европски контекст, со словенечка книжевност, како и со историски толкувања на поетика и интерпретација на поезија.
Ги објавила следниве книги: Поетика на Миран Јарц (1987, на словенечки), Линија на допирот (1995), Наследството на суматраизмот (поетички фигури во српската поезија од деведесеттите, 1998), Српскиот експресионизам (1999), Српски прозаиди (антологија на поезија во проза, 2001), Критички писма (2002), Морфологија на експресионистичката проза (2003), Крстопати на метафората (критики и есеи за српски поети од 20 век, 2004), поетската збирка Бескрајна (2005), Небокршење-панорама на српската поезија од крајот на 20 век (2006), Побуна против центарот (нови прилози во модерната српска книжевност, 2006). Приредила десетина книги, а со Милан Ѓорѓевиќ превела и направила избор од поезијата на словенечкиот автор Алеш Дебељак Скици за враќање (2002), со поговор.
Во српската и во поранешната југословенска периодика објавува поезија од 1975 до 1986 година, како и во книгата Наследството на суматраизмот, но својата прва збирка ја објавува дури во 2005 г. Во подготовка е нејзината втора збирка Поимник на минливоста, од која некои песни се веќе објавени во српската книжевна периодика во текот на 2005/6 г. Нејзината поезија е преведена на англиски, словенечки и грчки јазик.
Пишува и објавува книжевна критика за современата српска поезија во дневникот Политика.
Ги добила следниве признанија: Милан Богдановиќ (2000) за најдобра новинарска критика, Исидоријана (2000) за есеистика и теорија, како и признанието Гордана Тодоровиќ (2005) за целокупно книжевно дело. Живее во Белград.

Превод: Софија Грандаковска

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная