логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ДА СЛИКАШ ИКОНА Е МОЛИТВА

Gligor.Stefanov.freski.jpg
Глигор Стефанов – Иконописец и ликовен уметник
Дипломирал на Факултет за ликовни уметности во Белград во 1981 година
и магистрирал на истиот Факултет во 1985 година.
Со својот автентичен ликовен израз, во 80-те и почетокот на 90-те години, доминира на Македонската и Југословенската ликовната сцена земајќи учество во скоро сите најважни национални и критичарски селекции. Зад себе има 18 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 120 групни изложби. Има добиено 11 награди. Негов најголем дострел е учетвото на Меѓународното Венецијанското Биеанале како прв преставник на Македонија (заедно со П. Николоски).За неговото ликовно творештво е пишувано во повеќе од 300 написи, рецензии, емисиии, интервјуа и книги. Од 1997 многу активно е присутен на интернет со монографски веб-страници и интернет галерии. Покрај ликовнато творештво се занимавал уште со ликовна педагогија, организација на културни манифестации, конзервација на скулптура, резба, графички дизијн и во пследните 20 години многу активно со иконописание.
Во 1988 година емигрирал во Англија, а од 1995 година живее и работи во Виндзор, Канада,
каде што со својата сопруга Маре Ташева – Стефанова, која е архитект по обрзование го формираат Иконографкото Студио “АРТСОМЕ”. Ова студио не фунционира како класична работилница или тајфа, туку како една мрежа на соработници.

Како сте дошле до идеа да се занимавате со зоографирењето на црквите?
Не одлучив свесно да  се занимавам со иконописание и не направив префрлување од една во друга ликовна дејност поради било која причина. Јас свесно одбивав многу години да се посветам на иконите поради моите афинитетети кон ликовните истражувања. Од својата 12 година сум активен во полето на ликовната уметности и уште на самиот почеток имав можност да помагам во живописувањето на една црква. Такви прилики имав повеќе пати и ги одбивав се додека тоа не го сватив како Божји повик и себе си се прифатив како човек кој може да придонесе во ширењето на Божјата слава.

Како му приогате на зоографисувањето?
Кога станува збор за иконописанието (зографисување или живописание) често  се поистоветува со сликарството и многумина на него гледаат само како на ликовна дисциплина. Таков  однос имав и самиот на почетокот. Секако тоа на прв поглед е така затоа што се користат слични сликарски техники и ликовни елементи на изразување, но во суштина тоа се потполно различни креативни процеси. Јас како ликовен уметник успешно ќе креирам во онаа мера во која ќе успеам себеси да се вметнам во својата идеја и имагинација; во онаа мера во која ќе успеам да се изолирам од било кое влијание или нечие присуство, потенцирајќи ја својата лична волја, по која можам да менувам, па дури и да прекршувам ликовни принципи и законитости. Ликовното дело го стварам за да  комуницирам со гледачот, тоа е душевна храна за мене и за гледачот.
Додека како иконописец ќе креирам добра икона во онаа мера во која ќе бидам свесен за Божјото присуство или присуството на светецот кој го исписувам. Мојата лична волја треба да биде потполно подредена на Божјата волја. Јас имам извесна креативна  слобода, но моите идеи и имагинацијата треба да бидат во потполна складност со црковните канони. Иконописачкиот креативен процес е молитвен процес. Од моментот кога се иницира идеја за одредена икона, па до нејзино комплетирање и осветување, јас морам да се молам за помош од Господа, морам да се молам за секое добро на оној кој ја порачал иконата  или за оној кој ќе му пријде со почит на светецот кој е преставен на иконата; да го молам Господ да ја излие својата милост преку соодветната икона на сите кои ќе и пријдат со почит. Да бидеме јасни, икони може да копира секој и само со 4-5 дневен курс, но за да го направи следниот чекор  му се неопходни долготрајна ликовна и теолошка подготвеност, и секако извесно духовно созревање.
Иконата може да биде уметничко дело, но не мора. Таа мора да го потикне молитвеното расположение. Нејзината улога не е само благоукрасителска, туку превенствена нејзина улога е да ги шири евангелиските вистини, нејзината улога е многу повеќе образовна, молитвена, литургијска. Иконописанието е пред се молитвена, духовна активност, а во втор план се цртачките и сликарските вештини. Ликовната уметност е многу племенита дејност, но молитвата е уметност над уметностите како што ја нарекуваат светите оци.

Кои се дела ги имате досега направено, дали се тоа цркви со кои управува Македонска православна црква и кој ги зоографисува нашите цркви во САД....?
Православието се резвива на национални основи и патриотските чуства во диаспората се понагласени и поради тоа се јавуваат безброј пречки и ограничувања. И покрај тоа повеќето од проектите кои сме ги комплетирале не се во цркви под јерусдикција на МПЦ. Досега имаме работено во Српски цркви во Виндзор (Канада) и Ворен (САД), Еленистичка старокалендарска црква во Детроит, Американска Православна и Руска црква во Виндзор и статус кво е работата со една Антохиска црква. Соработката со свештенството и световните управи на овие цркви беше прекрасно искуство и вроди многу драги пријателства.
Во Северна Америка има 30 Македонски Цркви, од кои повеќе од половина не се живописани.
Во три цркви има работено зографот Даневски,  ние работевме во Свети Никола во Виндзор која за жал и после 17 години се уште не комплетирана, во Свети Димитриј во Флорида, по неколку икони за црквите во Сисинати (САД) и Кембриџ (Канада), и штотуку го започнавме живописувањето на црквата Свети Наум во Хамилтон.
 Останатите Македонски цркви се дела на румунски, руски и полски зографи.  Не само што се живописани, туку многу често македонските цркви се проектирани од архитекти кои не ги познаваат македонското наследство и култура. Свештениците и членовите на управите од тие цркви, својот избор го опрвдуваат со тоа што својот критериум го поставуваат на врвни меѓународни квалитетети. Ни се допаѓало тоа или не, таквото право не можеме да им го оспориме. Иако не можам да ја потиснам мислата дека ако свештенството во Македонските цркви е исклучиво македонско и тоа е првиот и базичен услов  за секој еден од нив да биде поставен во Македонска црква во дијаспората, а како предуслов да некој биде избран за претседател или член на управата е да биде Македонец, тогаш би било фер да се земе во предвид дека постојат повеќемина македонски зографи и архитекти кои можат да работат на овој континент.

Како гледате на квалитетот на зоографисуванњето на нашите цркви во Северна Америка,
дали се јавуваат некои грешки или се потребни одредни корекции,
и како гледате на нашите духовни објекти таму ?
Нашите цркви овде воглавно се градени пред 30-40 години. Во почетокот одреден број на верници и патриоти со голем ентузијазам, со многу доброволна работа и со издвојување на средтсва од своите најчесто работнички плати, ги граделе црквите како што умееле и можеле. Покасно се  јавуваат желби за градење на поголеми цркви, банкетни сали, клубови, спортски терени, за што црквите се задолжуваат во банките, и денес повеќето од нив се уште ги исплаќаат долговите.
Најчесто во ваквите случаи средства за живописување не биле планирани и тој процес е оставан за времиња со подобри финансиски можности. Исто така се случува и да луѓето кои работат на распоредувањето на средствата во црковните општини едноставно не ја разбираат улогата и значењето на живописот во православниот христијански живот и честопати приоритети им даваат на различни други проекти занемарувајќи го живописот.
Грешки се правеле, нели сите грешиме, но се надеваме дека со Божја помош надлежните ќе ги согледаат и ќе се обидат да не ги повторуваат.
Како и да е, јас и мојата сопруга кои сме потполно инволвирани во разни црковни активности во својата матична црква, длабоко веруваме и сме големи оптимисти дека македонските цркви ќе се развиваат и умножуваат на овој континент, ќе го добијат својот вистински православен сјај и првенствено духовниот карактер. Мораме да напоменеме дека  за опстанокот на овие цркви најголема заслуга имаат благочестивите македонски дарители и волонтери, за што треба сите ние да им бидеме бескрајно благодарни.

Разговорот е воден со  Бранко Ѓорѓевски  уредник на најтиражниот национален дневен весник “Дневник”.Скратена верзија од овој разговор е објавена во интернет изданието на Дневик од 22 фебруари 2012 г.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1257
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1579
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная