логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопје, 27 февруари (МИА) - Во проект-галеријата Прима Центер Берлин, Германија вечер ќе биде отворена изложба насловена  „Артофилија“  на македонските уметници Кокан Грчев, Никола Гроздановски, Игор Трпчески и Киро Урдин, автори кои покрај ликовното творештво и активност имаат и друга професија во која успешно делуваат.

 

Никола Гроздановски живее во Загреб, Хрватска и работи како лекар специјалист за општа пракса. Тој е афирмиран сликар зад кој стојат многубројни изложби и награди во досегашната 40-годишна активност. Во рамките на „Артофилија“ ќе биде претставен со мал, но суштински пресек на неговите акварели со мотиви на стари селски куќи.

 

Професорот по архитектура на Американскиот колеџ во Скопје, Кокан Грчев постојано е активен и како сликар. Покрај од архитектурата, инспиран е и од човечкото тело кое драматично го слика и црта. На изложбата Грчев ќе инсценира концепт на дигитализирани дела кои се изведени од неговите цртежи, актови, силно, напрегнати, спремни да понесет секаков товар.

 

Игор Трпчески е актер кој живее и работи во театарот Прилеп. Вљубен во својот град, тој го фотографира урбаниот идентитет на Прилеп и ги документира бројните скулптури низ градот. Неговиот фотографски проект „Почитувај ја уметноста”, што ќе биде претставен во Берлин, е еден вид фотографски архив кој сака да обрне внимание на уметничката  вредност на бројните скулптури во центарот на Прилеп. Загрижен поради оштетувањата на скулптурите Трпчески апелира за нивно одржување, реставрација и заштита.

 

Киро Урдин е интернационално реномиран македонски сликар кој долго време живее и твори на релација Македонија - Белгија. Во последно време Урдин „артофилично” создава видео документарни и уметнички филмови. Последниот негов документарн филм „Оган и Вода”,  кој ќе биде презентиран во рамките на оваа изложба, ја освои наградата „Златна линдура” и првото место  на филмскиот фестивал во Сараево 2008 во категоријата на еколошки филмови.

 

Реализацијата на изложбата „Артофилија” ја овозможи и финансираше Министерството за култура на Република Македонија. Иницијатор и куратор е македонскиот уметник Јован Балов, раководител на Прима Центер Берлин. Отворањето на оваа изложба е вклучено во програмата на Здружението на уметници и галеристи „Колони Вединг“, акција во која истовремено во тој дел на Берлин ќе се отвараат уште 30 други изложби, што е гаранција за добра посетеност на изложбата. ва/скс/14:26

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 101
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 323
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 436
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »