Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меќу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската Илустрирани белешки од 16 век.
Гледајќи ги цртежите и читајќи го текстот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петерсбург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.
Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.
Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.
Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.
Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот.
За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни. Се уште не се знае кој ја напишал историската книга.
Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.
Преземено од loza.mk
Паско Кузман: Зад петици сум му на Александар Македонски
Извор: http://puls24.mk/makedonija/kultura/4532-rusite-potvrdija-deka-aleksandar
08.03.2013 год.