логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ДМИТРИЈ АЛЕКСАНДРОВИЧ АВДЕЕВ: ПРАВОСЛАВЕН ЛЕКАР-ПСИХИЈАТАР

Депресијата духовно се лекува

Истражувањата покажуваат дека е можно светот да се блокира поради депресијата, од година во година ситуацијата се влошува и се' повеќе добиваме нешто што може да се нарече болно општество

Депресијата ефикасно може да се лекува преку духовен приод, вели Дмитриј Александрович Авдеев, руски православен психијатар и психотерапевт. Веќе 17 години користи религиска православна психотерапија, како противтежа на медицинските психијатриски методи. Неговата книга „Униние и депресија“, првпат преведена од руски на македонски јазик деновиве беше промовирана во Скопје. Во делото тој воспоставува врска меѓу духовното и класичното лекување.

* Во „Униние и депресија“ ги изедначувате медицинското и духовното лекување на психичките растројства. Каде е врската меѓу нив?

- Прикажани се сличностите и разликите меѓу унинието и депресијата. Зборот депресија денес е многу распространет и популарен и милиони луѓе во светот бараат лекарски совети за депресијата. Во дел од случаите, зборот депресија можеме да го толкуваме и да го разгледуваме на биолошко ниво. Но тоа е само малечко делче од депресијата.

Другиот дел од депресијата е многу поголем. Таму спаѓаат 97 проценти кои ја опфаќаат личноста на човекот. Таа појава се нарекуваат униние, која во световната медицина е позната и како психогена депресија. Таа е широко распространета, а најстрашна последица од неа е самоубиството. За справувањето со проблемите поврзани со унинието, потребен е духовен пристап.

*Како се изведува духовното лекување на растројствата?

- Тој што е верник, разбира дека живее раководен од божјата мисла и никогаш не е осамен. Тој знае дека сите страдања се добри и исцелителни за спасението на нашата душа. Тој ја чувствува душата низ покајанието и се прочистува. Тоа не може да го доживее човек кој живее во атеизам. Книгата можеби не е прифатена од сите. Сепак сум православен лекар и пишувам за тоа што излегува од моето срце, од мојата душа, од тоа што го живеам. Јазикот на книгата е едноставен. Не е напишана само за стручни лица, туку и за широката публика.

* Психичките пореметувања не познаваат граница меѓу религиите и верниците. Би им помогнале ли и на припадници на друга вероисповест или на атеисти?

- Секој човек е образ божји, како и атеистот и човекот од другата вера. Сепак во нашиот институт главниот правец е православието. Таму можам да го примам секој човек, само ако се согласува да ме слуша. Не можам да одговарам за сите. Го зборувам тоа што го знам и тоа што можам да го сведочам. Сепак треба да се прават добри дела и човекот да љуби. Љубовта ќе му го покаже патот. На човекот му е дадена слободна волја. Ако не спортува, ќе биде слаб и самиот ќе си биде одговорен за тоа. Ако не учи да чита, тогаш ќе биде неписмен. Тоа зависи од мерката на сопствената одговорност. Затоа, ако човек е атеист и не сака духовно да се развива, тогаш ќе си одговара самиот пред себе.

*Кој приод е поефикасен за лекување, духовниот или медицинскиот?

- Едното и другото се како крилја на птица и не се исклучуваат. При психогените депресии сепак преовладува духовното лекување. Ако човек завидува што некој има подобра куќа, кола, пари, тогаш зарем треба да му дадеме таблетки за да го излекуваме. Тоа е апсурдно, бидејќи се работи за духовен проблем кој доаѓа од воспитувањето и од живеењето. Православниот приод, секако не ги исклучува биолошкиот, социјалниот и психолошкиот пристап. Тој ја надополнува сликата за личноста. Човекот не е само тело, туку и душа.

* Во книгата стои дека до 2020 година, депресијата ќе го блокира светот. Можно ли е тоа?

- Тоа е една гледна точка од истражувањата и статистиките и ќе видиме дали ќе се случи. Но не е невозможно. Од година во година ситуацијата само се влошува и се' повеќе добиваме нешто што може да се нарече болно општество. Во светот 500 милиони луѓе имаат разни психички заболувања. Според статистиката 150 милиони од нив побарале помош за депресијата. Во Русија имаме 60.000 самоубиства годишно, а причина е душевното растројството на човекот.Превентива од тоа е луѓето да не очајуваат и да си најдат душевен мир.

http://www.daavdeev.ru/

(Т.О.) - Дневник

 Друго:

Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ - ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД ВРЗ ДУШЕВНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА 

 Dmitrij.Alek.jpg

Дмитриј Александрович Авдеев - КОГА ДУШАТА БОЛИ... 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 993
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1654
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1978
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2060
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

30/01/2026 - петок

+Преподобен Антониј Велики; Св. цар Теодосиј Велики; Св. маченик Георгиј Нов Јанински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила  29 јануари/16 јануари 2026

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила 29 јануари/16 јануари 2026

Свети Христови маченициПевсип, Елевсип и Малевсип,како новонасадени маслини на гората Господова,имајќи таков силен корен во нивата Неонила,која со благодат се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная