логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Во ЦЕРН ме викаат булдожерот од Македонија  
 
 Златко Димчовски е професор по нуклеарна физика, вештачка интелигенција и биомедицина на универзитетите во Гренобл, Женева, Лозана, Лион и во Пенсилванија. Во моментов работи на експериментот на Големиот хадронски колајдер за кој на денот на пуштањето, на 10 септември, дел од човештвото параноично веруваше дека е крај на светот. Од 1974 до 1982 година бил професор по атомска физика на универзитетите во Њујорк, Париз, Виена и Скопје. А од 1968-та до 1978-та и од 1982 година научен консултант и истражувач во Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), Женева, Швајцарија. Инсталацијата е всушност 27-километарски тунел некаде 100 метри под земјата на границата помеѓу Швајцарија и Франција. Големиот хадронски колајдер, со кој ќе се постигне ефект сличен на оној од пред 14 милијарди години од времето на Големата експлозија и почетокот на универзумот, кој во моментот е во мирување, е тема за која се подели светската научна јавност.

Ексклузивно за „Нова Македонија“ професорот Димчевски зборува за епохалниот експеримент, за заблудите во врска со него, за неговото влијание во научните кругови, за „глувоста“ на нашите влади и за (не)соработката со скопскиот универзитет.


Што претставува „Големиот хадронскиот колајдер“, кој деновиве го прекина експериментот и ќе продолжи да работи дури некаде напролет?


- Тунелот на акцелераторот постои уште од 1970 година, а беше подготвуван за потребите на таканаречениот лептонски колајдер и експериментот во кој се испитуваше реакцијата на електрон-позитрон ИСР (Интерсецтинг стораге рингс). Многу години подоцна, за потребите на Големиот хадронски колајдер беа ставени суперкондуктивни магнети. Колку за потсетување, хадронскиот колајдер е специјалност на ЦЕРН од неговото основање во 1955 година. Тој е протонски акцелератор, за разлика од оној во 1970 година, кој беше лептонски.


Значи овој експеримент има долга предисторија?


- Анализата на Хигсовите честици е уште во тек со експериментот на ИСР, (Интерсецтинг стораге рингс - т.н. лептонски колидер) и ЛХЦ ќе има многу поголема расположива енергија за креирање на истите честици. Заради недоволна статистика од експериментот на ИСР (креиран некаде во 1970-тите години), ЦЕРН се одлучи за денешниот експеримент ЛХЦ, кој ќе ја постигне највисоката енергија првпат реализирана на планетава од човекот воопшто. Патем, космичките тушеви, оние најјаките што доаѓаат од Сонцето, често имаат повисока енергија од честиците што ќе бидат „создадени“ т.е. ослободени при колизијата на протон со протон во Големиот хадронски колајдер во ЦЕРН.

Анегдотски кажано, тие микроцрни дупки што се создаваат при судир на материја со материја или материја со антиматерија со помош на акцелераторското забрзување може да се споредат со искрата на запалка на цигара, која само заискрува, или со онаа на флуксот на сончевите зраци налето. Значи се работи за занемарлива енергија, споредено со акцелераторскиот флукс со флукс на честиците во нашата галаксија. Симулациите се практично завршени и набргу ќе почнеме со вистински експерименти.


Какви резултати очекувате да добиете од овој експеримент?


- Ако сега не се појават Хигинсовите честици, ќе конструираме уште посилен акцелератор, со повисока енергија и за 10 години сигурно ќе добиеме резултати што ќе ги потврдат сегашните теоретски модели или ќе ги скршат делумно или сосема. Со сегашниот тренд да се „унифицираат“ четирите интеракции во природата: електромагнетната, гравитацијата, јаката нуклеарна и слабата нуклеарна интеракција со помош на експериментот на ЛХЦ тоа ќе се докаже или, напротив, ќе се доведе во прашање. Во мојата втора докторска дисертација, која ја работев во периодот помеѓу 1970 и 1974 година, а ја бранев во Париз, ја пронајдов т.н. пионизација (судир на хадрон со хадрон), а очекувавме да ги сретнеме т. н. слободни кваркови, кои теориски неколку години пред тоа беа предвидени од научникот Гелман, за што и доби и Нобелова награда во шеесеттите години. Му пишав на Гелман да ја врати Нобеловата награда (околу милион евра) бидејќи не откривме никакви „слободни“ честици, но тој не ми одговори, а поради тоа од неговото лоби долго време бев анатемисан, но безуспешно. Слични или уште покомплицирани ситуации ќе се јават и со овој експеримент, и тоа во најблиска иднина.


Кои се вашите задолженија во експериментот?


- Еден мој патент ми овозможи пристап за идентификација на високоенергетски гама-зраци што се јавуваат при овие високи енергии, а посебно при анихилацијата (уништувањето) на честиците и античестиците (материја и антиматерија)


Непосредно пред пуштањето на работата на ЛХЦ, светот беше преплавен од дезинформации и стравувања од појава на таканаречените црни дупки, а со тоа и крај на светот.


- Масовната хистерија и страв од појава на таканаречените црни дупки е резултат на неинформираноста и шпекулациите што беа лансирани токму од страна на луѓе што не се воопшто во науката, и тоа уште во 1970-тите години, но тогаш не постоеше Интернет, не постоеја ниту компјутерите, кои, патем, се откритие на ЦЕРН. Денес преку интернет-страницата на ЦЕРН можете да се информирате за сè што ве интересира во врска со експериментот.


Зошто скептицизам кај дел од научната јавност, предводена од астрофизичарот Стивен Хокинг, кој патем се обложи во 100 долари дека нема да бидат пронајдени Хигинсовите честички.


- Гелман и Хокинг се брилијантни теоретичари, а ЦЕРН е експериментален научен центар. Со други зборови, теоретичарите предвидуваат често и работи што не се верифицираат во реалноста, а експериментот има токму таква цел, да покаже што е точно, а што не. Одговорот на Гелман, по јавната критика дека не беа добиени таканаречените слободни кваркови, рече дека требало повисока енергија. Истото ќе се случи и со мислењето на Хокинг, кој тогаш можеби ќе рече: „Ви реков дека треба повисока енергија“ или камо среќа да има и други придружни честици што ќе ги „нарушат“ моделите. А патем ниту Гелман, ниту Хокинг не се специјалисти во ЦЕРН.

Не треба да се биде циничен со овој гигантски напор на европските земји-членки на ЦЕРН и САД и Русија што учествуваат со буџет од над 10 милијарди евра опрема, ако не се занемари и буџетот за платите на некаде околу 20.000 научници што се вклучени во ЛХЦ-проектот на ЦЕРН, а кој изнесува над 2 милијарди евра. Само во експериментот на ЦЕРН директно се вклучени 5.000 луѓе, а другите по европските и светските универзитети.


Во овој епохален експеримент учествуваа и беа вклучени млади научници од многу земји, но не и од нашата?


- Поради досегашната „кратковидост“ и пасивноста на политичарите на владите на Глигоров и Црвенковски.


Зошто ве игнорираше минатата влада?


- Не минатата, туку минатите, им пречеше мојот стил веројатно (во ЦЕРН ме викаат булдожерот од Македонија). Најдобро одговор на ова прашање да побарате кај претставниците на владите од тоа време.


Вие сте научник со светска репутација, можевте ли нешто да направите за младите научници од земјава, барем да присуствуваа на експериментот?


- Многу студенти гостуваа во ЦЕРН за време на работата на ректорот Бранко Трпеновски. За жал, ректорот Мартиновски и Природноматематичкиот факултет многу ветуваа, но дури не најдоа за сходно да ми одговорат на писмата, а ниту на писмата на неколкуте нобеловци што лобираа за моите предлози Македонија активно да се вклучува и во научната заедница на ЕУ. Реагираше и ЦЕРН, но попусто.

 

Избегал од ПМФ

Професорот Златко Димчевски веќе четириесет години работи во ЦЕРН и таму е еден од повлијателните научници. По два доктората и професорски ангажман, во 1982 година се враќа во Скопје за да направи нешто за својата земја и работи како вонреден професор на ПМФ, а на следниот избор од колегите не е избран за редовен професор, и покрај тоа што двапати дотогаш е кандидиран за Нобеловата награда, со образложение дека е многу млад. Дава отказ на скопскиот универзитет и со три малолетни деца и сопругата, со стара „фолксваген буба“ заминува за Швајцарија. Оттогаш, со повремени прекини, работи во престижниот Европски институт за нуклеарни истражувања (ЦЕРН). Во ЦЕРН се сретнува со колегата, нобеловецот Џорџ Чарпак, со кого ја создава фирмата „Биоскан“, светски познат бренд за производство на медицинска технологија и опрема.


 Наши научници во светот

- Андреј Богданов, постдокторант на универзитетот „Чингуа“, Кина.

- Розита Димова, доктор по социјални науки, докторирала на универзитетот „Станфорд“, Калифорнија, САД, а сега работи како професорка на универзитетот „Фреи“ во Берлин.

- Александар Донев, физичар, докторирал на универзитетот „Принстон“ во Њу Џерси, САД, а сега е постдокторант во лабораториите „Лоренс Ливермор“.

- Владимир Филков, професор на универзитетот „Дејвис“, Калифорнија, САД.

- Горазд Росоклија, професор на универзитетот „Колумбија “, Њујорк, САД.

- Академик Љупчо Коцарев, 10 години професор на универзитетот „Сан Диего“, Калифорнија, САД.

Во Министерството за наука и образование, во одделот за наука, неодамна е формиран отсек што ќе води евиденција за сите научници по потекло од Македонија што се успешни и работат некаде во странство.

Автор:  Светлана Поп Дучева

 Извор: Нова Македонија



 Преземени коментари :
 
  Зошто некој од ...  Борјан  02.10.2008 00:48:29
 
Зошто некој од овие паметни луѓе со светска слава, да не биде номиниран за претседател на Македонија? Не само што нема да се срамиме од својот претседател, туку ќе се гордееме, светот ќе има пред себе личност која ќе мора да ја почитува и која со тој свет ќе разговара на светски јазик. Доста ни се партиски претседатели од кои воглавно се срамиме 
 
  Proverete go ov...  SKT  01.10.2008 22:44:14
 
Proverete go ovoj link http://genome.tugraz.at/people.shtml Zlatko Trajanovski e ja drzi edinstvenata katedra za bioinformatika vo Avstrija. Megunarodno priznat ekspert vo oblasta na Bioinformatika. Na vashite kolegi od Dnevmik i dadov predlog da napravat baza od site poznati (zivi) makedonci nauchnici-umetnici rasfrleni po celiot svet. Site oni naiduvaat na nepremostivi blokadi od lokalnite aparatchici (bilo toa da se vlast ili akademija) Se nadevam deka so edna serija na natpisi ke vlijete na makedonskata svest (kaj vlasta pred se) da gi angazira ovie nauchici koi ke rabotat samo za "1$" za da i pomognat na svojata zemja.
 
  Edinstveno Akad...  CERN  01.10.2008 22:24:36
 
Edinstveno Akademik Ratko Janev uspe i vo svetot i kaj nas. Od druga strana i toj dolgo vreme ne bese prisuten vo Makedonija. Site sto i malku vredat zaminaa od Makedonija.
 
  Za prof. Dimcov...  Avram  01.10.2008 21:41:57
 
Za prof. Dimcovski i porano ednas imase napis. Vsusnost mislam deka bese intervju za "TEA Moderna"... Izvonreden covek... Ima studirano na Sorbona, odbranil 2 doktorati! Vo toa intervju raskazuvase za toa vrakjanjeto vo Makedonija vo 1982 godina mu bila najgolemata greska vo zivotot. Normalno, otkako ne naisol na razbiranje, pak si zaminal. 
 
   Slucajno otvor...   A. Marko  01.10.2008 21:24:10
 
Slucajno otvoriv internet i bidejci me interesirase ona sto ovie denovi se pisuvase za proektot CERN se zainteres-irav za intervjuto. Vo prv mig ne procitav za kogo se raboti a uste pomalku go prepoznav likot na pocituvaniot gospodin.Se vrativ na naslovot i go procitav imeto na naucnikot.Vo toj moment vo mozokot mi svetna "sijalicata".Pa zarem ova e ova slabicko momce ,mojot komsija Zlatko na cicko Mirko prviot pretstavnik na SKODA vo Makedonija.Kako deca ne delese edna ograda od cigli.Zlatko izlagase da si poigra so nas otkako ce dobiese dozvola od roditelite.Nie go vikavme bubalica.E taa bubalica stana svetski covek so kogo sega se dicam.Se iseliv od "zeleznicka kolonija"uste vo seesetite godini,imav cueno deka zivee vo Svajcarija,ali nikogas od togas ne se sretnavme,a i da se sretneme sigurno nema da se poznaeme. sepak blagodarenie na ova intervju se potsetiv na golobradoto slabo a visocko dete so naocari.Srecen sum sto stanal naucnik od svetski glas-aferim Zlatko.
 
  Новинаров одбра...  Некој  01.10.2008 20:18:57
 
Новинаров одбрал добар соговорник и добра тема. За тоа има 10-ка. Ама за мрзата со која ги собрал и презентирал податоците за наши успешни научници во светот има 0 (НУЛА). ОК е да спомне постдокторанти - ама тие тек треба да се докажат. Еве некои на кои јас се сеќавам кои требало да бидат спомнати пред постдокторантите: Проф. Ѓорѓи Стојанов - во Париз, Проф. Стево Божиновски - некаде во УСА, Проф. Златко Зографски - некаде во УСА, Проф. Оливер Попов - во Шведска, Проф. Сашо Џеровски - Словенија, Проф. Наташа Јоновска - Флорида, Проф. Миле Крајчевски - Флорида, Проф. Зоран Шуниќ - Тексас, Проф. Данило Глигороски - Норвешка (и многу други ПРОФЕСОРИ). А дека и ЕТФ и ПМФ се срање факултети кои ги избркале сите овие кои ги спомнав погоре - затоа што таму има ``мнооооогу’’ јаки стучњаци - тоа го знаат луѓето кои работиме на овие факултети.
 
  Bravo za dr.Dim...  nikola  01.10.2008 19:59:15
 
Bravo za dr.Dimcovski, vakvi luge ni se potrebni
 
  Знаете ли кој е...  АА  01.10.2008 19:13:14
 
Знаете ли кој е Ректорот Бранко Трпеновски?Покојниот професор ја извршуваше таа должност пред 30 години.
 
  БРАВО ЗА ПРОФЕС...  брсјакот  01.10.2008 18:06:26
 
БРАВО ЗА ПРОФЕСОРОРОТ ДР.Димчевски но да се радуваме ина односот на оваа гарнитура на влада која изгледа почна да го промовира знењето што е за поздравување , па да се надеваме дека сеништатакои владееја со Македонија нема овој народ повторно да им дозволи да завладеат
 
  Случајот со про...  Асистент  01.10.2008 14:28:02
 
Случајот со професорот Златко Димчовски е уште еден пример дека Бранко Црвенковски не сака паметни луѓе, уште помалку нечии успеси.Црвенковски никогаш не мислел на развојот на Македонија туку само како да манипулира со луѓе.
 
  Случајот со про...  Асистент  01.10.2008 14:27:29
 
Случајот со професорот Златко Димчовски е уште еден пример дека Бранко Црвенковски не сака паметни луѓе, уште помалку нечии успеси.Црвенковски никогаш не мислел на развојот на Македонија туку само како да манипулира со луѓе.
 
  i dosta da ima...  realen mak  01.10.2008 13:49:28
 
i dosta da imase kolca ke ja vikavme buldurzer ama nemase
 
  Sekoja cest na ...  IGOR  01.10.2008 12:40:09
 
Sekoja cest na g-din Dimcovski i mu posakuvam da prodolzi so "buldozerska" snaga i ponatamu vo svojata rabota se razbira i uspesi. Za gospodata koj sozdadoa od ova tlo eden obicen Apsurdistan sto povekje da se kaze osven toa deka pogolema sila od gluposta koja caruva vo Makedonija verojatno ne postoi ni vo nuklearnata fizika,no nejse odime napred se razbira koga imame naucnici od vakov kov.
 
  Sekoja cest na ...  IGOR  01.10.2008 12:40:05
 
Sekoja cest na g-din Dimcovski i mu posakuvam da prodolzi so "buldozerska" snaga i ponatamu vo svojata rabota se razbira i uspesi. Za gospodata koj sozdadoa od ova tlo eden obicen Apsurdistan sto povekje da se kaze osven toa deka pogolema sila od gluposta koja caruva vo Makedonija verojatno ne postoi ni vo nuklearnata fizika,no nejse odime napred se razbira koga imame naucnici od vakov kov.
 
  Sekoja cest na ...  IGOR  01.10.2008 12:40:03
 
Sekoja cest na g-din Dimcovski i mu posakuvam da prodolzi so "buldozerska" snaga i ponatamu vo svojata rabota se razbira i uspesi. Za gospodata koj sozdadoa od ova tlo eden obicen Apsurdistan sto povekje da se kaze osven toa deka pogolema sila od gluposta koja caruva vo Makedonija verojatno ne postoi ni vo nuklearnata fizika,no nejse odime napred se razbira koga imame naucnici od vakov kov.
 
  E ovie lude se ...  Patriot  01.10.2008 12:17:53
 
E ovie lude se gordosta na Makedonija, bravo gospodin DIMCOVSKI.....

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная