логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Прво консензус за идентитетот, па за името
Македонскиот народ е единствен во светот што се деклариралкако македонски, за што Грците имале многу можности,ама никогаш не се декларирале досега како македонски народ, а со Устав негираат постоење на македонски народ итн. Значи, Грција има македонска територија, ама (наводно) нема народ. Таа конечно треба да ја признае разликата помеѓу грчкиот и македонскиот народ, тоа е суштината на проблемот

Академик Катица Ќулафкова деновиве во Богота, Колумбија, беше избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН - влијателна организација на писатели и интелектуалци од целиот свет. Дваесетина години таа успешно го афирмира македонскиот јазик, литература, култура, традиција, идентитет во светот.

* На извонредно висока позиција сте избрани деновиве, потпретседател на една респектибилна и влијателна светска асоцијација - Меѓународниот ПЕН. Што значи новиот ангажман за Вас, но и за Македонскиот ПЕН, чиј прв човек бевте во два мандата?

- Да се биде избран на толку висока позиција на Меѓународниот ПЕН, негов потпретседател, значи да се продолжи со активност во дух на ПЕН повелбата, ПЕН стратегијата и планот за работа. Бидејќи Македонскиот ПЕН беше домаќин на канцеларијата на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот ПЕН, а јас негов претседател, во изминатите шест години успеав, од оваа позиција, да го задржам делот што се однесува на меѓународната ПЕН колекција „Разноликост“, со седиште во Македонија. Јас ќе бидам и понатаму уредник на оваа колекција на антологиски светски автори, кои ќе бидат објавувани во електронски формат, а наскоро и во класичен печатен формат. Оваа колекција е повеќејазична и е сосредоточена на превод од и на мали јазици, се разбира и со значајно присуство на службените јазици на ПЕН - англискиот, францускиот и шпанскиот.

Таа подготвува и избори од книжевности на малцински јазици, древни или индогини јазици, јазици со мала дистрибуција и слично. Имаме и други можности за објавување поврзани со програмските начелна на УНЕСКО и резолуцијата за културна и јазична разноликост, диверзитет во светот. Имаме и посебен дел посветен на малцинските јазици во Македонија. Целта е и преку оваа колекција, која веќе има меѓународен рејтинг и станува престижна, да го афирмираме македонскиот јазик и култура, затоа што сите автори се преведуваат на македонски и тоа се вградува во нивната творечка биографија, ама и во нивната културна свест, како и во културната политика на ПЕН центрите во светот. Така, Македонија станува се' повеќе позната во целиот свет по нејзиниот јазик и по нејзината отвореност и широкоградост во афирмацијата на многу културни специфичности што денес постојат во светот.

На Конгресот во Богота, Колумбија, на пример, успеавме да се усвои едногласно Резолуцијата за културните и јазичните права на Ароманците (Власите) во Европа, нешто што претставува историски чин во меѓународни рамки. Исто така, успеавме по итна постапка да усвоиме и Резолуција за индогините јазици во Колумбија и во Латинска Америка. Сега тие резолуции ќе бидат дистрибуирани до сите влади и меѓународни инстанци, официјално во име на централата во Лондон. Лани добивме писмо од Баросо од ЕУ за Резолуцијата за малцинските јазици, резолуција која експлицитно упатуваше и на Грција и другите балкански држави да преземат мерки за почитување и за заштита на малцинските јазици, а македонскиот, на пример, е малцински во Грација, според статусот по однос на службениот грчки јазик.

Јас се надевам дека македонската Влада ќе ја поддржи мојата активност и морално и финансиски, затоа што сум во позиција на меѓународно ниво да го афирмирам македонскиот јазик, литература, култура, традиција, идентитет.

КОЛЕКТИВНИ И ИНДИВИДУАЛНИ ТРАУМИ ВО КОНТИНУИТЕТ

* Во Богата, на неодамнешниот конгрес на Меѓународниот ПЕН, на кој учествуваа 120 делегации од целиот свет, централна тема беше „Моќта на зборот во современото општество“. Па какви се заклучоците, колкава е моќта на зборот, на искажаниот и пишаниот, а особено - колку тежи јавно искажаниот збор на политичарот, на интелектуалецот, на писателот?

katica.culavkova.jpg- Главните сознанија се дека моќта на зборот и на јазикот и во современиот свет е огромна, понекогаш и несогледлива. Во древното минато се говорело за магиската моќ на речта. Потем за поетската моќ на речта. За исцелителската моќ на речта. Денес, со поинаква реторика, ама пак се нагласува моќта на речта во меѓународниот дијалог, во политиките на демократијата, во дипломатските политики, а особено во медиумските дискурси кои развиваат и нови жанрови, какви што се на пример живите приказни во услови на воени конфликти, потем колумните, повторуваните вести на глобалните ТВ-канали, кои и најголемата невистина се во состојба да ја прикажат како вистина.

 Дури и примерот со македонското име покажува колку е важна улогата на речта, на името, зборот. Токму поради еден збор, поради нашето македонско име, ние две децении најмалку како стратегиска политика ја имаме поставено одбраната на нашето име, токму поради еден збор - Македонија, македонскиот народ во историјата и денес доживува многу трагични и трагикомични ситуации, токму тоа име ни ја одредува егзистенцијата, интегративните процеси во меѓународни рамки, го обележува нашето постоење, нашето движење, нашата слобода на изразување и на себеизразување, нашата социјална егзистенција, нашата геостратешка позиција. 

Токму тоа име во кое симболично се препознаваат регионални и глобални интереси е причина за делби на македонската територија, за радикално преструктурирање на македонската држава и за промена на Уставот на Република Македонија итн. Токму само околу еден збор - име, македонскиот народ живее во извесна агонија, доживува колективни и индивидуални трауми во континуитет секојдневно. Тие трауми се кодираат во нашата меморија и свест и ќе не' обележуваат уште долго. Не може да бидеш историски континуирано негиран, прогонуван и делен а да останеш рамнодушен, среќен и без фрустрации.

 

Во тој контекст, треба да се каже дека многу крупни проекти во светот од типот на студени војни, воени интервенции, прекројување на границите и сл., се остварени со помош на зборот - устен и пишан, со специјални новинарски реторики, со електронските медиуми, со интернетот, поткрепени се разбира често и со визуелни и фотографски факти и квазифакти, монтажи и сл.

* Излегува дека светот е немоќен без јазикот?

Светот е незамислив без моќта на јазикот, светот е напросто немоќен без јазикот. Јазикот создава непријатели и пријатели повеќе одошто постапките. Така е тоа, сакале ние или не. Затоа политичарите треба да имаат повисока и пософистицирана вербална, јазична култура. Оти јазикот на политиката во извесна смисла личи на поетскиот: има секогаш двојна смисла, не е експлицитен, едно кажува а друго мисли. Се разбира, тоа се два различни дискурса, но добриот политички говор секогаш кажува нешто меѓу редови, имплицитно, затоа и бара добри слушатели.

 Јас мислам дека најголемите промени што ги доживеа современа независна Македонија се одвиваа токму со таква софистицирана реторика со којашто се обработуваше свеста на граѓаните. Тоа се однесува и кога станува збор за приемот во ОН под референца, а не под уставното име, и кога се правеше т.н. територијална организација, и кога се претвораше македонскиот народ во етничка заедница, и кога се воведуваше т.н. мултиетничка демократија (нонсенс според мене, оти демократијата е граѓанска категорија, демотичка, не познава етничка димензија, таа ги трансцендира етничките припадности на ниво на кое се обединуваат сите граѓани според заеднички социјални, идеолошки, економски, образовни, безбедносни, правни и др. интереси).

НЕ ВРАЌААТ ВО ИСТОРИСКАТА ЧЕКАЛНИЦА

 * Колку под закрилата на „мултикултурализмот“ се спроведува некои поинакви политики?

Многу глобални политики се промовираат во светот токму со помош и со поддршка на речта - политиката на мултикултуализам, на пример, која е воведена како предмет и на универзитетите, во многу проекти поддржувани финансиски, кај невладините организации итн. А никој не направи разлика дека е едно да се води политика на мултикултуралност на универзално глобално ниво во светот, а друго на ниво на една држава. Конечно, мултикултурализмот на едни САД или на Канада и на Австралија не е ист со мултикултуралноста во Македонија. Не може во име на мултикултуралноста на еден народ, кој стекнал своја национална држава според европски, регионални и глобални стандарди, да му се одземе стекнатото историско, национално и граѓанско право и да се врати назад во историската чекалница.

 Граѓанскиот концепт е најдобар за држави како Македонија, каде што сите граѓани се еднакви според уставни и законски права и должности, но каде што треба да се знае дека македонскиот народ има своја матична држава, со сите прерогативи и должности да ја негува и да ја штити својата културна и јазична традиција и спецификум. Народи или малцинства што имаат своја матична држава надвор од Република Македонија треба да ги уживаат истите граѓански демократски права, но не и да ги дуплираат компетенциите на матичната држава, која по устав и по закон е повикана да го прави тоа. Во таа смисла, одлуката во Македонија да се вее знаме на друга држава без никаква дополнителна специфика во светот се прима, реално, како гротескна. Таа одлука имплицира одредени политички и територијални стремежи. Само инфантилни умови не го гледаат тоа.

* Што треба да направи Република Македонија за спорот за името со Грција да биде решен?

Во врска со името на Република Македонија, би изделила во овој миг само неколку аспекти: прво, ако се декларираме како Македонци и инсистираме на македонскиот идентитет, мораме да го дефинираме по однос на македонскиот идентитет што како почетен модел или матрица постоел и во античката епоха. Во таа смисла, официјално треба да кажеме дали имаме или немаме врска со него. Не може еден македонски претседател да ја негира таа врска, друг да ја потврдува, едни академици да ја негираат, други да ја потврдуваат. Тој наш идентитет, без консензус за неговото потекло и атрибути, доведе до ситуација во која многу македонски интелектуалци се потсмеваат арогантно со сите оние што се повикуваат на континуитетот со античка Македонија.

 А едно треба да биде јасно. Не е можно да немаме континуитет со античка Македонија кога живееме на иста територија, должни сме според меѓународни конвенции да го штитиме културното наследство на античка Македонија и имаме право да се повикуваме на неа. Тоа право делумно го има и Грција, оти таа поседува половина од територијата на историска и географска и етничка Македонија. Друга работа е што македонскиот народ е единствен во светот што се декларирал како македонски, што Грците имале многу можности, ама никогаш не се декларирале досега како македонски народ, што со Устав негираат постоење на македонски народ итн. Значи, Грција има македонска територија, ама (наводно) нема народ. Таа конечно треба да ја признае разликата меѓу грчкиот и македонскиот народ, тоа е суштината на проблемот. Тогаш ќе се создадат услови за промени и во нивниот, грчки Устав во сообразност со конвенциите за човекови и јазични права, а јазичното право е човеково право пар екселанс.

Од друга страна, де факто македонскиот јазик, според современата наука и науката на последните 13 векови, докажала дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици. Значи, ние не смееме словенскиот карактер на македонскиот јазик да го ставаме во опозиција и конфликт со македонскиот територијален и етнички континуум. Идентитетите се сложени, историски се обележани од повеќе слоеви.

* Што задолжително треба да се направи?

Треба задолжително да имаме институт при МАНУ или независен, кој ќе ја проучува македонската античка култура, како и другите системи на македонски културен спецификум во епохи и империи што извршиле силно влијание врз неа - латинската, византиската, отоманската и југословенската. Балканските стереотипи се силни и неправедни спрема Македонците, но ние треба на научна основа да го потврдуваме нашиот идентитет. Ние имаме малку стратегиски проекти за тоа, малку дебати, малку книги, малку странски лобисти.


Народот и јазикот се идентитетот на државата

* До каде Република Македонија може да оди, што е прифатливо, односно со што нема да биде доведен во прашање македонскиот идентитет?

Македонскиот идентитет нема да се изгуби со модификација на името на државата, тоа се две дистингвирани нешта. Македонскиот идентитет е пред се' врзан за македонскиот народ, а името на Република Македонија, барем како што стојат сега реално работите според нашиот Устав, се однесува и на припадници на други етноси. Оттаму, ако е - на пример - некакво решение за да се излезе од агонијата на нашето постоење, името Северна Македонија, кое кореспондира со историската и територијалната реалност, кое конечно е признание дека Македонија е поделена и дека и во јужна Македонија има Македонци кои ќе мора еден ден да бидат признати и од јужниот сосед и од меѓународната заедница, а и ние да комуницираме со нив нормално јазично, културно, образовно и економски, тогаш тоа не го уништува македонскиот идентитет! Битно е и примарно во личната карта на ОН да стои идентитетот впишан како македонски народ кој ја претставува државата Северна Македонија (на пример) и како македонски јазик, кој е службен јазик на таа држава.

Народот и јазикот се идентитетот на државата, преку нив културата, традицијата, историјата, културното наследство, културната меморија и, конечно, правото во иднина да опстане таа македонска култура и народ и јазик. Ако не успееме во тоа, ќе си ги пресечеме гранките на кои вегетираме во мигов. Јас тврдам дека најголемиот удар врз идентитетот на македонската држава си го направивме дома, самите „со промената на Уставот во 2001 г., врз само неколку притисоци од воен тип и неколку глобалистички софистицирани приказни. Македонија секогаш ги признавала сите човекови и граѓански и јазични права на малцинските народи, така и треба да биде и во иднина. Но позицијата на македонскиот јазик како единствен на републичко рамниште и за меѓународна комуникација не смее да се повреди.

Лилјана Грџо Дамовска- Дневник
Фото: Чедомир Ненковиќ

 {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная