логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 Човек се навикнува на сѐ. Овие месеци се обидувам да ја заборавам грдата слика. Им се радувам на новите проекти што се планирани за манастирот. Пред очите ги гледам новиот водовод и пат. Тоа е она што ме крепи, вели отец Калист
    
    
    

Со изградбата на патот полесна ќе биде обновата на манастирот, вели отецот Калист

Пет месеци по опожарувањето на конаците на Трескавец


Петровденско попладне 2013 јулско лето господово. Патот нѐ води кон манастирот во Трескавец, да го посетиме отец Калист, да видиме што се случува со него по пет месеци од пожарот во кој изгореа конаците, до каде е со чистењето, со изградбата на патот... Тргнавме со неколку џипови. Времето не е многу жешко, погодно за искачување кон манастирот, кој го сонува својот сон под Златоврв. Во почетокот нѐ дочекува алфалтиран пат од околу 500 метри, за потоа да продолжиме по тампонираниот дел.
Вредните работници на ГП „Гранит“ се неуморни во извршувањето на задачата, да го изградат патот до божјиот храм. Брмчат машините, се кршат грамадните карпи, се трга земјата од насекаде, се трасира патот, кој околу 70 отсто веќе е тампониран.

- Еве, како што гледате, работиме со полна пареа. Предизвик и задоволство е да се работи на изградбата на патот - велат работниците.

Многу полесно стигнавме до последниот свиок, до каде што е тампонот. Нема повеќе кривини и дупки, кои тешко се совладуваа. Со лесно ќе биде искачувањето. На последната делница каде што машините ги кршеа камењата моравме да застанеме. Тргнавме пеш по угорнината. Предизвик ни беше последните метри да ги искачиме. Полека се движиме меѓу различни камени форми, со разни големи и облици.
Стигнуваме пред манастирот, кој се вгнездил меѓу карпите под ридот. Чувството е неописливо. Ти се чини дека си тука некаде меѓу земјата и небото. Како и многупати досега ги почувствував спокојството и духовниот мир што постојано ги имам при доаѓањето во овој рај божји. Но кога влегов во дворот, глетката ме порази. Првпат моите очи ги видоа опожарените конаци. Жално, но сепак вистинито. Ги нема уредените чардаци, ама сѐ е исчистено, се чека да почнат градежните активности за обновата. Ми се враќа сликата од последниот престој тука, во август лани, на одбележувањето на празникот на манастирот, кога вриеше од народ. Секој добронамерник беше искачен да биде присутен на празникот и впрочем да биде дел од големиот подвиг - поставувањето камен-темелник за изградба на патот, долго сонуваниот сон, како на монахот Калист така и на верниците. Отец Калист, како и секогаш ведар, пријатен, нѐ дочека со насмевка на лицето. Нѐ почести со чај од мајчина душичка и потоа ни раскажа како живее овие месеци, што сѐ е потребно за манастирот да блесне во вистинскиот сјај.

- Човек се навикнува на сѐ. Овие месеци се обидувам да ја заборавам грдата слика. Им се радувам на новите проекти што се планирани за манастирот. Пред очите ги гледам новиот водовод и пат. Тоа е она што ме крепи - вели отецот, кој сега живее во поранешната магерница, која е приспособена како конак.
Се радува што градбата на патот оди според планот.

- Со патот полесно ќе биде за обновата на манастирот. Еве, гледате и сами, изградбата е во полн ек. Во овој период работевме интензивно на проектите. Се трудиме сите прашања да ги решиме во од, не само патот, туку да завршиме и со проектот за водоводот. Без пат и без вода не може да опстојува манастирот - додава Калист.

Донации од насекаде

Отецот раскажува дека постојано во манастирот доаѓаат посетители, како прилепчани така и од цела Македонија и од странство, кои сакаат да помогнат, да донираат.

- Презадоволни сме од донациите за обнова на манастирот. Не се сомневам во љубовта на прилепчани кон манастирот. Тие трипати веќе ја покажуваат својата приврзаност кон Трескавец. Секојдневно донираат. Донации има од целата земја, дури и од странство. Еве денеска добивме 40 илјади евра од нашинците од Австралија, кои поттикнати од прилепчани што живеат во оваа далечна земја ја покажаа својата љубов. Гест за поздравување - вели тој.

Својата хуманост и поддршка за обнова на изгорените конаци ја покажаа и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои донираа 209 илјади денари.

- На седница на Советот на општината решивме првиот надоместок како советници да го донираме. Не наидовме на позитивна реакција од страна на опозицијата, но ние, како советници, сакавме да дадеме мал придонес за обновата на конаците, во кој се надеваме ќе нѐ следат граѓаните, бизнис-секторот, за побрзо да ги обновиме и заедно со патот Трескавец да го покажеме како најубаво место на светот - вели Никола Димески, претседател на Советот.

Проекти за заштита на манастирот

Д-р Панче Велков, професор на универзитетот „Евробалкан“ и член на здружението „Македоника“ за зачувување на културното наследство, го затекнавме заедно со професорот Ралф Ахилес од Универзитетот во Чикаго, во посета на манастирот тоа петровденско попладне. Вели дека дошол на колегата од Чикаго да му ја покаже убавината на Трескавец. Но смета дека на фрескоживописот му е потребна итна конзервација.

- Од 2000 година учествувам на промоција на манастирот за вклучување на светската листа за заштита, за да добиеме средства за конзервација, бидејќи имаме претстави на живопис што се уникатни не само во Македонија туку и во светот. За жал, од моето последно доаѓање, од пред седум години, забележав дека 50 проценти од фрескоживописот ги нема. Итно треба да се интервенира на фреските. Приоритет е зачувување на автентичниот живопис прво од 14 век, па подоцнежните периоди - апелира д-р Велков.
Со него се согласува и професорот Ралф од Чикаго, кој не го криеше своето воодушевување што првпат е тука.

- Импресиониран сум. За црквата доста се знае во светот, ама за пожарот разбрав тука. Штета. Црквата е импресивна, а локацијата е прекрасна. Но, како заштитар, сметам дека е потребна итна конзервација на фрескоживописот. Проблем е влагата во црквата, која на некои места е доста изразена. Интересен е живописот од 14, 15 век, резбата на вратата... Има голема колекција на фрески, за кои итно државата треба да се погрижи. На таков начин ќе може да се презентира историјата на манастирот, на земјата, што е многу важно. Изградбата на патот е само еден сегмент. Црквата е најзначајниот, а потоа треба да се уреди манастирот, да има кафуле, сувенирница, за да се презентира убавината - вели професор Ахилес од Чикаго.

Од прилепскиот завод и музеј велат дека се задоволни како се одвиваат активностите за изградба на патот, што ќе придонесе за побрза реализација на нивните проекти за заштита на манастирот.

- Архитектонскиот дел и статиката за проектот за обнова на конаците се готови. До 18 јули треба да се докомплетираат преостанатите делови - проектите за водовод и канализација, за електрика, громобранска и противпожарна заштита. Така комплетиран оди на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар, а потоа до Управата за заштита на културното наследство. Тоа се административни процедури што мора да се завршат. Максимално вложуваме сили до 28 август, до кога ќе биде готов патот, да заврши таа постапка и да биде распишан тендерот за градба. До Министерството за култура ќе поднесеме проект за конзервација на архитектурата на црквата и трпезаријата и на магерницата, за потоа во наредните години да продолжиме со конзервација на фрескоживописот - вели Гордана Д. Спироска, директорка на прилепскиот музеј.

Откако ги дознавме сите планирани активности, откако малку ја почувствувавме тишината под Златоврв, се враќаме назад, кон градот. Среќна сум и радосна, исполнета со убаво чувство што повторно ја почувствував којзнае кој пат убавината на пределот, на манастирот и доближувањето до иконата на мајката божја. Манастирот остана зад мене. Впрочем, како што во една пригода изјави епископот Климент, Трескавец ја има и ќе ја има универзалната димензија, која не само јас туку и секој посетител ја чувствува.

Трет пожар во историјата

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец е значаен национален културно-историски споменик. Просторот каде што е изграден се вели дека бог го чувал од невреме. Комплексот сега, по пожарот, го сочинуваат црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и старата трпезарија и магерницата. Како донатори на манастирот се споменуваат византиските императори Андроник Втори и Михајло Деветти, а подоцна во 16 век српскиот крал Милутин, царот Душан и неговиот син Урош. Првиот христијански храм кај Трескавец датирал од шестиот век, а во 14 век манастирот бил на удар на разурнувачи. За нецели сто години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски орнаменти, специфични за тој период. Пожарот од 4 февруари е трет во историјата на манастирот. Претходно од огнена стихија настрадал во 19 век и во 90-тите години на минатиот век, по што бил обновуван. Денешната црква е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна со богат фрескоживопис, кој датира од различни периоди.
Манастирот поседува вредни уметнички предмети, меѓу кои и двокрилната врата работена во плитка резба, крстот Космитис од 16 век работен во резба и певница, празнични икони. Со години не бил само монашко туку и книжевно средиште, каде што монасите правеле ракописи со широко распространета препишувачка дејност.

  17.07.2013 год.
      
Автор: Каролина Мицевска     


Извор: Нова Македонија    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная