Македонецот Љупчо Талевски, кој живее во Мелбурн, Австралија, заедно со своите пријатели од клубот за рекреативно маратонско пливање го обиколи вулканскиот остров Стромболи (Италија) што претставува светски рекорд бидејќи сите досегашни обиди завршиле безуспешно. Талевски допливал прв до целта, а ќе биде запишан и како прв човек во светот кој успеал да го оствари овој подвиг, добивајќи ја битката со силните водни струи.
Тој за "Гласот на татковината" што се емитува на Македонското радио, изјави дека островот го обиколил за 54 минути и 54 секунди, а во моментот додека пливал вулканот на островот Стромболи исфрлал камења кои се тркале надолу во морето.