За оние кои сметаат дека им недостига оној „чип“ во главата за препознавање и ценење на уметноста, луѓето кои навистина ја имаат таа дарба се мистерија.
На пример, некои луѓе кога гледаат во уметнички слики, гледаат само рамки и бои, додека пак некои ја гледаат приказната и значењето позади делото.
Сето тоа се сведува на способноста за креативна интерпретација, според неодамнешна студија. Креативните луѓе сепак, го гледаат светот поразлично.
Во студијата биле вклучени 123 испитаници, кои биле тестирани дали поседуваат одредени особини, како совесност, согласност, невротичност, отвореност кон искуства. Исто така, им бил доделен и визуелен тест, преку кој им биле прикажувани различни слики, за да се испита визуелната информација која ја добиваат луѓето. На едната страна од сликата имало црвена, а на другата зелена точка. Многумина ја забележувале само едната боја. Неколкумина, пак, успевале да гледаат две точки кои се соединуваат во една.
Според резултатите, лицата кои имале највисоки нивоа на отвореност кон искуства, особина поврзана со креативноста, биле луѓето кои гледале две бои. Со други зборови – кога луѓето се отворени кон нови искуства, тоа значи дека тие имаат развиена имагинација и гледаат различно на работите.
Конвенционалните решенија не се нивен чест избор. Тие имаат и поразлични визуелни искуства од просечните индивидуи.
Логиката во сето ова е дека колку луѓето се повеќе отворени, толку повеќе и можности воочуваат во она што ги опкружува.
Објавено на 02.05.2017 во категорија Наука
Подготвил: Маја Пероска
Извор: http://www.fakulteti.mk/news/17-05-02/koja_osobina_pridonesuva_za_razlichen_pogled_na_svetot.aspx