СВЕТСKИ ДЕН НА ДЕТЕТО
Расте бројот на деца што трпат психичко насилство
Загрижува фактот дека во Македонија е с` поголем бројот на деца што трпат психичко насилство бидејќи тоа тешко се препознава и тешко се докажува, изјави вчера Јана Зенговска, психолог во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ спроти денешното одбележување на Светскиот ден на детето.
Податоци од СОС-телефонот за деца и млади го потврдуваат фактот дека родителите често го користат физичкото и психичкото насилство за да го наметнат својот авторитет и на таков начин да ги воспитаат и да ги дисциплинираат своите деца.
- Минатата година 106 деца биле жртви на насилство во семејството. Според сознанијата на „Меѓаши“, повеќе од 2.000 децата во Македонија секојдневно денот го поминуваат на улица во супстандардни услови живеејќи под ведро небо без родителска грижа. Најчесто овие деца се жртви на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Освен ова, најмалку 1.500 деца се без извод од Матичната книга на родените, велат од „Меѓаши“.
(М.Д.Т)