Во конкурсот, покрај другото, стои дека треба да се решат уличните визури од сите страни на плоштадот со посебен акцент и во склад со визурата од културното добро Камен Мост, поради визуелниот контакт со другата страна на реката на Вардар.
Освен тоа, проектот треба да дозволи современ архитектонски израз и употреба на традиционални материјали, како и да се задоволени сите православни сакрални канони и функционални потреби на еден сакрален објект. Внимание треба да се обрне и на формата, која треба да е произлезена од влијанијата на традиционалниот контекст. Проектот треба да биде во контекст со заштитеното централно градско подрачје и во корелација со сите околни поединечни споменици на културата, а треба да подразбира и традиционалност, оригиналност и иновативност...
Право на учество имаат и домашни и странски компании и физички лица. Ќе бидат доделени три награди, од кои првата ќе изнесува 400.000,00, а втората и третата по 250.000,00 и 150.000,00 денари. Ќе се реализираат и два откупа, вредни по 30.000,00 денари.
Крајниот рок на доставување на проектите е 24 март, во Архива на Министерство за култура.