логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МИСТИКА - ВО ПОТРАГА ЗА ЖИВИОТ БОГ
Никострат Саронски и Драган Симовиќ

Достоевски: Човек - Бог - Бог - Човек
 

Достоевски Михајловиќ  Фјодор (1821 -1881) голем руски книжевник и мислител, ги напишал покрај останатото, делата:  Браќа Карамазови, Злосторство  и казна, Записи од мртвиот дом и др.

Во едно писмо од 1854 година, Достоевски кажува дека кога би имало да избира помеѓу Христос и Вистината, би го избрал - Христос.  Достоевски, како што кажува Чеслав Милош, бил лишен од Бога Отецот и единствена негова надеж била да се држи за Христа.
Спротивноста помеѓу Човекот  - бог и  Бог - човекот, значајна е во неговото дело.

Во „Легенда за големиот инквизитор“, инквизиторот, говорејќи претходно за елементите на самоуништувањето, со кое што е исполнето христијанството, продолжува, обраќајки се на Христа:
„Меѓутоа, зарем тоа ти се нудело? Има три сили, единствени три сили на земјата, кои што можат засекогаш да ја победат и заробат совеста на тие слаби бунтовници, заради нивната среќа .
Тие сили се:  чудото, тајната и авторитетот.
Ти го отфрли и едното и второто и третото, и самиот даде пример за тоа.
Кога  страшниот и премудар дух те однесе на врвот од храмот и ти рече:
„Ако сакаш да дознаеш дали си ти Син Божји, тогаш скокни од горе, зашто за него е речено, дека ангелите ќе го прифатат и ќе го понесат
и дека нема Тој да падне, ниту да се сопне, и ќе осознаеш тогаш , дали си Ти Син Божји, и ќе докажеш тогаш каква е верата твоја во твојот отец, но ти сослушувајќи го тоа, го отфрли предлогот и не се предаде и не се фрли долу.
О, се разбира Ти си постапил овде гордо и величенствено, како Бог, но дали луѓето, дали тоа слабо бунтовно племе - дали се и тие богови?
 О, ти тогаш сфати дека и само еден чекор да направиш, покрет за  да се фрлиш од горе, дека во тој ист час, би го искушал и Господа, и сета своја вера во него би ја изгубил, и би се  разбил од земјата која што дојде да ја спасуваш, и ќе се зарадуваше мудриот дух кој што те искушуваше“.

Зачудувачкото  неверие во мистичниот чин на искупувањето, изразено во првите зборови споено  е  со потполната доверба  во искушението на Исуса, па дури и со верата  во мистичното значење на тоа искушување, во обидот на ѓаволот да го попречи неговото доаѓање како Спасител во светот.

„ Но повторувам“, продолжува Инквизиторот,
 „ дали има многу такви каков што си ти?
И зарем ти навистина би можел да помислиш макар и за миг, дека и луѓето ќе бидат кадарни да поднесат некое такво искушение?

Зарем човечката природа е така создадена да го отфрли чудото - и во така страшни моменти на животот, моменти на најстрашните, најважните, најмачните свои  душевни прашања  да останат само со слободната одлука на срцето“.

Зошто Бог посакал да биде човек и да ги поднесе сите оние подсмевања и нечуени маки, за што говорат Евангелијата?
 Тоа е само заради тоа што неможела поинаку да се спаси и да се искупи ништожноста и бедата човекова. Толку е неизмерно голема човечката нискост, толку длабоко паднал човекот што со никакви земски ризници   со богатство не било можно да биде искупен
 - ниту со злато, ниту со сребро, ниту со хекатомби, па дури ни со дела на најголемо подвизување.
Морал Бог да го даде Својот Единствен Син, морала да се принесе таква жртва над жртвите - поинаку, неможело да биде спасен грешникот. Така верувале, така тоа го видувале и така буквално говореле светителите.
Тоа го видел и Достоевски кога од него одлетал ангелот на смртта оставајќи му незабележливо - нови очи.
Во таа смисла „Записи од подземјето“, може да послужат, вели Лав Шестоф, како најдобар коментар покрај сведочењата на славните светци.
 Има основа за тврдењето дека тој во времето кога ги пишувал Записите од  подземјето, многу малку знаел за житијата на Светците.
Тој факт им дава посебна вредност на  Записите од подземјето.

Превод: М. Даниловска Мина



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2243
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2772
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

28/02/2025 - петок


Светиот апостол Онисим; Преподобен Евсевиј; Преподобните Пафнутиј и Ефросинија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји,Памфил мудриот кој Порфирија преку пустинакон Небеса го приведе,Валент од чија уста Писмото Свето непрестано течеше,Павле...

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Ти, кој од робување на човекоткон робување на Бога беше приведенТи, кој светии послужуваше и незнабожциво вера спасоносна приведуваше,Онисиме свети,...

Тропар на  преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Тропар на преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Уште од пелени, ти благоглаголив, ревносно Премудроста своја сестра ја направи;и така, Пресветлата ја појми како чиста девица.Примајќи ја, ја ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная