логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Писма до душевадникот


Меѓу играчите на шахот како некое проклетство се раскажува она што може да се нарече „Книга битие“ за оваа игра. Таа легенда кажува како бил измислен шахот и како бил „награден“ неговиот креатор. Во неа се вели дека измислувањето на шахот било поврзано со крвав злостор од страна на власта. Имено, султанот, кога му ја претставиле новата игра, бил толку маѓепсан од новиот изум што решил да го награди непознатиот изумител исполнувајќи му каква и да е желба. Пронаоѓачот побарал навидум лесно остварливо нешто: побарал најпрвин да се стави едно зрно жито на првото поле, две зрна на второто, три на третото, и така сé до шеесет и четвртото. Потоа рекол дека желбата му е да му се дадат онолку вреќи жито колку што произлегуваат од едноставен збир на квадратите од бројот на поставените зрна на шеесет и четирите полиња. За оној што не се разбирал во математика, како што бил случај со султанот, тоа мора да била само налудничаво скромна желба на и онака налудничаво генијалниот ум што можел да смисли таква раскошна игра. Но кога поданиците-математичари му рекле на султанот дека на првото поле треба да даде една вреќа, на второто поле треба да даде четири вреќи, на третото веќе девет, на четвртото шеснаесет, на петтото дваесет и пет... тој сфатил дека сите амбари од неговото царство нема да бидат доволни за да му ја исполни „скромната“ желба на чудниот пронаоѓач. Затоа, решил дека е најдобро да му ја симне главата од раменици.

Во оваа стара легенда отсекогаш сум наоѓал нешто што ме одбивало. Не станува само збор за отсекувањето на главата, туку за многу јасната претстава кај таа глава за општеството како еден вид прехранбена заедница, односно менза. Имено, зошто тој мудрец му побарал на султанот жито, а не, да речеме – скапоцени камења, пари, робови, ниви? И зошто овој реагирал толку сурово, па му ја отсекол главата? Зарем неговата сурова одлука не е резултат токму на тоа што станувало збор за жито, односно за храна? Сигурен сум дека поблаго би реагирал да му побарал дијаманти – би рекол дека мудрецот е луд, би го прогонил, но не би го убил. Во мојата глава постојано се врти некаква чудна и нераскинлива врска меѓу храната и крвта, особено кога ќе ја изиритираш власта!

Во минатата колумна само ја посочив таа аналогија на општеството со менза, и ако не се лажам, го споменав и романот на Ричард Бах – „Галебот Џонатан Ливингстон“. Тоа беше култна книга, барем за (еден не мал дел на) мојата генерација, генерација што можеби прва почна со една, како што подоцна се увиде – катастрофална животна филозофија. Филозофијата се викаше – презир кон материјалното, а покрај „Галебот Џонатан Ливингстон“, на оваа наша „стратегија на поразот“ и кумуваа и книги од типот на „Да се биде или да се има“ на Фром, „Малиот принц“ на Егзипери и, се разбира, сите книги на тогаш неверојатно популарниот Хесе.

И само што се подготвивме за презир на материјалните и се свртевме кон духовните вредности, падна социјализмот (во кој и немаше што многу да се презира од материјалните погодности) и дојде – капитализмот. И тоа најсуровиот, примарниот, акумулативниот, оној што не само што не ги презира материјалните вредности, туку од нив прави фетиши, а ги презира оние што ги презираат материјалните вредности. Општество сурово колку менза.

Повеќе од две децении живееме во општество што личи на менза. Во неа, еден човек со својата свита стои крај казанот и мавта над главата со големата црпалка, барајќи да се почитува редот. Сите што стојат во редот, се туркаат за да паднат во видното поле на човекот со црпалката, кој одвреме-навреме со неа полни по некоја чинија. Некому полни десет пати, некому стопати, некому ниеднаш. Значи, од класичната менза оваа се разликува по тоа што не добиваат сите еднаква порција, туку напротив – за некого има многу повеќе, а за некого нема ниту една единствена капка. Сепак, таа нерамноправна распределба не се должи на некакви заслуги или способности на оние што чекаат во редот. Впрочем во тој ред не чекаат само обични смртници (работници, земјоделци, стечајци, многумина од нив - партиски војници), туку и вистински војници, полицајци, академици, професори, интелектуалци и уметници, лекари... Па сепак, иако докажале дека се способни, не дочекуваат сите црпалката на милоста да им тури чорба според заслугите.

Значи, во таа наша менза, во која стратегиска работа е да си што поблиску до казанот, заслугите не се од пресудно значење за стекнување храна. Многу поважна е послушноста. Послушните чекачи, кога-тогаш, ќе дојдат на ред и ќе си ја добијат својата порција. Ако поживеат доволно долго, повторно според законите на мадрото (и мудро?) однесување, можеби ќе добијат порција и за синовите, внуците и другите колена. Оној што се бунтува, вика, укажува дека некој го прескокнал редот, или дека не дај боже, чорбата е толку лошо зготвена што не се срка – ич нека не се надева. Односно, може да се надева само на едно нешто – на смената во мезната. Одвреме-навреме, уморниот готвач премолчено, речиси доброволно му ги предава (иако тоа изгледа како тешка борба) црпалката и казанот на друг готвач. И тогаш почнува нешто што би требало да личи на правда, но тоа така личи само во почетокот – имено, новиот готвач гледа најпрвин да ги наполни оние чинии што дотогаш воопшто не биле наполнети. Храна добиваат само оние чии чинии не биле изгнасени од претходната чорба (иако има вешти луѓе, кои толку добро ја излижале претходната порција, што успеваат да го измамат новиот готвач и да добијат и од него порција). Не добиваат оние што добивале од претходниот готвач, иако можеби заслужуваат многу повеќе од некои што не добиле воопшто ништо. Така, во таа менза има постојано група гладни и група сити.
А тоа е така само затоа што и едните и другите мислат дека нема доволно храна, односно дека има само за половината од присутните во мензата. Иако, тоа не е точно – храна има за сите. Сите тие корисници, секој ден, пред да дојдат во мензата за да им се подели оброкот, со свои раце работат нешто за да го спечалат оброкот. Ако и покрај тоа нема доволно, работата е јасна – или некој во кујната краде од продуктите, или некој не си го заработува лебот, односно дневната порција. Трето нема. Некој живее на туѓ грб.

И еве, сега повторно ќе ја затворат мензата за некое време. Додека се исчисти и додека се назначат управител, готвачи и додека не му се даде црпалката повторно некому в рака. А потоа пак исто: некаде ќе тропне во лименото канче, некаде не. Додека тоа не се случи, не барајте жито. Сетете се на приказната за мудрецот што го измислил шахот. Барајте сé, само храна - не. Таа во сиромашните земји е поскапоцена од крвта. И крв ќе падне околу тоа кој прв ќе ја грабне црпалката!

Авторот е универзитетски професор и писател

  
   
Автор: Венко Андоновски    

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4611845417&id=13&prilog=0&setIzdanie=22250
  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1039
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2607
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/05/2025 - четврток

Вознесение Христово – Спасовден; Преподобен Теодор Осветен; Блажената девица Муза; Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Николај; Преподобните маченици Саваити;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

 Тропар на преносот на моштите на светиот Христов чудотворец Николај Мирликијски 22/05/2025

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов чудотворец Николај Мирликијски 22/05/2025

 Велики угодниче Божји, Николае свети,чии молитви нѐ закрилуваат нас коипловиме по морето на овој живот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная