логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 


Залудни се сите досега објавени обиди да се побие клучниот аргумент од беседата на г. Иларион; залудни ќе се и сите што допрва ќе бидат објавени против тој аргумент; како што, конечно, ќе останат залудни и сите текстови што воопшто може да се напишат против истиот тој непореклив аргумент. Неговиот аргумент е сосема едноставен: господин Иларион ја кажува вистината за животот и за смртта. Неговите критичари ја премолчуваат!

Животот е пред правото! Не е прво донесен законот за правото на абортусот, па потоа создаден човекот и неговиот капацитет да раѓа деца! Обратно е: пред сите човечки закони, создаден е животот. Законот регулира одредени услови под кои се дефинира и санкционира практиката на раѓањето и на одземањето живот во конкретна социјална ситуација во која живеат луѓето. Тоа да! И наедно: тоа е се'!

Самиот живот останува апсолутен феномен, кој, од една страна му претходи на секој човечки закон, а од другата, го трансцендира, го надминува бесконечно многу пати со самиот факт што законот останува апсолутно стерилна рамка неспособна да создаде и едно единствено дете! Законот не раѓа деца, ако може и да пресуди за нивното убивање!

Господин Иларион во својата беседа, направи нешто што на сите негови критичари им се измолкна или што тие намерно не сакаа да го видат, нешто што, веројатно, и самиот не го подвлече доволно силно и недвосмислено, конечно, нешто без кое ниту една пресуда не е валидна: тој прозборе од името на тие што самите не може да зборуваат! Тој јасно и со силен глас ја кажа нивната вистина: „Ние сме вашите деца кои вие ги убивате!“

Ја кажа вистината која ќе остане неизречена ако ние, кои можеме да зборуваме, не ја речеме! Актот на убивање луѓе, без оглед дали е тоа егзекуција на здрав и силен претставник на родот, осуден на смрт или е евтаназија на пациенти во кома, убивање луѓе со ментална, физиолошка или директно физичка хендикепираност - сеедно - останува целосно недвосмислено убивање на човечки суштества, без оглед што тие не можат да речат ништо во своја одбрана или што нивното продолжено живеење претставува огромен проблем за општеството и директно загрозување на нормалниот живот на нивните најблиски!

Ние можеме да се согласиме или да не се согласиме околу тоа дали е потребна правната регулација на условите во кои животот на возрасните има законски приоритет над животот на децата, односно, животот на родените над животот на неродените. Но апсолутно е залудно, бесмислено, илузорно, да тврдиме дека нивното елиминирање, колку и да е оправдано од гледиштето на возрасните, односно, на родените, не е чин на убивање на човечки суштества!

Аспектите на правно коректната и непротивречна дефиниција на доволните и нужни услови со кои едно суштество го опфаќаме со постојната легислатура и го признаваме за „човек“, навистина се интелектуално инспиративни и преполни финеси што овозможуваат бравурозни досетки и ингениозни решенија. Но, сите заедно, тие не значат апсолутно ништо за основниот факт според кој породот на мажот и на жената е човек! Со или без големи аномалии, роден во деветтиот, осмиот или абортиран во четвртиот, во вториот месец, или во првиот ден по зачнувањето!

Премногу е нечовечно да се зборува (особено: да се замисли!) колку е целиот чин на абортусот непорекливо ужасен - од одлуката на родителите да го нарачаат и извршат убиството на сопственото дете, до барање соодветен доволно стручен и професионално проверен извршител/лекарот/платениот убиец - но мора да се знае дека самиот чин е токму тоа и ништо друго!

Животот на мајката може да е загрозен, и може да е, објективно, апсолутно поцелесообразно да се дозволи абортусот отколку да не се дозволи: исто така, мајката може да има други деца за кои ќе мора да се грижи или барем за кои никој друг нема подобро од неа да се грижи. Сето тоа не е спорно. Не е спорно ни дека самиот чин е најстрашната траума за мајката. Но не е спорно ни дека, кажано со бесчувствителниот коцкарски жаргон, влогот со кој се искупува сопствениот живот или животот на мајката и петте или осумте други деца - е жртвување на животот на нејзиното шесто или деветто дете, односно на нивната сестра или нивниот брат!

И токму тоа е поентата на беседата на г. Иларион: абортусот не е чин на „чистење“ од некаква инфекција, не е ослободување од несакани проблеми, не е никакво право на жена врз сопственото тело, бидејќи телото во неа не е нејзиното тело, туку е тело на друго човечко суштество! - директно и недвосмислено, тоа е чин на убивање човечко суштество, односно, на сопственото дете! Гласајте за или против законот за абортусот, но имајте доволно доблест да признаете дека гласате за или против убивање сопствени деца.

Колку повеќе е непопуларно да се брани некој кого сите го напаѓаат, толку е поголема моралната обврска да го браниме, ако тој со своите ставови го застапува правото на тие што самите не можат да се бранат!

Беседата на г. Иларион, без оглед на преголемата доза моралистички патернализам, во основа го прави токму тоа!


Ферид Мухиќ

Извор: Вечер

ДРУГО:


 Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1862
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2183
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2054
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная