логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
Откако Александар Прокопиев во 2000 година ја објави книгата „77 антиупатства за лична употреба“, во која се препознаваат неговите опсесии (литературата, филмот и литературата, музиката и литературата, сликарството и литературата, музиката и литературата, филозофијата и - многупати повторно литературата...), тој продолжи да пишува ваков тип текстови: дневнички белешки, импресии, наративни фрагменти, есеи.
Во 2001 година „Енциклопедија Британика“ ги избра неговите антиупатства меѓу дваесеттината најинтересни книги од Југоисточна Европа.
Потребата да не запре на бројката 77 произлегува од богатата ерудиција на овој автор, комбинирана со неговото секојдневно обновување на знаењата. Новите „антиупатства“ од перото на Прокопиев ги објавуваме на страниците на „Лик“

 

Откако паркираните автомобили ги зазедоа и така тесните тротоари во градот, бројот на пешаците-жртви растеше пропорционално со оној на прегазените мачки и кучиња. Губејќи ја последната заштита пред разулавените автомобили-куршуми, пешаците растревожено бегаа по улиците пред заканата на доаѓачкото брмчење на машините. Некои ќе се скутреа до каросеријата на најблискиот паркиран автомобил, некои ќе се завлечеа под него, само да се скријат пред терминаторите на четири тркала. Дрвјата не можеа да се користат за заштита, зашто се исечени по наредба на градската власт, да не му пречат на „слободниот сообраќај“.
Трчајќи слалом по тротоарот, меѓу густо доминантните автомобили, господинот А. со дланките во џебовите од стариот, но добро скроен син капут, го здогледува пријателот, господин И., како прилепен до едно паркирано „рено“, мрморејќи, ги колне несовесните возачи. „Те канам на кафе“. „Да побрзаме додека некој од овие лудаци не н* собрал“, му одговара овој, забрзано дишејќи.
Идејата за излет до Кокино, од каде што се предците на г. А., дојде пред таму да биде откриена мегалитската опсерваторија (што секако го исполни со пионерска прачовечка гордост), но се уште остана на кафеански договори, иако веќе почнаа да се печатат календари со древните урнатини во нечепнатиот природен амбиент. Но, искрено кажано, г. А. и г. И. се вистински „гњаватори“, се е кај нив нашироко и надолго, а ефектот... под очекувањата!
Убавината на некој древен храм не произлегува од тоа што служел како азил за одредена содржина на животот, туку од тоа што неговиот облик е произлезен од чистата перцепција на пластичните односи. Таа уметничка перцепција (што во градбата на храмот станува облик) е скапоцена и жива за нас во сите времиња, иако содржината на животот во кој храмот бил изграден веќе не е жива.
И онака ќе дојдат насилните, ќе ги избркаат кротките. Варварите ги сквернават светилиштата, гнасите на четири тркала ги елиминираат загубените пешаци. А потоа, како ништо да не се случило. По неколку децении, меѓу урнатините на храмот никнала трева и некој овчар го донесува своето стадо да пасе токму таму. По неколку дена, еден друг пешак пред налетот на бесен автомобил се вкочанува на истиот премин, можеби на истото место каде што беше згмечен пензионерот што брзаше кон детската градинка да ја сочека својата внучка. Тивко е на ливадата и момчакот потпрен врз еден од расфрланите камења на некогашниот храм бавно го брише испотеното чело, додека овчичките спокојно си џвакаат. Пешакот, откако колата прострелува крај него, се сепнува, трча кон тротоарот, таму ги симнува очилата (диоптер 4,5), „колку се луди овие возачи“, кога - „здраво, откаде ти тука?”, му се обраќа весел глас, ги враќа очилата и пред себе го гледа најслаткото суштество во својот сегашен живот. Убаво му е што ја гледа. Секоја асоцијација на претходниот настан е избришана. Без страв, без суровост.
црн квадрат = сензибилитет
бела заднина = ништо, она што е вон сензибилитетот
Убавите животни спијат во црниот квадрат. Незагрозени, разбирливи на сите јазици, зачувани во сетилниот облик (црниот квадрат). Едновремено и чисти - духовна хигиена, отфрлање на недостојните товари.
Господинот А. и господинот И. понекогаш умеат да заседнат. Се уште не се договориле кога ќе тргнат за Кокино, утре сабајле, прекутре сабајле или можеби најдобро в недела. Една трудна жена влегува во кафеаната. „Ќерката на Олга“, вели А. „Која Олга?“ „Олга од нашата гимназија. Олга Јаневска. Пред малку ги видов заедно, на улица“. „Ама што ми велиш? Не е можно“.
Независните души ги оставаат напиените тела и патуваат. Кон црниот квадрат!
Кон црниот квадрат!

Избор: Нова Македонија
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…
Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1125
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1478
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1592
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 3197
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

03/10/2025 - петок

Св.етиот великомаченик Евстатиј Плакида; Св. кнез Михаил и Теодор бојаринот; Преп. маченик Иларион; Св.е исповедници Aнастасиј и Aнастасиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт  2 октомври/19 септември 2025

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 2 октомври/19 септември 2025

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември  2025

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември 2025

Милостив Евмение, пастиру Христов,со помош Божја себе најпрво се излечи,соблекувајќи го стариот човек телото го умртви,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная