Не постојат меѓучовечки односи во кои царува апсолутна хармонија и истомисленост, Секогаш се наоѓаат поводи за спор. Важно е да умееме да Збориме правилно. Разликата меѓу скандалозните расправии и меѓуразумните објаснувања е како меѓу војната и тркалезната маса. Во војната задолжително има победник, тркалезната маса завршува со мировен договор. Во спорот се стремиме взаемно да се убедиме, во караницата војуваме меѓу себе.
Неетичките скандали се мечувања со спротивставени мислења, размена на удари, барања на слабото место на противникот. Додека спорот е интимно зближување. Не телесно, туку духовно. Тоа дава можност да се запознаат мислите, желбите и убедувањата на спротивната страна. Целта на спорот не треба да е уништување, туку постигнување договор. Неговиот успешен крај значи да го постигнеме она што го сакаме, признавајќи му го истото правво и на противникот. Затоа додека спорот и двете страни треба да се ислушуваат и да бидат подготвени на отстапки и компромиси. Тоа не е толку тешко колку ни се чини. Тоа е како некому да му направиш пат или да му отстапиш место во автобус. Во стремежот да постигнеме договор во спорот треба да знаеме уште нешто: Не треба опонентот да го критикуваме како личносг, треба да го критикуваме она тој што го зборува. Важно е како аргументи да не користиме стари конфликти што се случиле порано.
Ако ја стекнеме умешноста за позитивен спор, исчистен од сомневања подубедености, непријателство и сарказам, ако се научиме да го почитуваме и туѓото мислење, безразлика дали се работи за блиските луѓе или за соработниците, ќе направиме чекор кон усовршување на сопствената личност.
Посети: {moshits}