Премин Портал

Кожувчанка


САД од секогаш ја поддржуваат Македонија за влез во НАТО, но, проблемот е во тоа што во Алијансата, тоа е еден глас од вкупно 27, а доволен е само еден глас да се блокира членството. Одлуката на Алијансата поканата да биде врачена штом се реши името, иако земјата ги исполни сите услови, е фрустрирачка. Името е поврзано со идентитетот а за идентитетот не се преговара и тие тоа не можат или не сакаат да го видат, изјави американскиот аналитичар Џејсон Мико.

mico
- Како што веќе видовме, потребен е само еден глас да блокира потенцијален член - Грција стави вето на членството на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година. САД, како и европските членки на НАТО и Канада, постојано од тогаш говореа, и јас го цитирам Расмусен, генералниот секретар на НАТО „покана за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом прашањето за името е решено“. Во тоа е проблемот. Меѓутоа, за проблемот е збунувачки фактот дека САД, НАТО, ЕУ, ОН, итн. не разбираат или не сакаат да признаат дека идентитетот и името се исти, тие се поврзани. Не може да се промени едното без да се промени другото, а за идентитетот на Македонија и нејзиното име не смее да се преговара. Според мене, многу е фрустрирачко што многу паметни луѓе, избрани и неизбрани, не може да го препознаат или можеби, одбиваат да го признаат тоа. Тоа е прашањето, вели Мико кој е добар познавач на состојбите во регионот за емисијата „Порта“ на сателитскиот канал на МТВ.


За неодамнешната изјава на Брус Џексон дека „со малку среќа“, Македонија ќе биде членка на НАТО во 2013 година, Мико вели оти не постои такво нешто како среќа, туку само напорна работа и реалност.

- Македонија ја врши напорната работа, всушност, Македонија има направено сè што е побарано од неа за да стане членка на НАТО. Сите членки на НАТО ја признаа оваа реалност во април 2008 година на Самитот во Букурешт. Сепак, додаден е уште еден услов за членство на Македонија во НАТО - да го промени својот идентитет со промена на сопственото име. Тоа е нешто што ниту една земја никогаш нема да го направи. Не треба да се бара Македонија да го промени нејзиниот идентитет или име за да влезе во НАТО. Всушност, тој што треба да се промени е НАТО, оценува американскиот експерт.

Во однос на тоа дали Македонија по 21.12.2012 ќе го пронајде своето место во светот и доколку е така, каде е нејзиното место, Мико со став дека тоа е Европа како целина, слободна и во мир, во Југоисточна Европа, каде што таа промовира економска и политичка соработка со своите соседи, до степен до кој таа соработка зависи од Македонија, како и во  меѓународните организации каде што придонесува за поголемо добро.

- Пример е континуираниот придонес и ангажман за НАТО во Авганистан. Внатрешно, положбата на Македонија е стабилна, безбедна и достоинствена. Економската ситуација се подобрува и ќе продолжи да се подобрува доколку земјата продолжи да спроведува реформи, ги одржува инфлацијата и долгот на ниско ниво и постојано привлекува странски директни инвестиции. На овие работи им треба време. Земјата нема надворешни воени закани, додека пак, внатрешно, иако постојат одредени прашања од време на време, никој не сака конфликти и сите културни и етнички групи признаваат дека успехот на Македонија ќе дојде од градење на силна, стабилна и просперитетна земја за сите македонски граѓани. На крај, и покрај некои проблеми создадени од страна на „пријателите“ на Македонија, Македонија е признаена од 135 земји под нејзиното уставно име и не постои нормална или морална личност што го негира постоењето на македонскиот народ, јазик, или црква. Само ментално нестабилните го негираат тоа, посочува во интервјуто за „Порта“ Џејсон Мико.

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1397
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1953
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3541
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3752
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица  21 септември/8 септември 2026

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 21 септември/8 септември 2026

 И така, таа била пo таткo oд царски рoд, а пo мајка oд рoдoт архиeрeјски, и сo тoа вeќe Гo...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная