ПРВОТО ЧУДО НА БОГОРОДИЦА ПО НЕЈЗИНОТО УПОКОЈУВАЊЕ
Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на праведен Јосиф. Toa била нејзина желба. За време на погребот, св. Јован ја носел рајската гранка пред олтарот, а апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.
Светол облак ја завиткувал поворката и противниците не можеле да ја растурат, иако постојано ја следеле и се обидувале тоа да го направат. Во еден момент, на едно место, малку се кренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш, еден од свештениците се стрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти, но, во тој момент, невидливиот ангел, со меч, му ги пресекол рацете и дланките останале прилепени на ковчегот.
Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога го направил тоа, рацете му зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што го виделе тоа, се увериле дека Исус е навистина Синот Божји. на тој ден, многумина се покрстиле и го примиле христијанството.
Телото на Богородица било положено во гробот на Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од небото се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот, пристигнал апостолот Тома кој сакал да го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот, но телото не било внатре. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека, на третиот ден по погребот, Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото.
Избор од фб профил на Православие.Мк †