логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Palama1.jpg

  Покрај сеуште присатните политичките несогласувања, и денес Солун масовно се доживува како трговски центар близок до нашата земја. Гледано од друг агол, нам соседниот Солун секако ни зрачи со благодат која потекнува уште од Апостолско време!
  Но како човек може во сето ова да се увери ако не од личен искуство? Не како обичен турист, не заради работа или обврски, туку како вистински поклоник!
  Ако никако поинаку, визната пречка може лесно да се надмине, доколку се искористат редовните автобуски шопинг тури во Солун. Тие траат еден ден, и нивните цени се сосем пристапни (во нив е вклучена и услугата за виза) со цел агенциите да ги мотивираат туристите, во овие кризни меѓусоседски периоди. Комерцијалните шопинг тури во основа се наменети за посета на познатите шопинг центри и улици со брендирани продавници, но тоа човек не треба да го спречува за да ја искористи оваа лесно достапна шанса на вистинско поклоништво.
 

Автобусот ги остава патниците на почеток на улицата “Виа Игнација”. Движејки се пеш или по неа, или по нејзината паралелна “ Цимиски ” улица, во правец на храмот Св. Софија, најпрвин човек може лесно да налета на еден помал храм, скриен меѓу поновите Солунски градби. Храмот навидум камуфлиран и помалку значаен “ ги чува ” моштите на Св. Теодора Солунска, и Св. Давид. Тие се сместени во простории од лево и десно на самиот влез во храмот.

sv.Teodora.Solunska.jpg

Светите мошти се поставени во сребрени кивоти со живописен рељеф, а на зидовите од просториите се представени самите светители. Пријатно му е на срцето кога човек непланирано по пат кон едни Светии ке наиде и на повеќе. Сето тоа укрепува и дава сила за понатаму во жешките Солунски денови. Во дворот на истиот храм, има фонтана со света вода, достапна за секого. Исполнет со благодат човек од оваа точка знае дека е на вистинскиот пат за да продолжи понатаму пеш низ Солун.
  Недалеку од таму во истата насока, се доаѓа до храмот Св.Софија. Се работи за по голем и по древен храм, но нема да ја користиме шансата во овој текст за да пишуваме историски осврт. Значајно е да се каже дека внатре во тој велелепен храм исто така се чуваат моштите на Василиј Епископ Солунски. До просторијата каде што се положени светите мошти е поставена маса. На неа има листови, каде што човек може да ги запише имињата на блиските и оние за кој се моли, за да бидат спомнати и во молитвите подоцна на Литургииите. Околу храмот има неколку книжари кој се специјализирани за теолошка и духовна литература, но во нив можат да се најдат најразлични црковни треби и други ретки нешта, како литургиска музика така и икони, темјан и др.

sv.Palama.crkva.jpg sv.Palama.crkva1.jpg


  Десно од Св.Софија, кога човек ке ја пресече улицата “ Цимиски” доаѓа до улицата “ Митрополис” (дир.прев.) каде што се наоѓа главната цел на ова патување а тоа е овој пат храмот посветен на Григориј Палама, чии што мошти лежат внатре. Тие се исто така поставени во просторија од левата страна веднаш по самиот влез во храмот внатре. Просторијата зрачи со неописива благодат. Моштите на Светителот се гледаат низ малото отворче на сребрениот кивот, украсен со рељеф, на кој покрај другото е представена и Света Гора, и Ватопед. На кивотот е поставена митрата на Светителот кој воедно 13 години бил Епископ Солунски.

 sv.Palama.mosti.jpg sv.Palama2.jpg

sv.Palama.mitra1.jpg

sv.Palama.mosti1.jpg

sv.Palama.mitra.jpg

 Целата просторија е украсена со фрески кој го представуваат житието на Светителот, неговите дела, и одредени личности (многумина и монаси) кој биле дел од неговото житие. Таму Англискиот јазик не се зборува често, а и по неколку посети до сега немам видено стучно лице кое би можело да ги информира туристите и поклониците околу овој значаен храм и Светител. Можеби и постои, но јас не сум сретнал? Предходните самостојни припреми околу житието и значењето на овој голем Светител, како и другите во овој град, сметам дека се повеке од полезни. Ниту фотографиите не можат да ја доловат благодатта која се чуствува во целиот храм посветен на Св. Григориј Палама. Само личното искуство е клуч за тоа чуство. Наоколу во храмот покрај другите работи, впечаток оставаат сцените на фреските каде што Св. Григориј Палама е представен на брегот на Света Гора, во позадина се гледа манастирот а во раката држи хартија, што всушност е Тријада, едно од пишаните дела со кое јасно го одбрани исихазмот, вистината и православието, и постави цврста основа во повеќе домени кој и денес се непроменети.
  sv.Palama.jpgЗа Св. Григориј Палама, неговата големина и значај може навистина многу да се пишува и сето тоа рамките на овој текст не го дозволуваат. За оваа цел ке ја искористам кратката верзија на неговото житие превземена од сајтот на МПЦ :
Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски  27/11/2008
Татко му на Григориј беше висок чиновник на дворецот на царот Андроник II Палеолог. Откако надарениот Григориј ги изучи светските науки не сакаше да се зафати со служба на дворецот, но замина на Света Гора и се замонаши. Се подвизуваше во Ватопед и во Лаврата. Водеше борба со еретикот Варлам и најпосле го победи. Беше посветен за митрополит Солунски во 1347 година. Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена.

Времето во Солун бргу проаѓа, кога има толку многу места да се посетат за толку кратко време, и доколку човек е физички исцрпен, а решен е од оваа точка понатака да го посети и храмот посветен на Св. великомаченик Димитриј, предлагам да најми такси превоз или да искористи некој од автобусите на јавниот превоз. Храмот на Св. Димитриј се наоѓа на повисок дел во градот, и доколку се посетуваат местата по овој редослед пеш не е толку лесно да се пристигне до следната дестинација. И јас заради недостиг на време посетата овој пат ја одложив  до храмот каде што лежат мироточивите мошти на Св. великомаченик Димитриј. За крај повторно ке го искоритам неговото житие превземено од сајтот на МПЦ:
Светиот великомаченик Димитриј  08/11/2008
Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.
 
  По сето ова, Соулн очигледно е голема духовна ризница, и покрај тоа што денес однадвор гледано се работи за модерен трговски град со неколку милиони жители. Искуството од ова поклонение е незаменливо. Човек по некое време почнува да помислува дека и во другите храмови на кој ќе наиде во Солун, (а ги има многу повеќе одколку што јас ги набројав), внатре лежат свети мошти, и тоа е сосем возжоно во многу случаи.
Но невозможмо е да се смета Солун само како обичен град погоден за шопинг сензација.
  Недалеку од нас, во Солун,  се доживуваат и духовни искусва!

sv.Palama.crkva2.jpg

Подготви: Љ.П.

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3207
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная