Црквата на Св. Никола побудува во нас желба за полно единство – една е од мислите во пораката на папата Бенедикт 16, кој на 01.03. во Бари, во приликата во која повторно и се враќа оваа Црква на Руската Православна Црква на Московскиот патријарх, што ја прочитал кардиналот Салвадоре Де Ѓорѓо.
Светиот Отец ја искористил оваа прилика повторно да ја изрази желбата на новиот патријарх на Москва и цела Русија, Кирил, молејќи му се на Светиот Дух да ја просветли неговата одговорна служба.
Папата се радува поради враќањето на оваа Црква во Барина Руската Православна Црква на Московскиот патријарх, а неговите поздрави кардиналот Де Ѓорѓо им ги пренел на италијанскиот претседател Наполитано и на рускиот Медведев, кои присуствувале на оваа свеченост, заедно со другите претставници на власта, како и претставникот на Надбискупот на Бари монсињор Франческо Какучи.
Градот Бари и понатаму нека биде природен мост према Исток – посакал кардиналот во името на Светиот Отец – та нека придонесе драгоцен принос на патот кон полно единство помеѓу христијаните.
Во името на Московскиот патријарх Кирил, бискупот Марк, посланик на патријархот Кирил, ја прочитал пораката во која наследникот на Алексеј Втори , говори за врачањето на оваа Црква како добар чекор и и` изразува благодарност на бискупијата и на доминиканците кои се грижат за базиликата.
На крајот на свеченоста, која е одржана во пријателски дух, двајцата претседатели со своите придружби ја посетиле Базиликата на Св. Никола, во која веќе од 800 години почива телото на овој омилен светец.
Подготви: Стојанка Тежак