ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ПРОДАВААТ МОЛИТВИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Едно десетина Православни цркви и Манастири во Русија поставиле свои сајтови на интернет, нудејќи им на верниците можност да, по одредена цена, нарачаат молитви за здравје или за покој на душите на своите најмили.
Спрема пишувањето на весникот „Известија”, на сајтот на манастирот „Валаам“, на северниот дел од европска Русија, помен за првите 40 дена после смртта на саканата личност се плаќа 15 рубљи (околу 4 евра), додека за молитва низ целата година треба да се издвојат 500 рубљи.
На верниците, исто така, им е оставена можност молитвите да ги плаќаат онлајн.
Нешто поевтин е манастирот Макарјевски, во Татарстан, кој дава помен за само 50 рубљи(1,5 евра).
Монахињите на манастирот Снаменски, околу 400 километри источно од Москва, примаат наплати и преку смс пораки, под услов да несе помали од 20 рубљи.
Против истакнувањето на ценовникот на интернет, се побуниле неколку теолози, помеѓу кои е и професорот на Теолошкиот факултет во Москва Алексиј Осипов кој смета дека молитвите не треба да се наплатуваат.
Подготви: С.Т.