логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Стотици јазици низ светот изумираат. За едниот од нив ваквата перспектива е особено загрижувачка. Тоа е арамејскиот – родниот јазик на Господ Исус Христос.

„Арамејскиот јазик изумира“, вели огорчено Елиас Кури, жител на зафрленото село Малула во Сирија, чијашто единствена врска со главниот град Дамаск е долг и нерамен пат низ планината. 65-годишниот човек си спомнува за деновите кога старците во областа зборувале само на арамејски. Јазикот сега е само спомен на минатото, кога пред доаѓањето на исламот на Блискиот исток бил далеку пошарен од културен и лингвистични аспект. Денес Малула и уште неколку помалечки села се последните тврдини на арамејскиот јазик.

Некогаш овој јазик го користеле христијаните во Сирија, Турција и Ирак. Но, низ вековите тие се асимилирале или бегајќи на Запад или присоединувајќи се кон живеалиштата на муслиманите. Во последните десетлетија овој процес е забрзан.

„Младите поколенија го загубија интересот за арамејскиот“, вели Елиас Кури. Неговата внука, 17-годишната Катја, знае основни фрази, кои ги научила во јазичното училиште во селото. Тоа е основано пред две години со цел да помогне во заживувањето на древниот јазик.

Елиас си спомнува дека кога бил дете учителите ги казнувале со шлаканици оние кои го користеле древниот јазик. Таква била политиката на сириската држава насочена кон арабизација на населението. Но, сега како работите да тргнале во спротивна насока. Семејствата во оваа област на државата зборуваат и дома на арапски, но децата можат да го научат јазикот на своите предци во центарот, основан специјално за тоа. Во основањето на центарот учество зедоа и неколку странци, меѓу кои и специјалистот по арамејски јазик професор Сабар, поттикнати од професионални амбиции или едноставно заради љубовта и почитта кој родниот јазик на Спасителот.

 

 пролазот на света Текла

Името на селото Малула има интересна историја. На арамејски Малула значи „вход“. Името Малула селото го добило поради една случка. Според преданието, света Текла, која го пратела апостолот Павле, побегнала од дома во денешна Турција, прогонета од нејзините родители незнабожци заради изборот да ја прими христијанската вера. Таа пристигнала во оваа област, но на патот ѝ стоела планина. Откако се помолила, карпата се разделила на две, а под нозете ѝ потекол извор.

                                                                             

Арамејскиот јазик исто така претрпел промени низ вековите. Тоа е јазик од западносемитската јазична група, сличен на староеврејскиот и на денешниот арапски јазик. Во него се провлекуваат и многу арапски зборови и изрази. Но, повеќето луѓе во Малула веруваат дека јазикот им е истиот како оној на којшто зборувал Спасителот. Се надеваат дека новото арамејско училиште во Малула заедно со очекуваната финасиска и методолошка помош од светот (за што има сериозни најави) уште веднаш ќе го заживеат древниот јазик.

Малула е на 56 километри од Дамаск и се наоѓа на височина од повеќе од 1500 метри. Малите куќички се поставени на падините на огромна карпа, и изгледаат како да висат во воздух. Во близина има два манастири, едниот на свети Сергеј и другиот на света Текла. Жителите на Малула, како и оние од двете соседни села – Џабадин и Наџа, зборуваат на арамејски, на родниот јазик на Господ Исус Христос.

Извор: Pravoslavie.bg

Prevzemeno od sajtot na MPC

Посети:{moshits} 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2751
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7200
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7028
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

01/07/2024 - четврток

Преподобна Макрина;преп.Диј Антиохиски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Бог се спротивставува на горделивите,о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,исцелувајќи ја душата и болестите телесни,

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная