логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Не многу пред својата смрт митрополитот Лавр даде интервју за православниот весник „Нов Ковчег“.

 

Ваше Високопреосвештенство, како Поглавар на Руската Задгранична Православна Црква духовно раководите со својата паства, која е расеана низ целиот свет. Колку тешко му е сега на православниот христијанин да живее во неправославни земји?

 Во центарот на современата хуманистичка цивилизација се наоѓа човекот, неговиот внатрешен свет, неговите потреби и стремежи. Така што, целото општество е ориентирано кон задоволување на потребите, амбициите и страстите на човекот. Овде христијанинот го опкружува не само изобилство, туку вистинска соблазна, која гласно извикува за себеси од телевизорите и рекламните проспекти. Многу му е тешко на православниот човек да ја сочува својата црковност во вакво општество.

Тешко е да се објасни зошто ние постиме кога сите околу нас во ништо не се ограничуваат себеси. Постојат проблеми, на пример со календарот, кога католиците и протестантите празнуваат Рождество, кај нас продолжува постот и неопходно е да се разјасни зошто православните не учествуваат во сеопштата веселба. Особено е тешко, во такви услови, да се воспитауваат и сочуваат децата во православен дух. Иако тие одат во црква и родителите се грижат дома да го сочуваат православниот начин на живот, во училиштата и на улица тие се наоѓаат во потполно друга средина. Освен тоа, во Русија, на пример, во секој град или населба сега има православен храм, а надвор од границите руските верници живеат на такви места каде што нема ниеден православен храм и тие можат да одат на служба само неколку пати во годината и за тоа мораат да патуваат многу далеку.

 Од една страна гледаме дека сѐ повеќе и повеќе млади почнуваат да се запознаваат со основите на православното учење за верата. Но, не можеме да кажеме дека овој процес е брз затоа што уште поголемиот дел од младите е сосема одделен од Црквата. Што го попречува младиот човек да го слушне гласот на Црквата и да оди по него?

 Најпрво е отсуството на црковното воспитание, кое нашите предци го добивале од детството. Од најмалите години децата ги воделе во црква, ги учеле да ја разберат и сакаат црковната служба. Дома тие растеле со иконите, домашните молитви, благочестивите четива. Денешното младо поколение е лишено од сето тоа. За време на советската власт во црквата оделе главно бабите и, за жал, се утврдило такво мислење дека црквата за нив и постои, а младиот човек нема таму што да прави. Често од младите е можно да се чуе - кога ќе остарам како мојата баба, тогаш и во црква ќе одам.

Освен тоа, кај современата младина е испревртен системот на вредности. На чело на сето тоа се наоѓа стремежот за животен успех и задоволства. Стекнувањето на слава, пари, кариера итн. ја отргнува младината од грижата за својата душа и така таа се движи по оваа трка, која често се претвора во бегство од реалноста. Спасителот нѐ предупредува: „Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и р‘ѓата ги уништуваат, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту р‘ѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е вашето богатство, таму ќе биде и срцето ваше.” (Матеј 6, 19-21).

Ваше Високопреосвештенство, сега, како и секогаш, една од главните задачи на Црквата е мисионерството. Какви треба да бидат главните принципи на мисионерството, особено во неправославна средина?

Мисионерството меѓу неправославните верници, дефинитивно, има свои особености. Проповедта меѓу иноверните се разликува од онаа меѓу атеистите. Овде е потребно да се пројави почит кон туѓата вера, а не да се зборува „без влакно на јазик“, инаку веднаш ќе го изгубиме човекот. Најпрво мора да се употреби тоа што за дадениот човек му претставува авторитет. При работата со протестантите тоа несомнено се извадоци од Светото Писмо. Другите подобро се убедуваат со пример на научни аргументи. Воопшто, за секого е потребен индивидуален пристап.

Сега многумина Американци, Германци, Французи и други се обраќаат во Православие, но притоа остануваат Американци, Германци и Французи, не вреди да се стремиме по секоја цена да ги направиме Руси. За тоа земаме пример од свети Николај Јапонски, кој им проповедал на православните Јапонци, но ја сочувал кај нив верноста на нивниот народ и нивната земја. Во сите наши парохии во САД, Англија и Австралија, каде што преовладуваат верници од локално население, службата се врши на англиски јазик. Таква е ситуацијата и во Германија, Франција и Латинска Америка. Во неколку парохии, каде што службите се на црквено-словенски, Евангелието и Апостолот се читаат на два јазика. Нашата печатница при Свето-Троицкиот манастир печати многу мисионерска литература на англиски јазик. И свештениците се од локалното население.

Од друга страна, како што пишуваше нашиот Владика архиепископот Аверкиј (Таушев) сега е потребна и внатрешна мисија на Православието, т.е. важно е интересно и свежо да им се зборува на православните за Православието. Во таа смисла најголема улога дефинитивно има интернетот. При Руската Задгранична Црква има многу епархиски, парохиски и останати сајтови на интернет. Меѓу нив има и мисионерски. До својата смрт кон тоа многу допринел владиката Александар (Милеант). Сега не малку работи монах Всеволод (Филипев), кој со мој благослов на интернет го стави дореволуцискиот почаевски магазин „Руски инок“ http://www.russian-inok.org.

За жал, произлегува дека не малку луѓе го сметаат Православието како систем на забрани: Црквата е таму каде што е сè забрането. Навистина, Православието претполага некои ограничувања, но слободата е основна цел на нашата вера. Како да ја усогласиме слободата на своите дела и мисли со тие ограничувања, кои се неизбежни во црковниот живот?

Апстрактна слобода не постои. Слободата секогаш има конкретен карактер. Најважната слобода е слободата од гревот. И целиот црковен живот, во тој систем на ограничувања, е насочен кон достигнување на повисок степен на слобода. Апостол Павле пишува во второто послание до Коринтјаните „Зашто Господ е Дух, а каде е Духот Господов, таму е и слободата“ (2 Кор. 3, 17). А Духот Божји несомнено пребива во Црквата и Светите Тајни, во сите полиња на благодатниот црковен живот. Во другото послание, кон Галатјаните апостол Павле пишува „Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг“ (Гал. 5, 13). Слободата не треба да служи на штета на нашето спасение и да се претвора во погубна седозволеност. Само тогаш човекот станува навистина слободен, а не роб на своите страсти.

Творештвото е неодвоив дел од животот на човекот. Но повремено излегува дека луѓето кои се сметаат себеси за црковни, отфрлаат секоја можност за творештво, сметајќи дека уделот на православниот христијанин е само во она што е „црковно“. Но, таа „црковност“ најчесто се затвора само во надворешните форми на Православието. Каде треба да биде златната средина?

За нас важен пример се светите Отци. Тие богословствуваа, пишуваа, на многумина не им било страно и поетското творештво, но сето она што тие го правеле, било во слава на Бога. Нивното творештво било принесување на Бога. Тие Му служеле Нему со своите дарови и таланти. Ако го следиме нивниот пример, тогаш нашето творечко себеизразување во какви било области на културата, науката или техниката, ќе се пројави како угодно на Бога. На сите ваши читатели, православни мисионери и сите творечки личности, им пожелувам секогаш да одат по средниот царски пат Христов, одбегнувајќи ги крајностите, за да по тој пат ја достигнат вечната духовна слобода во Христос Исус. 

Извор: http://novkovcheg.ru/?p=11#more-11

МПЦ


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2067
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2083
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 530
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная