логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 w.jpg

10 април 2014

Музејот „Гети“ во Лос Анџелес објави дека ќе му го врати на Светогорскиотw.jpg манастир Дионисијат рачно напишаниот Нов Завет од XII век со бесценети минијатури на сцени со тематики од Евангелието, изјавува Ромфеа. Музејот го добил ракописот – ова ремек дело на византиската уметност – во 1983 год., како дел од поголема колекција. Сепак, известува музејот, неодамнешно истражување спроведено од страна на Министерството за Култура и Спорт во Грција, заедно со претставниците од „Гети“, дава основи да се претпостави дека ракописот на нелегален начин бил изнесен од манастирот.

Оваа претпоставка беше потврдена неодамна со запис во манастирските книги од 1960 год., во кој е наведено дека ракописот навистина исчезнал од манастирот. Ни тогаш во 1960 год., а ни подоцна, оваа информација за исчезнувањето на ракописот не допрела до јавноста. Никој не дал изјава за исчезнувањето на ракописот, тој не се појавува во ниту една база на податоци за украдени уметнички предмети, истакнува музејот.

„Врз основа на новите информации кои фрлаат светлина на овие настани, музејот донесе одлука дека е правилно да му го врати на светиот манастир Дионисијат ракописот кој исчезнал од него пред 50 – тина години. Манастирските архиви кои дури неодамна ни станаа достапни, беа пресудни за ваквата одлука“, изјави Тимоти Потс, директорот на музејот „Гети“.

Сега ракописот е дел од изложбата во музејот „Гети“ наречена „Небо и Земја: Византиската уметност на културните крстопати“, која беше претставена со четиринаесет музејски постановки. Изгубеното богатство ќе му се врати на Дионисијат по 22 јуни кога завршува изложбата во Центарот Гети во Брентвуд.

Во 2011 год., „Гети“ потпиша меморандум за взаемно разбирање со Грција, со кој двете страни се обврзуваат да се борат со нелегалната трговија со културното наследство. Овој договор исто така има во предвид соработка на план културна размена и заеднички научни истражувања, додава „Лос Анџелес Тајмс“.

Извор: Православие. ру; Ромфеа

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…