логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Се доведува во прашање вселенскиот карактер на Света Гора


Вартоломеј ќе дозволи само 10 отсто странски испосници на Света Гора



Вселенскиот карактер на Света Гора, каде илјада години хармонично живеат Грци, Руси, Романци, Бугари, Срби, Македонци и монаси од целиот свет е доведен во прашање. Повикувајќи се на сопствени доверливи извори, грчкиот портал Ромфеа.гр објави дека Светиот Кинот на Света Гора добил опширно писмо од вселенскиот патријарх Вартоломеј Втори, во кое е изразена загриженоста во врска со обидите за автономизација" на Света Гора и измената на нејзиниот изглед" преку неконтролираниот и неограничен прилив на монаси кои не се со грчко потекло.

Ова го пренесува рускиот портал Православие.Ру., според кој наводно, Константинополската патријаршија планира во иднина да дава дозволи за населување на негрчките монаси" во гркофоните манастири. Во него, исто така е содржана и препорака според која вкупниот број на монаси-странци не треба да надмине десет проценти од вкупниот број светогорски монаси.
На овој начин, фактички се воведува забрана за населување на странци на Света Гора, затоа што во моментов, бројот на монаси со негрчко потекло е далеку над десет проценти од вкупниот број монаси. Светогорските монаси велат дека ова писмо отвора многу прашања, особено во времето кога Фанар зборува за својата борба со филетизмот (национализмот) во Црквата". Ваквата поставеност, доколку се потврди, го доведува во прашање братсвото и хармонијата која е главна одлика на Света Гора.

Според истите извори, Светиот Кинот на Света Гора планира да го разгледа посланието на патријархот после првата недела од постот.

(Е.А.)- Вечер



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2688
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…