Митрополитот на Теба и Ливадија Јеронимус (70), кој се смета за умерен е избран денеска за архиепископ на Атина и поглавар на Грчката православна црква.
Светиот Синод на Грчката православна црква во Атина го избра Јеронимус да ја предводи црквата со апсолутно мнозинство во второто гласање.
Митрополитот Јеронимус е познат по добрите односи со вселенскиот патријарх Вартоломеј I, за разлика од неговиот претходник Христодулос, кој почина минатата седмица
Јеронимус беше еден од главните кандидати за поглавар и во 1988 година, кога после три круга на гласање победи Христодулос.
Извор:Макфакс