И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.
(Старец Паисиј Светогорец)
За да не се заморуваш околу проблемот на послушанието и да не клоцаш, треба да влезеш во смислата на послушанието и да го почувствуваш како потреба, и тоа само тогаш ќе те ослободи, бидејќи послушанието не е ропство, туку слобода. Значи, кога ќе разбереш дека твојот старец ја носи одговорноста за тебе, дека тој се грижи за твоето спасение и дека што било да направи го прави за твое добро, а не да те измачува, тогаш ќе се радуваш кога ќе ти рече ‘не ова' или ‘не она' или, ‘оди таму' или ‘не оди таму' бидејќи сфаќаш дека сето тоа се случува за твое добро, за да те зачува од секое зло со опитот што го има од неговото лично искуство или од искуството на другите. Тогаш ќе се радуваш кога ќе го извршуваш послушанието или кога ќе прашуваш и ќе сакаш навистина, дури и во детали да не правиш ништо своеглаво за да не паѓаш во грешки. Но, од почит спрема својот старец, за да не го заморуваш со ситни работи, понекогаш, ќе го правиш она за што ќе те просветли Бог така што срцето ќе ти биде во послушание.
(Старец Паисиј Светогорец)
Нема големо значение, ако совршенството на нашиот духовен Отец е несовршено. Бог ќе ги исправи нашите дела во мера во која тие се извршуваат во послушание и со вера во Христа. Тоа што ни се чини погрешно, ќе стане правилно. Наспроти тоа, она што ни се чини совршено во нашата логика, многупати не е ништо друго, туку отсјај на нашата огревовена волја, така што Бог нема да е со нас.
+++
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен.
Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.
(Старец Паисиј Светогорец)
Наједноставниот пат до Христа е да сме послушни, и да не ја наложуваме нашата волја. Тоа е најсилната војна против страстите!
Старец Софрониј (Сахаров)
За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, епископ или свештеник, може да се изгубите.
Во нас го носиме прародителскиот грев, оној отров на првото Адамово искушение во рајот - ќе бидеме како богови – но, послушанието може да нè ослободи од оваа состојба.
Старец Софрониј (Сахаров)
+++
Господ да ве чува! И вие држете го правилниот став. Од надвор ништо не се забележува. Тоа е еден живот за кој не можеме да кажеме ништо особено, но одвнатре, заради послушанието, се наоѓаме во состојба на постојана подготвеност. Таков треба да биде христијанинот: Една жица од висок напон, на која може да застане една птичка без притоа да претрпи и најмала повреда, но низ која протекува енергија способна да го разнесе целиот свет. Еве, на кој начин го допираме вечното Царство Христово.
Старец Софрониј (Сахаров)
+++
Изор:Поука за денес
посети:{moshits}