Од разговорот со едно духовно чедо
Во осумдесеттите, кога бев во манастирот Туман, дојде кај мене една жена, работи во ,,Галеника,, и се жали како мора да го напушти работното место, бидејки не може веќе да работи таму поради многубројните вреѓања (која ги трпи). И велам: “Немој да го напушташ работното место, работните места се пополнети, тешко се наоѓа вработување, туку престани (мисловно) да војуваш”. “Па не војувам јас со никој”, вели таа. “Физички не”, и велам, “туку мисловно војуваш. Не си задоволна со состојбата во која се наоѓаш, со работното место, со членовите на работната заедница”. “Па тоа не може никогаш да биде”, вели таа. “Не може, но со Божја помош може. Моли се на Бога Господ да даде благ Анѓел на сите, па и тебе да не те заборави. И ќе видиш како мисловниот круг на работното место се менува”.
После , околу 1984., доаѓа она тука во манастирот Витовница, се одвои од друштвото и вели: “Благословете отец. Јас, отец, не знаев дека сите луѓе се добри. Таму на работното место. Да. Чудо како луѓето се изменија, не ме вреѓаат веќе. Само со една личност долго не можев (да се смирам), силно ме вреѓаше”.”Па дали воспостави хармонија со неа?”. “Да”. “Како”?. “Па читам Свето Писмо и гледам дека Господ заповеда и непријателите да ги љубиме. Си велам на самата себеси: Има да ја сакаш како знаеш и умееш, бидејќи така заповеда Господ. Сега сме најдобри пријателки”. Кога би имале такви луѓе насекаде, еве ни хармонија во државата, човеку!
Извадок од книгата на старец Тадеј Витовнички-
МИР И РАДОСТ ВО ДУХОТ СВЕТИ
Подготви: С.С
Посети: {moshits}