логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ

Свети Јован Кронштатски

sv.jovankronstatski.jpg

  Последна фотографија на св. Јован Кронштатски снимена во 1908 година, кога св. Јован се претстави  пред Господа. 

  Светиот и Праведен отец Јован Кронштатски се присетува на видението коешто го имал во Јануари 1901 година:
  После вечерните молитви легнав малку да се одморам во својата слабо осветлена соба оти чувствував блага вртоглавица, пред Иконата на Пресвета Богородица гореше кандило.

  После не повеќе од половина час чув чуден шум и некој ме допре по рамото и со благ глас рече “Стани слуго Божји Јоване и следи ја волјата Божја”.
  Јас станав и видов пред себе Старец кој изгледаше величествено, косата му беше белосива а тој имаше на себе црна мантија и во раката носеше стап, ме набљудуваше со благ поглед. Додека јас со голем напор се воздржував да не се срушам, моите раце и нозе се тресеа, сакав нешто да речам но јазикот не ми се мрдаше. Тогаш Старецот ме прекрсти и ме исполни смирение со радост, тогаш и јас самиот се прекрстив. Старецот покажа со стапот на западниот ѕид на мојата соба и на ѕидот со стапот ги напиша броевите: 1913, 1914, 1917, 1922, 1924 и 1934, одеднаш ѕидот исчезна и јас одејќи со Старецот се движев кон некоја зелена ливада а таму видов мноштво на крстови направени од глина, дрво или злато кои означуваа гробови и јас го запрашав Старецот зошто се овие крстови овде а тој благо одговори: “Тие крстови се за оние кои се мачени и убиени заради верата во Христа и заради Словото Божјо и станаа Маченици”, и ние го продолживме патот. Одеднаш видов цела река од крв, и го запрашав Старецот што значи оваа крв и колку крв е пролеано? Старецот погледна наоколу и одговори: ”Ова е крвта на вистинските Христијани” тогаш покажа во висина на неколку Облац
и и јас видов мноштво бели лампи (кандила) како горат а потоа почнаа да паѓаат на земја една по друга десетици и стотици и додека паѓаа се гасеа и се претвораа во пепел. Старецот тогаш покажа и рече: “Погледни” и видов на облакот седум лампи што горат, и јас запрашав што значат овие лампи што паднаа на земјата а он одговори “Тоа се Црквите Божји кои паднаа во ерес, а оние седум лампи на облакот се седумте Апотолски Соборни Цркви кои ќе останат до крајот на времето.”

  Старецот тогаш покажа високо на небото и јас видов и слушнав Ангели како пејат: “СВЕТ СВЕТ СВЕТ ГОСПОД БОГ САВАОТ”, тогаш голема група луѓе со свеќи во рацете иташе покрај нас со радосни и светли лица, во таа група имаше Архиепископи, монаси, монахињи, потоа група мирјани меѓу кои имаше и млади, деца дури и доенчиња. Јас го прашав Чудотворниот Старец кое е значењето на овие луѓе, а тој одговори: “Тоа се луѓето кои страдаа за Светата Соборна Апостолска Црква за Светите Икони од рацете на злите уништители.” Јас го запрашав Старецот дали може да им се придружам а тој одговори: “Уште е прерано за тебе за да страдаш и твоето придружување не би било благословено од Господа.”

  Тогаш видов голема група на доенчиња кои од Ирод страдаа за Христа и примија венци од ЦАРОТ НЕБЕСЕН. Одејќи малку понатаму ние влеговме во голема Црква, јас сакав да се прекрстам но Старецот ми рече: “Не треба да се крстиш овде оти ова место е ‘МЕРЗОСТА НА ЗАПУСТЕНИЕТО’ (Даниил 12;11).” Во Црквата беше непријатно, на олтарот се наоѓаше Евангелие со Петокрака, свеќите изгледаа како од катран и гореа како дрва за потпалување, од Чашата се ширеше силна смрдеа, таму уште се наоѓаше Просфора со Петокрака, Свештеникот стоеше пред олтарот со лице црно како јаглен а под олтарот се наоѓаше жена облечена во црвено со петокрака на усните и врискаше низ Црквата смеејќи се и викајќи “ЈАС СУМ СЛОБОДНА.” Јас си помислив “Господе колку е одвратно ова, луѓето како полудени почнаа да трчаат околу олтарот свират и плескаат со рацете па запеаја хулни песни. Одеднаж светна молња, удри силен гром земјата се затресе и црквата се сруши испраќајќи ги жената, свештеникот, луѓето и сè останато во пропаст. Јас помислив: о Господе каков ужас спаси нè, и го запрашав Старецот какво е значењето на оваа страшна црква, тој одговори: “Тоа се лѼBR> ?ѓето на земјата, еретиците кои ја отфрлија Светата Соборна и Апостолска Црква и ја прифатија новата модернизирана Црква која Господ не ја благослови, во таа црква тие не постат, не присуствуваат на свештенослуженијата, не ја примаат Светата Причест.” Јас уплашено реков: “Господовата милост е над нас а овие ги проколнал со смрт...” Старецот ме прекина и рече: “Не тагувај само моли се.” Тогаш видов маса луѓе од кои секој имаше знак на петокрака на усните, страшно се мачеа од жед и одеа напред-назад. А кога нè видоа почнаа да викаат: “Свети Оци Молете се за нас оти ние не можеме а ужасно ни е тешко, нашите мајки и татковци не нè учеа на Законот Божји, ние дури го немаме ни името Христово и не наоѓаме мир, ние Го отфрливме Светиот Дух и знакот на Крстот... Тогаш заплакаа.

  Јас тргнав понатаму следејќи го Старецот, и тогаш тој покажа со раката на планина од човечки тела залиени со крв, а јас силно исплашен го запрашав Старецот за значењето на овие тела. Тој одговори: “Тоа се луѓето кои живееја монашки живот, го отфрлија Антихристот и не го примија неговиот знак, тие пострадаа за Верата во Христа и Соборната Апостолска Црква и примија маченички венци умирајќи за Христа. Моли се за овие Слуги Божји.”

  Без зборови Старецот се сврте кон север и покажа со раката, и јас видов Царска палата околу која трчаа кучиња, диви ѕверови и шкорпии кривејќи ги своите заби и челусти. Тогаш го видов и Царот како седи на престолот. Тој во лицето блед и сериозен ја рецитираше ИИСУСОВАТА МОЛИТВА. Одеднаш Царот се сруши како мртов, неговата круна падна а кучињата, ѕверовите и скорпиите го сотреа ВЛАДЕТЕЛОТ ПОМАЗАНИК. Јас ужаснат горко заплакав а Старецот ме зеде под рака... Тогаш видов личност во бело, тоа беше ЦАРОТ НИКОЛАЈ II, на неговата глава венец од зелено лисје, а неговото лице бледо и помалку крваво, околу вратот имаше златен крст и тивко ја шепотеше молитвата, и тогаш ми рече со солзи: ”МОЛИ СЕ ЗА МЕНЕ ОЧЕ ЈОВАНЕ И РЕЧИ ИМ НА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ ДЕКА ЈАС ЦАРОТ МАЧЕНИК УМРЕВ ДОСТОИНСТВЕНО И МАЖЕСТВЕНО ЗА МОЈАТА ВЕРА ВО ХРИСТА И ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА, РЕЧИ ИМ НА СВЕТИТЕ ОЦИ ДА СЛУЖАТ ПАРАСТОС ЗА МЕНЕ ГРЕШНИОТ НО ЗА МЕНЕ ГРОБ НЕМА ДА ИМА.”
  Набрзо сè стана скриено со магла, а јас плачејќи се молев за ЦАРОТ МАЧЕНИК, нозете и рацете ми се тресеа од страв. Тогаш Старецот рече: “Погледај” и јас видов групи луѓе како лежат секаде наоколу испоумрени од глад, а некои сеуште живи јадеа трева и билки, додека кучињата ги растргнуваа телата на мртвите, неподнослива смрдеа се ширеше наоколу, јас помислив: о БОЖЕ тие луѓе немаа Вера, со нивните усни тие богохулеа и за тоа го примија ГНЕВОТ ГОСПОДЕН... Уште видов цела планина од книги меѓу кои се влечеа црви и почуствував страшна смрдеа и го запрашав Старецот кое е значењето на овие книги, а тој одговори: “Ова се книги полни со безбожништво и хули на БОГА кои ќе ги затрујат сите Христијани со еретички учења”, тогаш Старецот допре со својот стап некои од книгите и нив ги зафати пламен и ветрот ја развеа пепелта.

  Малку понатаму видов Црква околу која лежеа куп ливчиња со имињата на упокоените за споменување, јас се наведнав да земам некои од ливчињата да прочитам некои од имињата но Старецот рече: “ОВИЕ ливчиња со имињата на упокоените лежат овде веќе многу години, и свештениците заборавија на нив, а јас запрашав: “Кој ќе се моли за нив,” а тој одговори: “АНГЕЛИТЕ ЌЕ СЕ МОЛАТ ЗА НИВ.”

  Тргнавме понатаму и Старецот забрза, така што со мака го следев. Тогаш ми покажа и рече: ”Гледај” и јас видов многу народ мачен од демони (ѓаволи) кои ги мачеа со стапови, вили и куки. Јас го запрашав Старецот што значи состојбата на овој народ, а тој одговори: “Тоа се оние кои ја напуштија својата Вера и кои ја напуштија Светата Соборна и Апостолска Црква и ја прифатија новата модернизирана Црква.

  Оваа група ги претставува и свештениците, монасите, монахињите и мирјаните кои ги прекинаа своите завети и бракот и се оддадоа на пијанство и на секој вид беззаконие и хула.” Сите тие имаа ужас на лицата и од устите им се ширеше неподнослива смрдеа, додека демоните (ѓаволите) ги мачеа и влечеа во длабока пропаст од која се издигаше пеколниот оган. Јас ужасно се исплашив и се прекрстив молејќи се “Избави нè Господи од ваквиот пат.”

  Тогаш видов група луѓе од стари и млади ужасно грозно облечени кои подигаа голема “ПЕТОКРАКА ЅВЕЗДА” на секој крај на петокраката имаше по дванаесет демони (ѓаволи) а во средината на петокраката самиот Сатана со страшни рогови и издолжена и изопачена глава, тој ширеше околу себе пена на луѓето додека говореше “Станете вие проклети со знакот…” Одеднаш се појавија мноштво демони (ѓаволи) со железни печати и на сите луѓе ставија знак на усните, над лактот и на десната рака. Јас го запрашав Старецот за значењето на ова а тој одговори: “ОВА Е ЗНАКОТ НА АНТИХРИСТОТ.” Јас се прекрстив и тргнав по Старецот.

  Малку потоа тој одеднаш застана и покажа со раката на исток каде што видов голема група на луѓе со радосни лица како носат Крстови и запалени свеќи во рацете, а меѓу нив се наоѓаше голем Олтар бел како снег и на Олтарот се наоѓше “Воздух” (платно со кое се покриваат Светите Дарови) со златна царска круна на која беше напишано “за кратко време”. Патријарси, Епископи, свештеници, монаси, монахињи и мирјани стоејќи околу олтарот пееја: “СЛАВА НА БОГА НА ВИСИНИТЕ И НА ЗЕМЈАТА МИР.” Јас од голема радост се прекрстив и Му заблагодарив на Господа, тогаш Старецот го подигна својот Крст нагоре три пати и јас видов планина од тела залиени со крв а над нив летаа Ангели земајќи ги душите убиени заради Словото Божјо и ги носеа кон Небесата пеејќи Алилуја. Додека го гледав тоа гласно заплакав а Старецот ме фати под рака и ми забрани да плачам говорејќи “Колку му е угодно на БОГА, што нашиот ГОСПОД ИИСУС ХРИСТОС мачен ја проли Својата Пресвета Крв за нас, а овие ќе бидат маченици кои не го прифатија знакот на Антихристот и сите кои ќе ја пролијат својата крв ќе примат небески венци.” Тогаш Старецот се помоли за тие Слуги Божји и покажа на исток а зборовите на Пророк Даниил се обвистинија “МЕРЗОСТА НА ЗАПУСТЕНИЕТО” (Даниил 12;11). ТАМУ ја видов Ерусалимската купола над која се наоѓаше петокрака, а во Црквата големо мноштво на милиони луѓе а уште многу се обидуваа да влезат внатре. Јас сакав да се прекрстам но Старецот ме фати за рака и рече: “ОВДЕ Е МЕРЗОСТА НА ЗАПУСТЕНИЕТО.” Тогаш видов олтар кадешто гореа свеќи од смола а на олтарот се наоѓаше цар во огнено црвена порфира, на главата имаше златна круна со петокрака, и јас го запрашав Старецот: “Кој е ова” а Старецот рече: “Антихристот”.

  Тој беше многу висок, со огнени очи, црни образи, четвороаголно вообличена брада, луакво, зло и страшно лице. Тој самиот се наоѓаше на олтарот. Тогаш ги подигна рацете кон народот, рацете му личеа на тигрови канџи и извика: “ЈАС сум цар, јас сум Бог, јас сум водач и оној кој го нема мојот знак ќе биде убиен.”

  Сите луѓе паднаа ничкум и го обожуваа а тој им ставаше знак на нивните усни и раце за да можат да примат малку леб и да не изумрат од глад и жед. Тогаш пред Антихристот неговите слуги доведоа неколку луѓе со врзани раце коишто не сакаа да му се поклонат. Тие гласно рекоа: “НИЕ СМЕ ХРИСТИЈАНИ! НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО НАШИОТ ГОСПОД ИИСУС ХРИСТОС!” а Антихристот во миг им ги отсече главите и се пролеа христијанска крв. Тогаш во олтарот пред Антихристот доведоа дете да му се поклони, но детето не сакаше да се поклони туку јасно исповеда: “ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНИН И ВЕРУВАМ ВО НАШИОТ ГОСПОД ИИСУС ХРИСТОС, А ТИ СИ СЛУГА НА САТАНАТА!” Антихристот тогаш извика: “Смрт за тоа дете!” додека останатите кои го прифатија знакот на Антихристот паднаа пред него ничкум и го обожуваа.

  Одеднаш одекна гром, мноштво на молњи почнаа да блештат и огнени стрели почнаа да паѓаат на слугите на Антихристот. Тогаш голема огнена стрела светна и го погоди Антихристот во глава. Тој замавна со раката а круната му падна од главата на земјата и се искрши. Тогаш милиони птици полетаа на антихристовите слуги. Јас почувствував дека Старецот ме зеде за рака и ме поведе.

  Одевме понатаму и јас видов уште многу многу пролиена христијанска крв и тука се сетив на зборовите на Светиот Јован Богослов, во книгата Откровение, дека крвта ќе им биде на коњите до узди. Јас си помислив: “Боже спаси нè. Тогаш видов Ангели кои летаа и пееја: “СВЈАТ СВЈАТ СВЈАТ ГОСПОД БОГ САВАОТ.”

  Старецот погледна наназад и рече: “НЕ ТАГУВАЈ ОТИ БРЗО, МНОГУ БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА СВЕТОТ. Моли Му се на Господа: БОЖЕ БИДИ МИЛОСТИВ НА СВОИТЕ СЛУГИ.”

  Времето се приближуваше кон крајот. Старецот покажа кон исток, падна на колена и започна молитва и јас му се придружив. Тогаш Старецот беше подигнат во висина кон небесата и додека се одделуваше во висината јас се сетив дека не го знам името на Старецот и гласно повикав кон него: “ОЧЕ КАКО ТИ Е ИМЕТО?” А тој благо одговори: “СЕРАФИМ САРОВСКИ.”

  ТОА Е ОНА ШТО ЈАС ГО ВИДОВ И ГО ЗАПИШАВ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ. Големото ѕвоно заѕвони над мојата глава и јас слушајќи го звукот станав од креветот и се помолив:
  “ГОСПОДИ БЛАГОСЛОВИ И ПОМОГНИ МИ ПО МОЛИТВИТЕ НА ВЕЛИКИОТ СТАРЕЦ, ТИ ПРОСВЕТЛИ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ СЛУГА СВЕШТЕНИКОТ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ.”


СЛАВА НА
СВЕТАТА ЕДИНОСУШТНА, ЖИВОТОТВОРНА И НЕРАЗДЕЛНА
ТРОИЦА,
ОТЕЦОТ, И СИНОТ, И СВЕТИОТ ДУХ
АМИН.

 Подготви:З/

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная