Лав Толстој
Ми го испратија од Москва евангелието на тој Лав кој рика на Црквата Божја. Тоа се цитати земени од Евангелието, а наспроти нив тој пишува свои...
Тој овие догми никако не ги сака, зашто не ја сака ни Црквата. А зошто Црквата не му е на срце – тоа не се гледа... Се гледа само дека таа е против неговото учење. Но тоа не е за прекор, туку за пофалба, зашто неговото учење е многу фанатично... Мене ми се чини дека тој е на работ на лудило... толку кај него сè е бесмислено.
Тој Лав нема никаква вера. Кај него нема Бог, нема душа, нема иден живот, а Господ Иисус Христос е обичен човек. Во неговите дела се хули на Бога, на Христа Господа, на Светата Црква и нејзините Свети Тајни. Тој е разорник на царството на вистината, непријател Божји, слуга на сатаната... Овој син на демонот се дрзнал да напише ново евангелие, кое претставува изопачување на вистинското Евангелие. Затоа е проклет по проклетството апостолско.
Добро направивте што одбивте да ги читате Толстоевите начкрапувања и не земајте ги ни в раце. Еве, прочитајте што пишува кај него... Кај тој Лав кој рика и кој гледа кого ќе изеде. Заборавив да напишам дека Лав го признава само Евангелието, и тоа во искривен облик како кај него, а Посланијата на светите Апостоли не ги признава, ниту отците и учителите на Црквата... Кај него сè е само сопствениот ум... Не земајте го тоа в раце...
Некои глупи студенти му веруваат на Лав Толстој, кој ни самиот во ништо не верува. Кај него нема ни Бог, ни душа, ниту било што свето. Тој пишува глупости само за да би ги смутил верните и сè погрешно толкува.
Тој (Лав Толстој) сака да го усреќи човештвото... Еве проект на среќниот живот: 1) Не противи се на злото... пушти нека те бијат, колат, ограбуваат – трпи, ќути... немој да се браниш... 2) Судовите не се потребни, ни полицијата, ни војската. 3) Заклетвата е – недопустлива. 4) Богопротивно е да се води војна... 5) Не треба да се разведува дури ни во случај на прељуба на сопружникот... Тој тоа го докажува криво толкувајќи ги зборовите Господови од беседата на гората, со големи наговорувања.
Не правам ништо. Главата ми ја разби разбојникот Лав Толстој. Изнакажал куп глупости, а човек за ништо да не се фати... Речиси сè е без докази... И со тоа изволил да изјави дека тој сеуште ги исправува своите мисли... Тоа е изговор... со чија помош може мирно да каже: тоа сеуште не е моја конечна мисла...
Од книгите на Лав ги имам: „Исповед“, „Во што верувам“, писмо кон некој во Санкт Петербург... Делото „Во што верувам“ содржи нешто опасно, не заради сериозното расудување... туку заради крикот против Црквата... кој често се поновува, дека таа го искривила учењето Христово.
Во денешно време се прашувам дали да пишувам против Толстој. Зашто се пишува доста, па според тоа, можеби и не треба. Но пишуваат прмногу опширно и сè почнува да личи на Кириловјевата басна „Мачорот и куварот“, па ми доаѓа на памет: да се соберат Толстоевите измислици – сите... и тогаш наспроти нив да се постави исповедањето на верата на Светата Црква... и да се објави. Тоа би бил краток поглед на неприкјателскиот табор и на православната војска. Заради опомена... зашто тоа зло се шири тивко, а повиците: чувај се! – нечујни се.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)
Подготви: Златко Дивјаковски
Друго:Житие на свети Теофан Затворник