Слики
И за тоа треба да се потрудиме, во душата да има што помалку слики, а повеќе мисли и чувства. Сликите се производ на вообразување – ниски примитивни сили и тие секогаш поттикнуваат на мечтаење. Последниве нема да се скротат сè вообразувањето има сила и рои слики. Начин за пресекување на текот на сликите е... умната молитва. Трудете се. Ќе дојде момент кога ќе почувствувате дека тој тек е застанат, како течењето на крв кај жената која долго боледувала од тоа.
Се плашите од сликите? Не треба да се плашите од сите слики, туку само од оние кои произведуваат мечтаење и при тоа се однесуваат на Божјата суштина, која е невидлива и неизобразлива. Сè што се однесува на тварта сликовито е и може да се замисли. И Господ Спасителот, по Неговиот човечки домострој, можеме да го замислуваме. Во текот на молитвата во умот не треба да држиме слики, туку да застанеме со умот пред невидливиот Бог и да го изговараме побожното слово во Него. Тоа треба да се бара па и ќе се најде.
Слабостите
Не гледајте мрачно на слабостите. Тие повеќе укажуваат на милоста Божја и вниманието кон нас, отколку на Неговата неблагонаклоност. Што е од Бога, сè е добро.
Оној кој е храбар, храбар е затоа што се надева на силата Божја. Во него доаѓа соединување на човечката сила со силата Божја. Од човекот, од негова страна се бара одушевување; а бидејќи притоа се исцрпува неговата сила, кога таа сосема ќе се исцрпи, тогаш почнува да дејствува силата Божја.
... Колку повеќе некој се гледа понемоќен, толку станува појак: зашто во немоќите и се покажува силата Божја. И колку некој се смета за помал, толку се пославни и поспасоносни неговите дела. Зашто оној кој се смирува во чувствата за себе, се вознесува со делата кои Бог ги врши преку него.
Духовната слабост се очистува со исповедта која претставува и нејзино лечење. Самото лечење се продолжува... и се довршува со подвизите против неа (слабоста). Лечењето се завршува кога страста ќе стане непријател и кога ќе престане да привлекува. Додека оваа постапка се одвива, борецот стои во милоста на Војсководецот, иако добива забележителни рани, падови и подигања. Оваа милост отстапува само тогаш кога некој ќе падне и не станува, туку останува да се валка. А ако паднал и истиот час станал па повторно се фатил за оружјето за да би се спротивставил на непријателот, милоста не отстапува. Со ова разблажувајте ја тагата на вашата совест.
Најдобар лек за вашата слабост е – немањето на слободно време.
Бидејќи нашиот Господ е – цело добро и сè насочува за спасение на секого, тогаш секако и вашите слабости ве посетуваат за добро и за спасение на душата.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)
Подготви: Златко Дивјаковски
Друго:Житие на свети Теофан Затворник