логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Vecerna.Ksenija.jpg

Рамнодушноста

... Не се сите оние кои што изгледаат рамнодушни – навистина рамнодушни. Многу има кои не сакаат да зборуваат за себеси, а внатре чуваат духовни мисли и духовни сфаќања.
Ветено (ни) е Царство Небесно, пресветло и прерадосно – а ние не се помрднуваме, како да не ни се обраќаат нам. Ни зе закануваат со неподмитлив суд и маки – не се вознемируваме, како да не слушаме. Сме го заборавиле и изгубиле секое чувство за вистинско чување на себеси. Одиме право во пропаст, воопшто не грижејќи се за нашата судбина. Сме ги спуштиле рацете и сме се препуштиле наслучајностите: што ќе биде, ќе биде! Ете какво е нашето расположение. Не се ли затоа толку чести самоубиствата? Тоа е плод на современите учења, современите погледи на човекот и неговото значење! Ете ви прогрес! Ете и просветеност! Подобро е да се живее во крајно незнаење и со страв Божји да се спаси својата душа, отколку да се добие назив просветен и да се загине засекогаш, цел живот не помислувајќи на тоа што ќе биде после смртта. Од зборовите Божји, кои зборуваат и за Царството Небесно и за пеколот, нема да се изгуби ни една буквичка: сè ќе биде како што е напишано. Секој нека го прими тоа при срце, како дело кое се однесува лично на него и нека се погриже за себеси, колку што има сила и колку што уште му преостанало време.

Осудувањето

Не судете, да не ви се суди (Мт. 7, 1). Каква е тоа болест – осудувањето! Сите знаат дека е во прашање грев, но во нашите зборови ништо не е повообичаено од осудување. Некој ќе се огради: „да не ми го смета Господ за осудување“, но своето осудување сепак ќе го доведе до крај. Друг сеоправдува со тоа што разумниот човек треба да има свој поглед на настаните што се случуваат и дека се труди во судовите да проценува ладнокрвно; но дури и просто уво не може во неговите зборови да не  забележи присуство на злонамерно осудување. Меѓутоа, ставот Господов кон тој грев строг е и одлучен. Оној кој осудува други, нема оправдување. Што да се прави? Како да се избегне несреќата? Клучното средство против осудувањето се состои во следното: самиот себе да се сметаш за осуден. Кој себеси се смета за таков, никогаш нема да им суди на другите. Неговите зборови ќе бидат: „Господи, помилуј! Господи,  прости ми ги моите гревови!“
... Да би се избавиле од гревот на осудување, треба да задобиеме милостиво срце. Милостиво срце - тоа не е само да не се осуди тогаш кога ќе ни се причини дека постои нарушување на законите, туку ни тогаш кога (нарушувањето) е сосема очигледно. Наместо со суд, таквото срце се исполнува со сожалување, и побргу би било спремно да заплаче, отколку да прекорува. Гревот на осудување е навистина плод на немилостиво, злонамерно срце, кое пронаоѓа наслада во понижувањето на ближниот, во оцрнувањето на неговото име, во газењето на неговата чест. Тоа е човекоубиствено дело и се извршува по духот на оној кој е човекоубиец од искона. Во него има и многу клеветништва, кои потекнуваат од истиот извор; зашто ѓаволот и е ѓавол затоа што клевети и шири клевети на сите страни. Побрзај да разбудиш  во себе сожалување секогаш кога ќе се појави зол повик за осудуваање. Со жалостиво срце обрати Му се на Господа, молејќи Го сите да нè помилува – не само оној кого што сме сакале да го осудиме, туку и нас самите, па можеби и повеќе нас отколку него; така злобниот повик ќе замре.
... Не  треба да донесуваме суд за нашите браќа дури ни кога се во прашање нивните очигледни гревови; зашто не знаеме што им се случува во срцето. Додека по нашиот суд заслужуваат не знам каква небесна казна, тие можеби со своето покајание и скрушеност гневот Божји веќе го промениле во милост.
Осудувањето навистина е навика од која е тешко да се одвикнеме. Свесни виновници, секој пат осудувајте се и кајте се пред Господа; а што се однесува на другите кои грешат, навикнувајте се да ги жалите и да се молите за нив на Бога; Бог ќе даде, па ќе се навикнете да не осудувате.
... Гревот на осудување е навистина плод на немилостиво, злонамерно срце, кое пронаоѓа наслада во понижувањето на ближниот, во оцрнувањето на неговото име, во газењето на неговата чест.
Треба сепак да се разликува просудувањето од осудувањето. Гревот почнува кога во срцето ќе се зачне презир кон некого, заради било што. А може просто и да се суди, без никаква пресуда кон оној кому се суди. Ако при тоа во срцето има постојано сожалување кон него, ако би му се посакувало да се поправи и ако би постоела молитва за тоа,  тогаш тука нема да има грев на осудување, туку ќе се направи дело на љубовта, кое во тој случај е можно. Гревот на осудување е повеќе во срцето отколку на јазикот.
... Но подобро е на секој начин да се воздржуваме од судење, како не би паднале во осудување... и што побрзо да се преминува на осудување и укорување на самите себе.
Потрудете се да пресечете... околу занимавањето со пресудите. Сами не започнувајте, а ако почне некој друг – заќутете, молејќи Му се на Господа во срцето.
Осудувањето не се извршува само со зборови, туку и во внатрешните движења на срцето. Тоа веќе постоии кога душата за некого ќе помисли неблагонаклоно.
Осудувањето се раѓа од самозадоволство и го храни самозадоволството. И едното и другото покажуваат дека егоизмот е жив и јак...
... Скоро никој и не помислува на тоа, дали со своите дела или зборови ќе ги соблазне оние кои го опкружуваат. Два грева, големи во очите Божји, луѓето ги сметаат за неважни: соблазната и осудувањето. За оној кој соблазнува, по зборовите Господови, подобро е да не живее; оној што осудува, веќе е осуден. Но ни едниот ни другиот на тоа помислуваат, и дури не можат ни да кажат дали се грешни во нешто такво. Со каква всушност заслепеност сме опкружени и како безгрижно одиме среде смртта!
.... Осудувањето тешко се простува, зашто тешко и се чувствува дека претставвува  грев.
Не судете и секогаш Бога барајте го за свој заштитник.
Да не би осудувале други, треба длабоко да ја почувствуваме сопствената грешност, да тагуваме над неа и да ја оплакуваме душата како да е мртва. Некој рекол: кога имаш свој мртовец во куќата, нема да се грижиш за мртовците во соседството.
Од оној кој осудува, се оддалечува милоста Божја. Оној кој осудува самиот себеси си е непријател.

 Stefan.Petkovden.jpg

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 


Фото: Ивановски Михајло-  „Повечерие“

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная