логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 AdamiEva.jpg


Потеклото на човекот

 Кога требало да биде создаден човекот, не ù била дадена заповед на земјата: „Нека произведе од себе“, туку во тајноста на Пресвета Троица е речено: „Да направиме!“.
 Бог нас нè создал у ни укажал почит со Својот образ, за да би живееле во Бога – да би биле во жив сојуз со Него. Во рајот така и било. Падот на прародителите го раскинал тој сојуз.
 Телото е најблиско оружје на душата и единствен начин на нејзиното надворешно покажување во светот. Тоа е неговата основна улога. Со тоа, со самото свое устројство тоа е прилагодено на силите на душата.
 Зошто потеклото на човекот го изведуваат од животно – мајмун? Затоа што во човекот не разликуваат душа од дух.
 ... Кога инсистираме на разликување на духот од душата, и кога човечката природа ќе ја поистоветиме со „дух“, тогаш севкупната  Дарвинова теорија паѓа сама од себе. Зашто, во човековото потекло треба да биде објаснето не само тоа како се одвива неговиот биолошки живот, туку пред сè од каде тој потекнува како духовна личност во биолошкото тело, со неговите биолошки живот и душа.
 За слободата... Колку силите и да бидат влијателни, тоа што е главно во некое дело, тоа му припаѓа на лицето кое дејствува и секој е свесен за моментот кога во себе изговара: треба да се направи тоа и тоа. Во тоа е суштината на слободата. Никаква сила ова не може да го оттргне од душата.
 ... Поттикот не подразбира неопходност за дејствување; тој е само предлог за делување. Делото се предложува, а душата просудува дали да дејствува и донесува одлука – да или не. Таа одлука никој не може да ја изнуди од душата. Таа самата одлучува. Ни Боженствената сила тука не завлегува, ниту со било какво влијание ја врзува слободата на душата... Поттици може да има многу, многу силни и сугестивни, но одлуката секогаш зависи од волјата на душата.
 Умот е меч со две острици кој вистината ја обликува и бруси.
 Образот Божји се наоѓа во природата на душата. , а подобието – во богосличните својства кои таа слободно ги задобива.
 Бог го создал човекот за блаженство точно во Него, преку живото општење со Него. Поради тоа, Тој во неговото лице дувнал здив од Својот живот, то ест дух, како што е веќе споменато. Суштинско својство на духот е  - свеста и слободата, а главни негови двигови – исповедањето на Бога како Творец, Промислител и Дародавец, со чувство на потполна зависност од Него, со желба секогаш да се прави тоа што Му е Нему угодно, според укажувањата на законоположницата – совеста и со оддалечување од сè друго, како би се само со Бога Едниствениот причестувале и со Него Единиот живееле и насладувале.
 Бог им се јавувал на прародителите и сево ова го потврдил со Својот Боженствен збор, наложувајќи им само Него Единиот да го знаат, Нему Единиот да Му служат и да одат по волјата на Него Единиот.
 Бог го љуби секое свое создание, но првенствно покажува љубов кон човекот. При создавањето само човекот го удостоил со Својот Образ и го поставил за господар над целокупните творби.

 Човек

Во човекот постојат две спротиставености, а една свест. Таква е човековата личност. Карактерот на личноста се одредува со тоа на која страна таа се стреми . Ако се стреми  на страната на духот – човекот ќе биде духовен. Ако пак тежнее  на страната на телото – човекот ќе биде телесен. Духот не исчезнува ниту во телесното, но станува поробен и останува без глас. Тој тука станува подјармен и му служи на телото како слугата на својот господар, изнаоѓајќи ги сите можни начини да би му угодувал. И во духовниот човек телото не исчезнува, туку му се потчинува на духот и му служи, губејќи ги своите природни права – на храна преку постот, на сон преку бдението, на мир преку непрекината работа и уморување, на сетилните наслади преку осамување и ќутење. Бог не пребива таму каде што царува телото, зашто е орган на Неговото општење со човековиот дух, кој тука не се наоѓа во својата (природна) положба. Приближувањето Божјо првиот пат се чувствува кога духот ќе почне да ги бара своите права, преку двигови на стравот Божји и совеста.  А кога свеста и слободата ќе преминат на таа страна (на страната на духот), тогаш Бог му пристапува на човекот и почнува да престојува во него. Од тој момент почнува одухотворувањето на душата и телото, на целиот внатрешен и надворешен човек. Бог на човекот му станува сè, човекот се одухотворува и потоа обожува. Какво чудесно преимотство – а толку слабо се сфаќа, цени и бара.
Телото секогаш треба да се држи право, како што војникот се држи на парада и никако себеси да не се дозволува опуштање на деловите, не само во одот и кога се седи, туку и кога се стои и лежи.
... Телото треба да се притегне – со помалку спиење, помалку храна и уморување. Кој од нашите татковци имал успех без затегнување на телото?.. Додека внимавате на телото, не очекувајте никакво добро.
Телото треб да се измачи со глад, краток сон, молитвен напор, избегнување на соблазни и пиење вино.
Телесно треба да се одухновуваме со благодарење, одмереност и со духовно промислување.
Древните старци пишувале дека сурово се однесувале кон телото, не затоа за да би го убиле, туку за преку умртвувањето на телото да би ги умртвиле страстите.
Не сме повикани да го убиеме телото, туку само грижата за телото да не ја претвораме во похоти (Рим. 13, 14). Законот е – разумно држење  на телото, без повлекувања.
Телесните подвизи се погодни за нас, затоа што телото може да се навикне на сè. Додека не се навикне тоа се буни, но потоа – замолкнува. Тоа е и границата на напорот оклу телото. Телото е – послушен слуга, но треба да се научи. Учете го, само со мера.
Не угодувајте му на телото ни во малку. Самоприморувањето и лишавањето на себеси од нешто што на телото му одговара, тоа е исто што и – фрлање на дрва во печка.

AdamiEva.jpg

 (Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная