логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Тајната Исповед

 Hristos.pricestuva.jpgЗa сè што станува при исповедањето на другите, треба да му се каже на својот духовник и да се прави како што ќе рече тој. Додека од него не се добие одобрување – да не се пристапува на служење. За исповед не треба да се наметнуваме, но не треба ни да одбиваме кога ќе заповедаат и кога потребата е очигледна.

Вознемиреноста при исповедта изгонувајте ја со мислата дека се исповедате на Милостивиот Господ Кој ве љуби и очекува да Му кажете сè. Свештеникот е само сведок. Дома однапред размислете за тоа што треба да кажете, и сè мирно изложете.
Постапувајте според упатството Господово: проштевајќи и разрешувајќи седумдесет пати по седум (пати). Зар Господ не вели: оној што доаѓа при Мене нема да го исфрлам надвор (Јн. 6, 37). Затоа примајте го секој кој доаѓа со покајание... тешете го и вдахновувајте... а епитимија одредете не голема, соодветна на силата (на оној што доаѓа): чести, макар и малкубројни поклони... со молитвата цариникова: „Боже, милостив биди ми мене паднатиот! Милостиви Господи, помилуј ме паднатиот!“

Душите кои ќе ви доаѓаат на исповед – Бог ќе ви ги доведува. Во таа смисла сите примајте ги како од Бога испратени, грижејќи се да го исполните она за кое ви се испратени. А ви се испраќаат затоа да би ги излечиле или поточно, да би сте им го предале Господовиот лек – зашто Господ е Едилнствениот Лекар на душите. Сите лекови се во вашиот дух и срце. Госпд ќе ги придвижува или исправува. Наместо раката која ја земаат и ставаат, вие имате јазик, т. е., зборови. Испраќајќи ги на проповед апостолите Господ говорел: Не грижете се какоили што ќе зборуват, зашто вам ќе ви се даде во оној час што да кажете (Мт. 10, 19). Тоа може да се однесува и на вас. Препуштете Му се на Господа и верувајте дека кога ќе биде потребна особено исцелителна беседа, таа незадржливо ќе се излие и состави на најлековит начин.

Прашувате по повод одлачување од Света Причест. Јас мисла дека штом оој што се исповда покаже скрушеност и нелицемерна намера да се воздржи од гревот заради кој подлежи на одлачување, тоа може и да не се одреди, не поради повлекување, туку поради спасение, за де не би било уште полошо. Зашто во првите времиња се причестувале често... и тогаш одлачувањето траело недели, месеци, а ретко и години... Но сега се причестуваат воглавно еднаш годишно... па одлачувањето ќе биде предолго. Од каде покајникот и оној кој бара исправување ќе црпат сила?! Одлачувањето ќе представува – предавање во канџите на ѓаволот. Затоа сметам дека е подобро да се биде воздржан во одредување епитимии: само внимателно, и со прилагодување на конкретниот случај.

Тоа што сите ги пуштате до Светите Тајни по мое мислење не е лошо... Но барајте цврста одлучност во иднина да се воздржуваат од гревови. Таа одлучност е вистинско богатство кога се Светите и Божествени Тајни во прашање. И епитимија одредувајте, строго барајќи исполнување... Оние што повторно грешат прекорувајте ги – без гнев, со сочувство – и поттикнувајќи ги (на покајание) разрешувајте... со благо зголемување на епитимијата.
Тоа што не гледате сурово на оние кои се исповедаат, тоа е во ред. Но, не допуштајте никакви шали во обраќањето. Бидете љубезни, срдечни, но без шала. Инаку ќе помислат дека им дозволувате.

... Меѓу своите мали молитви ставете и молитвичка Самиот Господ, п Својата милост, да ви подари вам совет и раководство како да постапите. Сами никогаш не постапувасте дрско и самоволно (јас така сакам), туку секогаш со смирение и страв Божји.

Добро правите што оној што се скрушува веднаш го разрешувате, не наложувајќи епитимија; но речете му: „Брате, сочувај го скрушениот дух и обновувај го кога ќе ослаби“. А на оној што ладно се исповеда, по разрешувањето речете му: „Брате, потруди се да го стекнеш и утврдиш во себе духот скрушен и поради тоа прави по три земни поклони во црква или дома, со молитвата: Дух скрушен, срце скрушено  и смирено, даруј ми Господи!“.

Тоа што ониешто паѓаат по оваа епитимија се вознемируваат... па епитимијата и затоа се дава, оној што погрешил да би можел тоа да го почувствува... Нема тука никакво омаловажување на молитвата... зашто болниот се лечи... и поклоните се тука поради молитвите на покајникот.
Строгоста е – добра работа... Таа отрезнува. Но се случува да одбива од исповед и да доведува до очајание. Снисходливоста пак ја раслабува одлучноста на покајникот за добар живот... а се случува и обратното.

Добро сте му одговориле нанастојателот – дека не го сметате за долично да му зборувате за делата на покајникот. Тој тоа никако не треба да го знае; Дури и вие сами потрудете се тоа да го заборавите.

Најискреното покајание секогаш заслужува снисходење; тие пак кои на исповедта и пристапуваат рамнодушно, можно е некако да се продрмаат... Прашајте, може ли неговото разрешување да се одложи за некое време?.. Нема ли за тоа да почувствува некаква непријатност?.. Ако е можно и одложете, наложувајќи му за тоа време епитимија – поклони, воздржување од храна и сон... и пред сè скрушеност. Кога искрено ќе ја исполни (епитимијата), тогаш разрешете. И советувајте да се воздржуваат од гревови.

Разрешувањето на исповедта покајникот ќе го поттикне побрзо да биде поправен, отколку самата оправдана епитимија.
Исповедта ја прима Самиот Господ, додека духовникот е само сведок... негови се ушите, јазикот и рацете кои благословуваат – а дејствува и разрешува Господ; еднакво како и шо причестува Господ.

Разрешна молитва над покојникот треба да му прочита оној што го исповедал и причестил пред смртта. Но, заради послушание, тоа може да го исполни и секој што го служи опелото, кога ќе му се заповеда. Може да се каже дека разрешуваат сите кои извршуваат опело. Разрешувањето читајте го... молејќи се само Господ да му опрости на упокоениот.

Проповед

Проповедта од цковната катедра е – посебен дар. Оние што добро расудуваат и добро пишуваат се многу. Но во проповедта расудувањето зазема споредно место; автор тука е некој друг... и што помалку има (сопствено) расудување, толку подобро. Најдобра проповед е онаа која сама се составува и излива...

Господ Исус Христос рекол: Треба да благовестам за Царството Божјо, зашто за тоа сум испратен (Лк. 4, 34). Ова – „на тоа сум испратен“, нашето свештенство треба да го прими како непроменлив закон за себеси. На свештениците, ракоположени во светиот Тимотеј, Апостолот им заповедал: Проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, изобличувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука (2 Тим. 4, 2). Вистината на земјата ја донел Господ и Духот Свети, Кој ги исполнил Апостолите во денот на Педесетница. Вистината оди по земјата, а нејзини проповедници се – устите на ереите Божји. Кој од нив ја затвора својата уста, заборавајќи на должноста да благовести и заканата во случај ако не благовести (1 Кор. 4, 2), тој го заградува патот на вистината по кој жеднеат душите на верните (Лк. 11, 52). Заради тоа и душите на верните се исцрпуваат, зашто не ја добиваат вистината, а и самите ереи мораат да го почувствуваат теретот на вистината, која ги ритиска зашто не може да излезе.. Ослободи се, ереју Божи од тој терет, изиј ги реките на Божествени зборови (Јн. 7, 38) на радост за себеси и за оживување на душите кои ти се поверени. Ако види дека вистина нема ни во тебе, земи ја: таа е во Светите Писанија (Јн. 5, 39). Исполнувајќи се со неа, предај ја на своите духовни деца – само немој да ќутиш. Проповедај, зашто на тоа си повикан...

... Словото од срце, со благословот Божји, не може да биде бесплоден.
Вам ви е дадена благодат не само да учите, туку и да дејствувате.

 

 

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная