логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

НИКОГО ДА НЕ ОСУДУВАМЕ,
НИКОМУ ДА НЕ ДОСАДУВАМЕ,
СЕКОМУ ДА ОДДАВАМЕ ПОЧИТ

Свети Амвросиј Оптински: Од писмата до  духовните чеда

sv.Amvrosij.jpgНа земјата сме должни да живееме на начин на кој се врти тркалото:штом со една своја точка ќе се допре до земјата, во истиот миг со останатите се вивнува во висина: а ние, штом ќе паднеме, не сме повеќе кадри да станеме.
Може да се живее во светот, но не на најпрометното место, туку настрана, тивко.
Да живееме значи да не се жалиме, никого да не осудуваме, никому да не досадуваме и на сите да им укажуваме почит.
Треба да живееме без лицемерност и да се однесуваме како што доликува, и тогаш она што го правиме ќе биде доверливо, а во спротивно ќе излезе нечисто.
Љубовта е, се разбира, над се`. Наоѓаш ли во тебе дека нема љубов, а сакаш да ја стекнеш, извршувај дела на љубовта, макар и во почетокот тие дела да не бидат проследени со љубов. Господ ќе ја види твојата желба и ревност и ќе ја всади љубовта во твоето срце. Најважно е штом ќе забележиш дека си направил грев против љубовта, веднаш да го исповедиш тоа на својот духовник. Некогаш доаѓа од лошото срце, а некогаш од непријателот. Ти самиот не си способен ова да го разбереш; но кога ќе се исповедаш, непријателот ќе отстапи.
Кој има лошо срце не треба да очајува, зашто со помош Божја човекот може да го поправи своето срце. Потребно е само ревносно да внимаваме на себеси и да не испуштаме било каква можност да им бидеме од корист на своите ближни, често да се доверуваме на духовникот и да даваме милостина според својата моќ. Тоа, секако, не можеме да постигнеме одеднаш, но  Господ е долготрпелив. Тој го прекинува човековиот живот дури кога ќе види дека овој е подготвен за преминување во вечноста или кога не гледа никаква надеж за негово поправање.
Ако ги  прифаќаш луѓето заради Бога, верувај дека сите ќе бидат добри кон тебе.
За човек да се поправи, не треба одеднаш да запне со сета сила, туку да се постави исто како оние што влечат бродови: повлечи, затегни, олабави, внимавај; не нагло, одеднаш, туку полека и постепено.
Досадата е внука на унинието и ќерка на мрзливоста. За да ја изгониш, потруди се околу некоја работа и биди ревносен за време на молитвата; тогаш и досадата ќе замине и ќе се разгориш од ревност. А, ако кон ова додадеш трпение и смирение, ќе се избавиш себеси од многу зла.
... Одреди се себе за правило, ниту  на твојата мајка, ниту на твојата сестра да не им кажеш ништо кога некоја нивна неправедна постапка ќе те огорчи. Тргни се настрана и молчи, што и да ти зборува мајка ти; земи го Евангелието и читај, макар и ништо не можејќи да разбереш во тој момент. Обврзи се дека се` ќе правиш заради Господа и работи онолку колку што тоа го допуштаат твоите сили. Се возмутуваш, меѓутоа, најмногу поради тоа што работиш преку своите можности: многу работи превземаш врз себе и не можеш да излезеш  на крај. Имаш малку сили, а сакаш многу да правиш и затоа  и чувствуваш немир и неспокој затоа што, божем, луѓето не ги ценат твоите напори и жртви. Дејствувај според своите моќи заради Господа, и немој да се огорчуваш ако тоа луѓето не го уважуваат. Секогаш имај на ум дека не си се трудел заради нив, туку заради Бога, и од Него и очекувај ја својата награда, а не од луѓето.
Можеби некој ќе рече: зарем е можно повеќе да не смее и да не може да се разговара за ништо од животот, за секојдневното, туку само за спасението на душата?  За се`  може да се говори, но со свест и благодарно опоменување дека Господ по Својата добрина и милосрдие ја создал целата вселена заради човекот: земјата ја создал заради неговото привремено престојување на неа и воедно заради испитување на човековата волја да види кон што се стреми, кон добро или кон зло: а небото Бог го создал в заради вечно благување на достојните, на они на кои се противат на словото Божјо и на оние кои се покајале. Само оние кои се непослушни на Словото Божјо и непокајаните и грешници одат во вечниот оган, кој не е подготвен за луѓето, туку за ѓаволот и неговите ангели; а луѓето, пак, како да одат таму доброволно. Исто така, ако погледнеме на сонцето, должни сме со благодарност да се сеќаваме дека и тоа е создадено заради човекот, за да ја осветлува и загрева земјата на која што живееме. Гледаме ли како паѓа дожд, треба  да помислиме дека тој благотворно  дејствува на нивите посеани со житарици и на другите посеви кои ни служат за храна. Додека јадеме и пиеме, наш долг е со благодарност да помислуваме како во сегашниот, привремен живот без тоа не би можеле ни да постоиме.
Да се разговара за време на богослужбата и со погледот да се вртиме на сите страни не само што е недостојно, туку таквото невнимание и отсуство на секаков страв уште и го гневи Господа. Ако не сме способни душевно, мораме, макар телесно и видливо да се однесуваме пристојно. Телесното и видливо добро држање може да не` доведе до добро устројство на внатрешните помисли. Како што Господ најнапред од земја го создаде човечкото тело, за дури подоцна во него да вдахне душа, така и надворешното поучување и видливата пристојност му претходат на доброто устројство на душата; се` почнува од пазењето на очите и ушите и особено од воздржување на јазикот зашто Господ во Евангелието вели:„ По твоите усни ти судам”, односно: ние честопати не внимаваме и го зборуваме она поради што и најмногу и пред се` ќе ни се суди. Навистина е лесно и едноставно многу да се зборува, но многу е тешко да се принесе покајание за тоа.
            Третото твое прашање е како да го достигнеш внатрешното христијанско совршенство, зашто твојата грижа за тоа останува без успех. Ако сакаш ова твое дело да биде успешно, најнапред е потребно да го исполниш следниот услов: да ги препуштиш  сите луѓе со нивните дела на промислата и судот Божји и на нивната сопствена волја: нека прават како знаат, како сакаат и како умеат. Светиот  апостол Павле пишува дека секој се раководи од својата мисла – еден вака, друг онака – односно: еден расудува на еден начин, друг поинаку и секој да дејствува според својата намера. А, единствено Судијата на живите и мртвите, знаејќи ги намерите на секого, секому ќе плати не по дела, туку по намерата којашто ја имал.Втор услов е да се погрижиш за смирено и искрено покајание, и да не се каеш онака површно како што сме навикнале во светот, водени од лажен  срам и самољубие. Туѓите гревови и недостатоци ги набљудуваме многу внимателно, а на своите душевни немоќи и согрешенија гледаме како низ затемнето стакло. За да се научиме на смирено и искрено покајание треба внимателно да ги читаме, покрај другите светоотечки книги, и  делата на Свети Ефрем Сирин, каде што ќе видиме дека најнапред е неопходно да ја отфрлиме „ ревноста не по разум”,  која Свети Исаак Сирин ја нарекува неразумна и која под разни изговори нанесува најголема штета во духовниот живот.
... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење  со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно  и несомнено поучни и спасоносни.
Немојте да прибегнувате кон читање само за да се ориентирате во мислењата и сфаќањата, туку за и во самиот живот да се раководите од прочитаното, за да знаете како во која пригода е потребно да постапите совршено христијански, согласно со православното учење, и да умеете така и да постапите.
...  Во писмото, кое ми го упати преку отец Исаија, изрази желба да добиеш од мене неколку редови испишани со мојата рака, нарекувајќи се моја духовна ќерка. Ако е навистина така, послушај што ќе ти каже твојот духовен отец. Ако сакаш во животот да бидеш среќна, труди се да живееш според заповедите Божји, а не по човечки обичаи. Господ ни говори преку пророк Исаиј:„Ако ме послушаш Мене (што значи со исполнување на Божјите заповеди), ќе ги наследите земните добра”. Основната заповед е во ветувањето:„Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата“. Неприличните испади или изливи на гнев пред родителите немаат оправдување во ниту еден случај. Меѓу луѓето живее мудрата изрека:„Не може јајцето да ја учи кокошката“. Младите луѓе најнапред треба себеси да се учат и да се вразумуваат преку чувањето на очите, зауздувањето на јазикот и воопшто со пристојно и скромно однесување и оштење  со другите луѓе, отфрлајќи ги од себе дури и помислите кои се противни на Бога и законот, зашто луѓето гледаат само на лице, додека Бог погледнува на срцето, и од  Него зависи нашиот удел како во сегашниот, така и во идниот век. Никому не суди и никого не осудувај, за и самата да ја избегнеш осудата од Бога. И најпосле, опоменувај се и никогаш не ги заборавај страшните зборови што Господ ги изрече:„Ако некој се посрами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Јас ќе се посрамам од него кога ќе дојдам во славата на Мојот Отец со светите ангели”.
Безмолвието (тихувањето), кое е наведено меѓу седумте добродетели кај Свети Петар Дамаскин во „Добротољубието” и она што е кажано во 254-от одговор на Варсануфиј Велики – дека не треба слободно да општиме со другите – за вас. кои живеете во светот и кои сте семејни луѓе, има подеднакво значење и важност. Тихувањето се нарекува и отсуство на грижливост, односно тоа значи да не се грижиме за било што по човечки сметки и мерила, туку во се` што се однесува на нас и нашето семејство да се потприме на промислата Божја, вршејќи го само она за што сме способни по своите моќи. Слободното општење во словенскиот превод се нарекува немање одважност, што значи: да не се мешаме во туѓи работи, да ги избегнуваме познанствата и врските кои не ни се од корист, да се отстрануваме од неприлични зборови и осудувања, да говориме кратко и по потреба и  да одговараме  само кога другите ќе не` запрашаат. Но, ќе кажам дека ова е тешко остварливо не само за вас, туку и за нас. Од таа причина и нашиот блажен старец (отец Макариј) и самиот се држеше на патот на самоукорувањето и познанието на своите немоќи, а и другите ги поучуваше на тоа, затоа што без смирение, и оние кои во се` добро постапуваат нема да се оправдаат.
           Ми пишувате дека во светот и во семејното окружување е многу тешко да се оддалечите од земното. Навистина, тоа е многу тешко. Но, евангелските заповеди им се дадени на луѓето кои живеат во светот, зашто во тоа време немало ниту монаси, ниту манастири. Сите христијани треба да се опоменуваат со зборовите Господови:„ Во светот ќе имате жалост”., како и она што е речено во Делата Апостолски:„Преку многу маки ќе влеземе во Царството Небесно“. Не е одредено какви се тие маки, туку е кажано воопштено: преку многу, зашто секој човек има свои маки и страдања, во зависност од неговата надворешна положба, внатрешно устројство и душевни немоќи. Согласно со тоа,  еден мора да трпи страдања од еден вид, друг – страдања од друг вид. Но, на сите Господ да им даде едно општо правило„Со трпение спасувајте си ги душите” и „Кој истрпи до крај, ќе биде спасен“.
Ме прашуваш како  да живеете за да си ги спасите душите. Што почесто читајте ги петтата и шестата, и седмата глава од Евангелието по Матеј и настојувајте да ги исполнувате заповедите Божји и да живеете свето, оттргнувајќи се од секој грев, а за претходните гревови кајте се пред Бога и исповедајте се пред духовниот отец.

 

 

 

Превод: Братството на Манастирот „Св. Гаврил Лесновски”

За ПреминПортал подготви: С. Тежак

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная