
Знаеш ли, чедо мое, зошто облаците се затвораат кога полињата се жедни и се отвораат кога дождот не е потребен?
- Затоа што природата беше збунета од човечкиот злостор и се откажа од својот ред.
Знаеш ли, чедо мое, зошто полињата раѓаат обилен плод напролет, а налето раѓаат неплодна жетва?
- Затоа што дури и ќерките човечки го мразат плодот на своите утроби и го убиваат кога цвета...
Знаеш ли, чедо мое, зошто изворите пресушуваат и плодовите на земјата повеќе ја немаат својата поранешна сладост?
- Поради човечкиот грев, преку кој слабоста навлегла во целата природа.
Знаеш ли, чедо мое, зошто победничкиот народ трпи порази од своите несогласувања и караници и јаде леб горчлив од солзи и злоба?
- Зошто ги победија крволочните непријатели околу себе, но не ги победија непријателите во нив…
Знаеш ли, чедо мое, зошто мајката ги храни своите деца и не може да ги насити?
- Зошто, кога ги дои, не им пее песна на љубовта, туку песна на омразата кон својот ближен.
Знаеш ли, чедо мое, зошто луѓето станаа грди и ја изгубија убавината на своите предци?
- Зошто го напуштија лицето Божјо, Кој ја создава убавината на лицето преку душата, и ја ставија маската на земјата.
Знаеш ли, чедо мое, зошто болестите и ужасните смртоносни епидемии се зголемија?
- Затоа што луѓето почнаа да веруваат дека здравјето е грабнување од природата, а не дар од Бога. И што и да грабнеш со труд, мора да го браниш со двојно поголем труд.
Знаеш ли, чедо мое, зошто луѓето се борат за земјата и не се срамат да бидат еднакви со кртовите?
- Затоа што земјата никнала во нивните срца и очите гледаат само она што расте во срцето. И поради оваа причина, чедо мое, затоа што гревот ги направил немоќни во борбата за небото.
Не плачи, чедо мое, наскоро Господ ќе дојде и ќе среди сè.
Свети Николај Велимировиќ
фбПравославни Духовни поуки од Светите
20.05.2026


























