Смирението
- Засакај го смирението и тоа ќе ги покрие сите твои гревови.
- Биди смирен во сите денови од твојот живот.
- Оној кој е послаб од тебе во добри дела, сметај го за рамен со тебе, а оној кој ти е рамен на тебе, сметај го за совршен.
- Немој да му завидуваш на оној кој напредува, туку сите луѓе сметај ги за подобри од себе, за да биде Бог со тебе.
- Немој да се дружиш со горделивите, туку со смирените.
- Немој да се радуваш и немој да се насладуваш ако почнат да те фалат за твоите добри дела. Скривај ги своите добри дела колку повеќе што можеш.
- Навикни се да говориш: "Прости ми", па смирението ќе се всели во тебе.
- Знај дека смирението не е ништо друго туку да ги сметаш сите луѓе подобри од тебе. Цврсто во својот ум држи ја мислата дека си крив за многу гревови. Главата нека ти е спуштена, а јазикот нека ти е подготвен да каже: "Прости". Нека постојан предмет на размислување ти биде смртта.
- Пред се', не се сметај за важен. Тоа во тебе ќе роди смирение. Од смирението ќе се роди разум (искуство и добри мисли), а од разумот - вера. Верата ќе роди надеж, надежта - љубов, а љубовта ќе роди уште поголема љубов, големата љубов ќе роди непроменлива постојаност - цврстина во доброто.
† Свети Антониј Велики