логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Нашето спасение може да се спореди со семето. Како што земјоделците најпрво ја обработуваат (украсуваат) земјата со плугот, па потоа сеат семе, така и ние би требало најпрво да се украсиме и подготвиме за примањето на небесното семе, односно зборовите на духовното учење. Ние не сме мртва и бесчуствителна земја што други ќе ја обработат и подготват да го прими семето, туку сме жива земја, продуховена, совесна. Затоа би требало самите да се подготвиме преку покајанието.

Исповедта на гревовите е почеток на украсувањето, односно покајнието и подготовката, што покажува дека човекот го примил во себе спасоносното семе, односно Божјите зборови што имаат сила да ги спасат нашите души. Затоа земјоделците и ја ораат земјата, за од нејзината внатрешност да ги искорнат дивите корења и да ја оспособат да ги прими нивните семиња и билки. Тоа истото го прави и исповедта во текот на словесното (духовно) орање на срцето: таа од него ги ископува и исфрла лошите и тајни страсти и го подготвува за примање на светите семиња, за украсување (обработување) и донесување на плодовите на добродетелите. И како што земјата после Адамовиот пад стана родилка на плевел, трње и останатите бескорисни треви, така и човековото срце стана родител на срамните и лоши страсти и помисли, како и гревовите кои оттаму потекнуваат.

Затоа, потребно е секој од вас да има духовен отец, со вера (доверба) да му пристапи, смирено да застане пред него и да му ги открие лошите страсти на своето срце. Кога примате духовно исцеление, од душата со корења ќе ги исфрлите плевелот и трењето на гревот, што секој од вас ги одгледувал во себе заради острастениот и сластољубив живот. Така на своите уши ќе им дозволите да ги слушаат духовните поуки и ќе се покорите на она што ние го проповедаме и предлагаме заради заедничка полза, а со посредство на простувањето и благословите што ги даваме ќе се смирите со Оној Кој, заради незамисливото море на Своето човекољубие, слезе на земјата, положувајќи ги во срцата на оние кои Му се послушни зборовите на животот и спасоносното семе. Затоа, никој од вас нека не се откажува од овој почеток на покајнието, зашто како подоцна ќе пристапите и напредувате кон подобро, ако не го примите почетокот на добродетелите?“

- Свети Григориј Палама

 

Избор од фб профил на

Maja Beleva

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2625
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2424
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…