Умната ревност, инспирирана од љубовта кон Бога и ближните, сè што прави прави со љубов и снисходење; човекот со ваква ревност не му нанесува болка на ближниот; таквата ревност е просветлена од знаење и не го тера човека да застранува од тоа што е морално исправно.
Христијанинот што е понесен од неразумна ревност, пак, е погубен човек кој го извртува Евангелието на благодатта и љубовта. Неговата ревност е похотен оган што пали сè околу него. Од него извира погибел, и сè завршува со пустош. Тој Го преколнува Бога да испрати оган од небесата и да ги изгори сите оние што не ги прифаќаат неговите принципи и убедувања. Таквиот човек е исполнет со омраза кон другите религии, со завист и вечен гнев, насилен отпор кон вистинскиот дух на Божествениот Закон, неразумна тврдоглавост во бранењето на своите ставови, острастен жар за победа во секоја борба, славољубие, кавгаџиство, расправии и љубов кон правење смут.
Свети Нектариј Егински
Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sv-nektarij-eginski-pobozhna-i-nepobozhna-revnost/ .