логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 justin-header

Светото Писмо донекаде е биографија на Бога во светот. Во него Неопишливиот донекаде се опишал Себеси. Светото Писмо на Новиот Завет е биографија на овоплотениот Бог во овој свет. Во него е опишано како Бог, за да им се покаже на луѓето Себеси, го испратил Бог Логосот (Словото), Кој се вооплотил и постанал човек и како човек им покажал сè што има Бог, сè што Бог сака со овој свет и со луѓето во него. Бог Словото го открил планот Божји за светот и Божја љубов кон светот. Бог Словото им го покажал Бога на луѓето со помош на зборовите, ако човековите зборови можат да го опфатат недофатливиот Бог. Сè што му е потребно на овој свет, и на луѓето во него Господ кажал во Светото Писмо. На сите прашања Он во него дал одговор. Нема прашање, кое може да ја мачи човечката душа, а за него во Светото Писмо да не е даден или посреден или непосреден одговор. Луѓето не можат да измислат повеќе прашања, од колку што има одговори во Светото Писмо. Неможеш ли да најдеш одговор во Светото Писмо на некое свое прашање, значи дека си поставил безмислено прашање, или не си умеел да го читаш Светото Писмо и од него да извлечеш одговор.

Во Светото Писмо се наоѓа биографијата на секој човек, секој без исклучок. Во него секој од нас може да се пронајде детално себеси, подобно опишан и прикажан: сите свои доблести и мани, кои ги имаш и можеш да ги имаш и немаш, ќе најдеш патишта, кои ги има твојата и сечија душа, кои одат од гревот кон безгрешноста и сиот пат од човекот до Бога и од човекот до ѓаволот. Ќе најдеш начини како да се ослободиш од гревот, ќе најдеш, со еден збор, сета историја на гревот и грешноста, и сета историја на правдата и праведниците. Во него ќе најдеш лек за сите свои пороци и мани и храна за сите свои доблести и подвизи.

Што повеќе човекот го чита и изучува Светото Писмо, сè повеќе и повеќе наоѓа причини што подолго и непрекинато да го проучува. Тоа е, според зборовите на светиот Златоуст како мирислив корен, кој колку повеќе расти – сè повеќе мириса.

А, како да го читаме Светото Писмо ?

Молитвено, со стравопочит, бидејќи во секој збор има по капка вечна вистина, а сите зборови го сочинуваат безграничниот океан на Вечната Вистина. Светото Писмо не е книга, туку живот, бидејќи нејзините зборови се дух и живот (сп. Јован 6, 63), затоа можат да се разберат ако нив ги направиме со духот – свој дух, и со животот – живот свој. Тоа е книга, која се чита со животот – практикување. Прво се доживува, па разбира. Тука важи онои Спасителски зборови: Кој сака да прави[1], ќе разбере дека оваа наука е од Бога (сп. Јован 7, 17). Извршува, за да разбере. Тоа е основното правило на православната егзегеза. Во почетокот обично човекот брзо го чита Светото Писмо, па потоа сè побавно, додека најпосле не би почнал збор по збор, бидејќи во секој збор ја открива бескрајната вистина и неизкажливата тајна. Секој ден прочитувај најмалку по една глава од Стариот и од Новиот Завет, но споредно со тоа практикувај по една доблест. Практикувај додека не ти стане навика … Главно е: читај го Светото Писмо што повеќе. Она што разумот не го чуствува, срцето ќе го почуствува; не разбира ли ни разумот, ниту срцето, ти сепак читај, бидејќи читајќи ги сееш зборовите Божји под своите уши, а тие таму нема да пропаднат, туку постепено и незабележително ќе преминат во природата на твојата душа, и за тебе ќе биде компактна Спасителовата парабола за човекот, кој сее семе на земјата, и спие и станува ноќе и дење, и семето никнува и расте, без тој да знае (Марко 4, 26 – 29). Главно е: сеј, а Бог е Оној, Кој дава и прави посеаното да израсне (1Кор. 3, 6). Само не брзај со успехот, за да не би испаднал сличен на човекот, кој денес сее, а утре веќе сака да жнее.

На Страшниот Суд ќе им се суди на оние, кои не ги слушале зборовите Божји и потешко ќе им биде на Судниот ден, отколку на Содом и Гомор (Матеј 10, 14 – 25). Пази на Страшниот Суд ќе се бара од тебе да дадеш сметка, за тоа што си направил со зборовите Божји, дали си ги слушал и прифатил, дали на нив си се радувал или страмел. Ако си се страмел, и Господ ќе се устрами од тебе кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели (Марко 8, 38). Малку се човековите зборови, кои не се пусти и празни, затоа се малку оние, поради кои нема да бидеме осудени (Матеј 12, 36).  За тоа да го избегнеме, треба да ги учиме и научиме зборовите Божји од Светото Писмо, да ги направиме свои, бидејќи Бог и затоа ги соопштил на луѓето, за да тие ги примиле, а преку нив и самата Вистина Божја.

Во секоја Спасителска парабола има повеќе вечност и непролазност отколку во целото небо и целата земја со целокупната нивна историја. Затоа Он рекол: Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат (Матеј 24, 35). Тоа значи: во Спасителските зборови е Бог и сè Божјо, затоа и неможат да преминат. Ако ги прими човекот, тој станува непролазен наспроти небото и земјата, бидејќи во нив има сила, која го обесмртува човекот и го прави вечен. Изучувањето на зборовите Божји, и исполнувањето, го прави човекот заедничар (роднина) со Господа Исуса Христа. Тоа Он сам го објавил кога рекол: Моја мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат (Лука 8, 21). Тоа значи: слушаш ли, ги читаш ли зборовите Божји – половина си брат Христов; ги извршуваш ли – ти си потполн брат Христов. А тоа е радост и привилегија поголема од ангелската. Изучувајќи го Светото Писмо, под ушите се излива некое блаженство, кое не личи воопшто на ништо земно. За тоа Спасителот говорел кога рекол: Блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат (Лука 11, 28).

Во сево ова, главно е, најглавна е – верата и чуството за љубов кон Господа Исуса, бидејќи под топлината на тоа чуство се отвора тајната на сите зборови Божји, како што под топлотните сончеви зраци се отвора круната на миризливото цвеќе.

Амин.

Преподобен отец Јустин Ќелијски (Поповиќ)

 

Дел од предавањето одржано на братскиот состанок

на Богословското богомолитвено братство Свети Сава,

во Сремски Карловци – 22. 12. 1929 година;

 

Во него Неопишливиот донекаде се опишал Себеси. Светото Писмо на Новиот Завет е биографија на овоплотениот Бог во овој свет. Во него е опишано како Бог, за да им се покаже на луѓето Себеси, го испратил Бог Логосот (Словото), Кој се вооплотил и постанал човек и како човек им покажал сè што има Бог, сè што Бог сака со овој свет и со луѓето во него. Бог Словото го открил планот Божји за светот и Божја љубов кон светот. Бог Словото им го покажал Бога на луѓето со помош на зборовите, ако човековите зборови можат да го опфатат недофатливиот Бог. Сè што му е потребно на овој свет, и на луѓето во него Господ кажал во Светото Писмо. На сите прашања Он во него дал одговор. Нема прашање, кое може да ја мачи човечката душа, а за него во Светото Писмо да не е даден или посреден или непосреден одговор. Луѓето не можат да измислат повеќе прашања, од колку што има одговори во Светото Писмо. Неможеш ли да најдеш одговор во Светото Писмо на некое свое прашање, значи дека си поставил безмислено прашање, или не си умеел да го читаш Светото Писмо и од него да извлечеш одговор.

Во Светото Писмо се наоѓа биографијата на секој човек, секој без исклучок. Во него секој од нас може да се пронајде детално себеси, подобно опишан и прикажан: сите свои доблести и мани, кои ги имаш и можеш да ги имаш и немаш, ќе најдеш патишта, кои ги има твојата и сечија душа, кои одат од гревот кон безгрешноста и сиот пат од човекот до Бога и од човекот до ѓаволот. Ќе најдеш начини како да се ослободиш од гревот, ќе најдеш, со еден збор, сета историја на гревот и грешноста, и сета историја на правдата и праведниците. Во него ќе најдеш лек за сите свои пороци и мани и храна за сите свои доблести и подвизи.

Што повеќе човекот го чита и изучува Светото Писмо, сè повеќе и повеќе наоѓа причини што подолго и непрекинато да го проучува. Тоа е, според зборовите на светиот Златоуст како мирислив корен, кој колку повеќе расти – сè повеќе мириса.

А, како да го читаме Светото Писмо ?

Молитвено, со стравопочит, бидејќи во секој збор има по капка вечна вистина, а сите зборови го сочинуваат безграничниот океан на Вечната Вистина. Светото Писмо не е книга, туку живот, бидејќи нејзините зборови се дух и живот (сп. Јован 6, 63), затоа можат да се разберат ако нив ги направиме со духот – свој дух, и со животот – живот свој. Тоа е книга, која се чита со животот – практикување. Прво се доживува, па разбира. Тука важи онои Спасителски зборови: Кој сака да прави[1], ќе разбере дека оваа наука е од Бога (сп. Јован 7, 17). Извршува, за да разбере. Тоа е основното правило на православната егзегеза. Во почетокот обично човекот брзо го чита Светото Писмо, па потоа сè побавно, додека најпосле не би почнал збор по збор, бидејќи во секој збор ја открива бескрајната вистина и неизкажливата тајна. Секој ден прочитувај најмалку по една глава од Стариот и од Новиот Завет, но споредно со тоа практикувај по една доблест. Практикувај додека не ти стане навика … Главно е: читај го Светото Писмо што повеќе. Она што разумот не го чуствува, срцето ќе го почуствува; не разбира ли ни разумот, ниту срцето, ти сепак читај, бидејќи читајќи ги сееш зборовите Божји под своите уши, а тие таму нема да пропаднат, туку постепено и незабележително ќе преминат во природата на твојата душа, и за тебе ќе биде компактна Спасителовата парабола за човекот, кој сее семе на земјата, и спие и станува ноќе и дење, и семето никнува и расте, без тој да знае (Марко 4, 26 – 29). Главно е: сеј, а Бог е Оној, Кој дава и прави посеаното да израсне (1Кор. 3, 6). Само не брзај со успехот, за да не би испаднал сличен на човекот, кој денес сее, а утре веќе сака да жнее.

На Страшниот Суд ќе им се суди на оние, кои не ги слушале зборовите Божји и потешко ќе им биде на Судниот ден, отколку на Содом и Гомор (Матеј 10, 14 – 25). Пази на Страшниот Суд ќе се бара од тебе да дадеш сметка, за тоа што си направил со зборовите Божји, дали си ги слушал и прифатил, дали на нив си се радувал или страмел. Ако си се страмел, и Господ ќе се устрами од тебе кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели (Марко 8, 38). Малку се човековите зборови, кои не се пусти и празни, затоа се малку оние, поради кои нема да бидеме осудени (Матеј 12, 36).  За тоа да го избегнеме, треба да ги учиме и научиме зборовите Божји од Светото Писмо, да ги направиме свои, бидејќи Бог и затоа ги соопштил на луѓето, за да тие ги примиле, а преку нив и самата Вистина Божја.

Во секоја Спасителска парабола има повеќе вечност и непролазност отколку во целото небо и целата земја со целокупната нивна историја. Затоа Он рекол: Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат (Матеј 24, 35). Тоа значи: во Спасителските зборови е Бог и сè Божјо, затоа и неможат да преминат. Ако ги прими човекот, тој станува непролазен наспроти небото и земјата, бидејќи во нив има сила, која го обесмртува човекот и го прави вечен. Изучувањето на зборовите Божји, и исполнувањето, го прави човекот заедничар (роднина) со Господа Исуса Христа. Тоа Он сам го објавил кога рекол: Моја мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат (Лука 8, 21). Тоа значи: слушаш ли, ги читаш ли зборовите Божји – половина си брат Христов; ги извршуваш ли – ти си потполн брат Христов. А тоа е радост и привилегија поголема од ангелската. Изучувајќи го Светото Писмо, под ушите се излива некое блаженство, кое не личи воопшто на ништо земно. За тоа Спасителот говорел кога рекол: Блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат (Лука 11, 28).

Во сево ова, главно е, најглавна е – верата и чуството за љубов кон Господа Исуса, бидејќи под топлината на тоа чуство се отвора тајната на сите зборови Божји, како што под топлотните сончеви зраци се отвора круната на миризливото цвеќе.

Амин.

 

Преподобен отец Јустин Ќелијски (Поповиќ)

 

Дел од предавањето одржано на братскиот состанок

на Богословското богомолитвено братство Свети Сава,

во Сремски Карловци – 22. 12. 1929 година;

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная